C
Cool Hand Luke
Гостин
На пример Жилијат од книгата Морепловци на Виктор Иго, Мартин Идн од истоимената книга на Џек Лондон и уште некои ако знаете. Ана Карењина не сум ја читал, да не ми беше лектира сигурно ќе ја прочитав Втората е поавтобиографска од првата иако Лондон не извршил самоубиство. Какви се вашите мислења за овие извонредно добри и благородни ликови кои на крај разочарани од се се самоубиваат, што сакале писателите да кажат? Дека самоубиството е предрасуда која треба да се разбие кога човек ќе го достигне максимумот на својата еволуција и треба да ја напушти „градинката’’, или дека на самоубиствата треба симболички да се гледа, во смисол вистинскиот живот престанува кога човек ќе се разочара во луѓето, во љубовта, па останатото е рутинска работа? Дека овој свет ги губи најдобрите луѓе... Може и немале намера ништо посебно да кажат, едноставно пишувале по инстинкт па оставиле читателите сами да извадат свои заклучоци. Ме интересираат вашите мислења, најозбилно.