СП 2017 - Елиминациска Фаза

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Страшна е оваа Шведска:eek:,каква игра имаат,неверојатно играаткако од друга планета да се,Французите имаа неверојатни 90% реализација до 20та минута,и покрај ова водат Викинзите Страшно нешто.
Која едноставност ја имаат во напад,неверојатно.
Ако има некој сила да се носи со Франција тоа се само овие,ако го преживеат овај дуел одат финале 100%.најверојатно со Норвешка,па ко је јачи?
Французите и покрај добриот напад паднаа на крај,Ник Слотер скина неколку зицери,Порте изиграва Гоце Џомба :)
ТИТИ РЕЗЕРВИРАН
Страшен меч,досега вистинско финале пред финалето,кој и да оди натаму е апсолутно заслужено.
Најверојатно сеа Французите уфрлуваат во повисока брзина,ќе влезе Нарцис(поблиска измена до клупа)уште повеќе исклучувања ќе има,10 мин со играч помалку беа Шведска,уште еден податок кој е значаен.
Ќе се види првите 15 мин како ќе иди,акп успеат да се држат дотогаш ќе имаат огромна шанса,последните минути се држ-не дај секогаш,притисот за Франција е огромен дали ќе одржат мирна глава ќе видиме?
Засеа ЕКСТРА МЕЧ,НАЈДОБАР НА ПРВЕНСТВОТО.:cuc:
 
Каде ја гледате бре? Линкче нешто?
 
Преку кур со пеналиве да ти ебам тоа мртвите петли дај боже да испаднат на крај.
 
И овие судиите секој пенал за Франција го надополнуваат со 2 минути. Очај судењево. :facepalm:
 
Без разлика како ќе заврши натпреварот, Шведска потврдува дека после долги долги години конечно се чини ја најдоа новата генерација со која ќе можат да се вратат на врвот после 10-15 години стагнација и задоволување со пласмани во осминафиналиња и по некое четврфинале. Младите Нилсон, Толбринг и Готфридсон + тукушто влезените во екот на кариерата Екберг, Апелгрен, Нилсон-ите на пикер. Комплетна екипа.

И Шведска и Норвешка се приклучуваат се чини на горниот ешалон екипи, најверојатно на сметка на Хрватска и Шпанија кои објективно за очекување е да почнат во следниве години да паѓаат (немаат толку добри млади играчи веќе, шпанската лига е чорба...).

П.С. Леле какво играчиште ќе биди овој Ремили :eek:. Уште сега е во најдобри 3-4 десни бека во светот...
 
Последно уредено:
И Кентин Мае какво играчиште е, универзалец класичен, лево крило, лев бек, централен бек, алал да му е. (y)
 
Хрвативе саат време пред утакмица почнуваат со емисија, Џомба им е резидент гостин за цело првенство, пуштаат видео анализи, вадат статистики бетер од Премиер лига, Вујовиќ дава изјава дека не би до носел Дувњак на првенствово, овие 10 минути посветуваат на Домагој и му го анализираат цело првенство......:cuc:
 
Лазаров се уште е топ скорер со 50 гола, како правам есапи ? само 2-цата норвежаните можат да го стигнат, имаат дадено по 36 ( +5 и другиот +4) гола а имаат уште 2 утакмици за играње...
ќе биде тесно...
 
Хрватите биле во распад, немало атмосфера во репрезентација, некој играч го пратиле дома, бла бла бла, кур се тресе, па ова прво полувреме не ми изгледа баш на репрезентација во распад
 
Добар ракомет, Марко Мамиќ му ја еба мајката, ги решети од сегде :cuc:
Какви крила имаат имаат и шпанците, секоја чест, Фернандез и Балагуер од натпревар во натпревар се се подобри...

П.С. @Tomasino Хрватска немаше во Катар еден пикер исто Мамиќ шо се презиваше? Тогаш му беше ептен добар тој, ниско набиено, на контри тогаш пепел правеше, сега на пикер останаа само со Контрец и Муса, за во офанзива беше каде каде тој подобар барем од Муса.

Калински каква легенда, 5 минути на гол брани Стевановиќ, овај се запнал Пешиќ та Пешиќ :pos: дури на крај кога му текна дека не брани тој - "извинете драги гледачи тоа е Стевановиќ" :pos:
 
Абе па ние да ја победевме Норвешка, до финале ќе одевме бе. :pos:
Иначе добри Хрвативе, би сакал до финале да одат. Шпанија штом со Бразил се мачеше, ништо од нив нема. :icon_lol:
 
@Пеце
Тој е МаРиќ,Марино Мариќ,пикер на Мелсунген,повреден е,Брозовиќ не го викнас,затоа ги зедоа Контрец и Муса кој на времето само одбрана играше ама ова сезона многу добро игра во Магдебург па го играат и овде по некоја минута во напад.
 
Без разлика како ќе заврши натпреварот, Шведска потврдува дека после долги долги години конечно се чини ја најдоа новата генерација со која ќе можат да се вратат на врвот после 10-15 години стагнација и задоволување со пласмани во осминафиналиња и по некое четврфинале. Младите Нилсон, Толбринг и Готфридсон + тукушто влезените во екот на кариерата Екберг, Апелгрен, Нилсон-ите на пикер. Комплетна екипа.

И Шведска и Норвешка се приклучуваат се чини на горниот ешалон екипи, најверојатно на сметка на Хрватска и Шпанија кои објективно за очекување е да почнат во следниве години да паѓаат (немаат толку добри млади играчи веќе, шпанската лига е чорба...).

П.С. Леле какво играчиште ќе биди овој Ремили :eek:. Уште сега е во најдобри 3-4 десни бека во светот...

Ако мислиш и на коцкестиве дека немаат добри младинци, не би рекол дека Хрватите немаат добри млади играчи, проблемот со нив е што новава гарда им е стаклена и повеќе се повредени него во игра.

Инаку имаат баш на секоја позиција страшни млади и „играчи кои се во најдобрите спортски години“.

За Пешиќ сум пишал многу пати, можеби е најпотценетиот голман моментално, а ретко има слаби утакмици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom