Самоубијци од книги

  • Креатор на темата Cool Hand Luke
  • Време на започнување
C

Cool Hand Luke

Гостин
На пример Жилијат од книгата Морепловци на Виктор Иго, Мартин Идн од истоимената книга на Џек Лондон и уште некои ако знаете. Ана Карењина не сум ја читал, да не ми беше лектира сигурно ќе ја прочитав :) Втората е поавтобиографска од првата иако Лондон не извршил самоубиство. Какви се вашите мислења за овие извонредно добри и благородни ликови кои на крај разочарани од се се самоубиваат, што сакале писателите да кажат? Дека самоубиството е предрасуда која треба да се разбие кога човек ќе го достигне максимумот на својата еволуција и треба да ја напушти „градинката’’, или дека на самоубиствата треба симболички да се гледа, во смисол вистинскиот живот престанува кога човек ќе се разочара во луѓето, во љубовта, па останатото е рутинска работа? Дека овој свет ги губи најдобрите луѓе... Може и немале намера ништо посебно да кажат, едноставно пишувале по инстинкт па оставиле читателите сами да извадат свои заклучоци. Ме интересираат вашите мислења, најозбилно. :)
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Убиства, самоубиства... Кротката на Достоевски, Иван Илич од Толстој, романтичарот Вертер од Гете, Човекот во футрола од расказите на Чехов...
Обично тоа излегува како физички чин, ти како што викаш, 'рутинска работа' откако веќе е внатрешно, духовно мртов ликот. На пример... за човекот во футрола, испаѓа дека ковчегот е баш онаа футрола што цел живот ја барал, Иван Илич никогаш не знаел вистински да живее, така што после цел живот вегетирање, умира и физички, за Вертер смртта излезе дека е всушност и единствениот спас...
Во секој случај, темава е за смислата на самоубиството на благороден лик...Штознам, доказ дека тој лик не припаѓал во тоа општество, во тоа време, со тие луѓе, и можеби смртта му е единствениот спас? Или пак акт на кукавчлук, откажување на крај? Зависи. :helou:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Последните зборови од книгата Мартин Идн беа „...тогаш настана мрак и тој престана да знае“.
Самоубиството во книгите е бегање. Дали од разочараност, од малодушност, од недораснатост... Кај кој како. Ама е бегање.
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Убиства, самоубиства... Кротката на Достоевски, Иван Илич од Толстој, романтичарот Вертер од Гете, Човекот во футрола од расказите на Чехов...
Обично тоа излегува како физички чин, ти како што викаш, 'рутинска работа' откако веќе е внатрешно, духовно мртов ликот. На пример... за човекот во футрола, испаѓа дека ковчегот е баш онаа футрола што цел живот ја барал, Иван Илич никогаш не знаел вистински да живее, така што после цел живот вегетирање, умира и физички, за Вертер смртта излезе дека е всушност и единствениот спас...
Во секој случај, темава е за смислата на самоубиството на благороден лик...Штознам, доказ дека тој лик не припаѓал во тоа општество, во тоа време, со тие луѓе, и можеби смртта му е единствениот спас? Или пак акт на кукавчлук, откажување на крај? Зависи. :helou:
Не мора да е темата само за благородни ликови, добредојдени се и други примери, туку јас само овие сум ги читал од самоубијците, плус Доријан Греј кој баш не е пример за добар човек. :) Убави се овие примери што ги наброја, може ќе побарам нешто ама не во електронски формат. Некој ми рече дека тие примери ги сфаќа како пораки од писателите - што да направиш за да не дојде до тоа, што е на место, иако и понатаму останува отворено прашањето како да се реши проблемот со недостаток на волја за живот, доколку е тоа воопшто проблем. Овие храбриве примери на Жилијат и Мартин велат дека зад таа слаба волја се крие човек кој јасно видел како стојат работите и всушност самоубиството открива вистинска желба за вистински живот. „Волја за живот и борба за живот по секоја цена - брборење на некој глупак кој цел живот не погледнал подалеку од носот’’ - си вели Мартин Идн пред да се удави. Инаку, и мене искрено ме разочараа самоубиствата на главните јунаци. Очекував да останат да живеат макар и сами цел живот, но изгледа многу себично од мене. :)
:helou:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Доријан Греј не беше свесен дека ќе умре ако ја „убие сликата“. Така што тој не е стандарден самоубиец како останативе. Тој решава да го убие „дотогашниот му живот“ и да почне од ново, ама по пат не сфаќа дека не може да го направи тоа. Иначе, тој е можеби најчистиот „почетен лик“ кој се сретнува во една книга кој од надворешни влијанија (лорд Хенри пред се) ја губи целата невиност и убавина кои го правеа толку посебен.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Cool Hand Luke напиша:
Какви се вашите мислења за овие извонредно добри и благородни ликови кои на крај разочарани од се се самоубиваат, што сакале писателите да кажат?
Секогаш е индивидуално нормално, различни поенти, различна причина за самоубиство/убиство. Често пати, самоубиството, во пишана форма претставува чин на иницијација, односно преминување од една свесна состојба во друга, радикална промена. Тоа е метафора за почнување нов живот, како што и сам спомна. :smir:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Доријан Греј не беше свесен дека ќе умре ако ја „убие сликата“. Така што тој не е стандарден самоубиец како останативе. Тој решава да го убие „дотогашниот му живот“ и да почне од ново, ама по пат не сфаќа дека не може да го направи тоа. Иначе, тој е можеби најчистиот „почетен лик“ кој се сретнува во една книга кој од надворешни влијанија (лорд Хенри пред се) ја губи целата невиност и убавина кои го правеа толку посебен.
Така ли беше? Сум заборавил, знам дека Доријан го зема ножот со кој претходно го убил својот пријател, сликарот на таа слика, и следна секвенца е доаѓањето на неговите слуги кои го наоѓаат мртов, цел во лузни и рани а сликата убава како нова. Да, он не можел да се смени иако пробал да биде добар но тогаш сликата станала уште погрозна, како ѓавол кој се радува на нешто добро што направил чисто ради реда. :) Језива книга е таа, ја читав во НУБ, после осеќав некоја језа околу мене кога излегов.

Секогаш е индивидуално нормално, различни поенти, различна причина за самоубиство/убиство. Често пати, самоубиството, во пишана форма претставува чин на иницијација, односно преминување од една свесна состојба во друга, радикална промена. Тоа е метафора за почнување нов живот, како што и сам спомна. :smir:
Во ред за метафората само ме интересираше буквално :) Потврден одговор -да дури и да постои тешко да го добијам од здрав човек, така ми изгледаат работите. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom