Освен МАМИЌУ УРАГАНОТ се друго горе долу очекувано.
НОРВЕШКА
Лесно се справи со децата на Атила,дури и бетер од нас тие поминаа,иако резултатот не го говори ова,но поразот "од само 3 разлика"е нереален,реално требаше најмалку 7,8 комада да е разликата,а и толку беше до само неколку минути до крај,кога Миклер скина неколку зицери и се разбудија Часар и Бодо,се друго кај гулашите исто како да не играше.
Јунаш крилото му се секое рачињата на кутро дете,додуша овај не бил ни класично лево крило,туку среден бек ама Сабате си игра ташак со позициите,исто и со Анчин кого го играше на десно крило,ефект нула,ги отепа Бергерут,ги сроза в корен

Опасно голманче,добро се поставува,одлично ја користи и висината,долги раце,нозе,смирен,не е ни чудо шо има такви бројки зад себе.
Другото очекувано од Викинзите,неочекувано беше шо Ли Хансен се разбуди од зимски сон,искина другарчето и тој беше џокерот кој ја направи разликата ,после беше лесно да се игра.
И Хуните влегоа на брза игра,шо беше самоубиство,грешеа во напад и им се случи цуами,самиот факт дека имаа напад на помалку од минута до крај на прво за -4 а на крај беше -7 јасно говори шо играа,е па Норвешка не е Данска со одење да игра ракомет,топката со саати да е кај Хансен,ја уби од лигавање,овде брз проток на топка,не стигнуваа ни да се постават како треба киклопите Хунски,камоли да блокираат или направат прекин на игра,ги разнесе машината на Берге,во второ Сабате на крај најде некоја формула во одбрана,пред се истурена зона,поагресивно на втората постава на Норвешка,со Јоханесон и Танген и полесно ги бранеа нападите,Лигетвари на средина беше многу солиден,Часар покажа зошто на времето беше сметан за еден од најјаките средни бекови во Европа,Бодо изненади,за разлика од Џамали и Балог,со само 2 играчи не се добива Норвешка,додуша 3 беа,и Бенче Бахниди пикерот искина,која конституција е овај киклоп,страшно нешто,и Самс го бараше во Вардар уште лани,арно ама кога слушна која пара ќе ја зема во Сегед и колку пари им побара Бенче косата му побеле,е па играчи кои вредат не се евтини.
Како и да е,апсолутно заслужена победа на Норвешка,ќе видиме сеа со Каубоите како ќе се снајдат,лани на ЕП во група ги тепаа,но Хрватите тепаа и за трето место во Полска.потоа на бараж за ОИ Норвешка изгубија како магариња,ги уништи Стиви Бој на турнирот во Данска,
Се е отворено овде.
ФРАНЦИЈА
Ептен ми е криво за Швеѓаните,каква игра имаат страшно нешто,и навистина е ептен нефер шо вака испадна,уште од старт да налетаат на Експертите,ама тоа е,ждребот така сакаше.
Онаа игра шо ја прикажаа,онаа едноставност,смиреност,концентрација е едноставно за да се восхитува човек,како да е најлесна работа на светот да играш ракомет,какви школски акции,изработени до перфекција,посебно во прво,не ни мрдаше Тити на тие шутеви,едноставно неодбранливи,само 13% имаше вчера,ВЕНСАН беше тука да спасува..
И тоа речиси со пола ростер од послаби тимови,играчи како Стенмалм,Конрадсон,Лагерген и компанија,со Захрисон Хобитот на десен,и каква игра имаа,фалеше Јохан Јакобсон на десен,со него ќе беа уште појјаки,но и вака искинаа.
ЏИМ ГОТФРИДСОН,искина другарчето на ова СП,страшен играч,вистински лидер,можеби и МВП на првенството или барам да е во конкуренвија за најдобар среден,ама сеа откако испаднаа тешко да се докопа до таа позиција со оглед дека Сагосен остана во игра,и Карабатакот,ама мислам дека пак наградата за најдобар среден ќе оди кај Сагосен.
