Еве ти дефинициите за оружје, па избери сам што ќе конструираш
Оружје, во смисла на овој закон, се смета секој предмет направен
под притисок на експлозивни материи, гас или компримиран воздух или
на друг погон да исфрла зрно, кугла, сачма или друг проектил, гас,
течност или друга супстанција, што може да предизвика опасност по
животот или здравјето на луѓето, како и други предмети, чија основна
намена е вршење напад, лов и спортско стрелаштво.
(2)Оружје согласно со ставот 1 на овој член се смета:
1) огнено оружје;
2) пневматско оружје;
3) гасно оружје;
4) експлозивно оружје;
5) оружје со тетива;
6) ладно оружје;
7) оружје за индустриски цели и
8) електрични направи.
(3)За оружје се смета и муниција и делови на оружје, ако со овој закон
поинаку не е определено.
(4)За оружје, во смисла на овој закон, не се смета:
1) декоративно оружје;
2) имитација на оружје и
3) оружје што е трајно онеспособено за употреба.
1
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
Член З
(1)Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново
значење:
"Огнено оружје" се сите видови пушки, пиштоли и револвери, како и
други направи кои под притисок на барутни гасови низ цевката
исфрлаат зрно, кугла, сачма или друг проектил;
"Кусо огнено оружје" е оружје чија цевка е со должина до 30 см или
чија вкупна должина не е поголема од 60 см;
"Долго огнено оружје" е оружје чија цевка е подолга од 30 см или
чија вкупна должина надминува 60 см;
"Автоматско огнено оружје" е оружје кое по секое пукање
автоматски се полни и празни и кај кое со едно притискање на
чкрапецот се исфрлаат повеќе или сите куршуми од магацинот на
оружјето;
"Полуавтоматско огнено оружје" е оружје кое по секое пукање,
автоматски се полни и празни и кое може да исфрли само еден куршум
со едно притискање на чкрапецот;
"Репетирачко огнено оружје" е оружје кое по истрелувањето се
полни и празни рачно, со ставање на куршум во цевката, земен од
магацинот и пренесен со помош на механизам;
"Еднострелно огнено оружје" е оружје без магацин кое пред секое
истрелување се полни рачно со ставање на куршум во комората и во
вдлабнатиот дел предвиден за таа цел на влезот од цевката;
"Пневматско оружје" се сите видови пушки, пиштоли, револвери и
други направи кои под притисок на компримиран воздух или друг
компримиран гас низ цевката исфрлаат зрно, кугла или друг проектил;
"Гасно оружје" се сите видови пиштоли, револвери и други направи
кои под притисок на барутни гасови или сличен гас насочено
распрснуваат или исфрлаат надразлив гас кој има краткотрајно дејство
на здравјето на луѓето;
Како гасно оружје, во смисла на овој закон, не се сметаат направи кои
распрснуваат или исфрлаат надразлив гас кој има краткотрајно дејство
на здравјето на луѓето, а се исклучиво наменети за самоодбрана;
"Оружје за светлосно - звучна сигнализација" се сите видови
пиштоли, револвери и други направи кои под притисок на барутни
гасови насочено распрснуваат или исфрлаат проектили заради
светлосна или звучна сигнализација;
"Експлозивно оружје" се сите видови бомби, мини, гранати и други
направи кои содржат експлозивни материи или запаливи средства, кај кои
поради надворешно или внатрешно дејство (тежина, удар, триење, хемиска
реакција, електрична енергија и слично) се предизвикува ослободување и
создавање на енергија и експлозија.
Како експлозивно оружје, во смисла на овој закон, се сметаат и делови
на експлозивно оружје, запалувач и други предмети, кои се очигледно
подготвени за изработка на експлозивно оружје;
"Оружје со тетива" се лак, самострел и други направи кои под
притисок на затегната тетива исфрлаат стрела или друг проектил;
2
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
"Ладно оружје" се бодежи или ножеви со ротирачко, скриено сечиво
или на склопување, со забец за затворање (закочување), чие сечиво на
притисок на копче или полуга излегува и само се фиксира ("скакулец")
или чие сечиво при активирањето на механизмот за блокирање со
помош на силата на тежината или на движењето излегува од држачот и
сам се фиксира ("патент нож"), ками, мечеви, сабји, бајонети, удирачки
прстени ("боксери"), "ѕвезди" за фрлање, пендреци и други предмети,
чија основна намена е вршење напад или нанесување повреди.
Како ладно оружје, во смисла на овој закон, се сметаат и предмети
подобни за нанесување телесни повреди кога тие се носат на јавни
собири, локали и на слични места;
"Електрични направи" се електрични палки и други предмети, чија
основна намена е вршење напад, онеспособување или нанесување
повреди;
"Оружје за индустриски цели" е оружје наменето за аларм,
сигнализација, спасување, колење животни, риболов со харпун, за
индустриски или технички цели, под услов да може да се користи само
за тие цели;
"Ловечко оружје" е огнено оружје, од Б и Ц категорија, со кое е
дозволен лов согласно со прописите за ловство;
"Спортско оружје" е огнено оружје, од Б и Ц категорија, пневматско
оружје и оружје со тетива кое согласно со посебни прописи се користи
во спортски дисциплини;
"Старинско оружје" е ладно оружје и огнено оружје произведено пред
1898 година и кои имаат историска или уметничка вредност, а кои повеќе
не се во употреба;
"Главни делови од огнено оружје" се сметаат механизам за
затворање (затворач), комора, цилиндер и цевка на сите видови огнено
оружје;
"Посебна опрема за огнено оружје" е секој механизам наменет за
дополнување на можностите за употреба на оружјето, а кој не е
неопходен за негова вообичаена употреба (оптички, инфрацрвен или
ласерски нишан, пригушувач, мерач на далечина "ласерски зрак",
адаптер и слично);
"Декоративно оружје" се предмети кои се направени за декоративна
намена и кои не можат да се употребат во огнено оружје;
"Имитација на оружје" се предмети кои по надворешниот изглед
наликуваат на оружје, но кои не можат да се употребат во огнено
оружје;
"Муниција" се сите видови куршуми, чаури и проектили наменети за
полнење и дејство на оружјето;
"Муниција со зрна што продупчуваат" е муниција наменета за воена
употреба што содржи затворено зрно со тврдо јадро што продупчува;
"Муниција со експлозивни зрна" е муниција наменета за воена
употреба, чие зрно содржи полнило што експлодира во моментот на
ударот;
3
превземено од w w w . p r a v o . o r g . m k
"Муниција со запаливи зрна" е муниција наменета за воена
употреба, чие зрно содржи хемиско соединение кое е запаливо при
допир со воздух или во моментот на ударот;
"Маневарска муниција" е муниција која содржи погонско полнење и
чаура во која нема зрно;
"Муниција за зашеметување и успивање" е муниција наменета за
оружје за индустриски цели и
"Одбележувачка муниција" е муниција што со светлосен сигнал го
означува правецот на муницијата.