Опасен играч стана Џим,иако беше повреден некое време,баш сеа ја темпира до максимум својата форма,искина едноставно,вистински диригент во играта,и за асистенции,и за влезови и за координација меѓу бековите,но и за шутеви,едноставно некој ТРИПЛ ДАБЛ ЕФЕКТ како во кошарката.ги отепа вчера централните дефанзивци на Франција,свеста им ја зеде,не знаеа кај се,да не беше тој мал пад шо го имаа од 35 до 45 минута,и од 50та до 55та,кога Франција се одлепи на +3 каде ќе отидеше мечот,мечот можеше да се прекрши на контра а тикварот на Порте,ама тој изиграваше некој акробат,хаха,само му ја подаде топката на Ник Слотер,ала Џомба Гоце стил,исто и пред тоахаха,каде бе со овај на десно крило?Јел мирно спаваш Динару,Дидие?

На крај на мускули,предводени од новата ЛЕВОРАКА ХАУБИЦА Недим факинг Ремили,каков играч е овај упм,новиот Киро Лазаров,се има,и шут,и техника,и движења,елеганција,плус и одбрана игра,а има само 21 година,помалку од Дрогата,тука некаде со Нелоски и Талески,а каков е играч е,тоа ,талент,работа,јаки утакмици,соиграчи како Карабатакот,Нарцис да те хранат со топки,пратете ја таа акција на Французите,кога одат со двојно,некогаш и тројно укрстување за да се напрај шут за Ремили,како некоја егзибиција на Харлем Глоубротерс.
Тоа е тоа,силата на Франција едноставно е преголема,и да нема ден некој од тие главни играчи секогаш е тука некој да изненади,Фабрегас искина,потоа во второ Ремили надокнади,едноставно тој ростер е преголем и невозможно е некој да нема свој ден.
Но покажаа дека имаат слабости,и со Норвешка а посебно за Шведска.
Со Словенија ќе видиме како ќе оди,не ми се верува Словенците да имаат сила како Шведска да се спротистват,ама се е можно,видечемо.
СЛОВЕНИЈА
Лесно,убедливо,без мака,неочекувано можеби,но беше јасно дека Катар против побрза екипа како Словенија која нема да се влечи како полжав како Германците нема шо да бараат.
Ги отепаа,само во прво имаа 8 гола од контра Словенцит,газење,исто и во второ во првите 20 минути,последните 10 минути беа рутина,Катар успеа да намали на минимални 2,шо е за нив премија,и е нереален резултат,требаше да е најмалку 7,8 комада,ама на крај никој не се замара со разлика,важен е пласманот во полуфинале.
Колку ќе успеат сеа со Експертите ќе видиме,ваљда ќе покажат нешто.
ХРВАТСКА
Овие ме изненадија ептен,додуша не толку тие колку ОЧАЈНАТА ИГРА НА ШПАНИЈА,едноставно непрепознатливи се Шпанците сите овие години откако си замина Ривера,иако се тука некаде на врвот,ама премногу осцилации имаат во игра,без идеја,без конкретност,без бекови шутери,се насила,се преку крила,спонтано,ако помини помини тактика.
Во прво само со тие голови од крила се држеа,Фернандез и Балагуер искинаа,во второ и тоа го немаше,и баш во најнезгоден момент и Рибера си продолжи со таа своја тактика РОТИРАЈ ПО ИСТ ШАБЛОН,една постава едно полувреме,па друга постава второ,едноставно прелесно е да се прочитаат,иако функционираше некако,ама без шутеви од надвор нема шо да се бара,Кањелас ДЕДОТО очај,Раул непрепознатлив,Дани исто немаше каде со киклопите на средина Муса и Гојун кои искинаа,го пресекоа тој напад на Шпанците,никаква течност,ништо.
Алекс додека можеше импровизираше,единствен од бековите кој мрдаше,и Гони до некаде додека беше имаше нешто,кога влезе Кањелас Дедото и таа страна секна,толку е паднат ДЕДОТО ВО ИГРА СТРАШНО НЕШТО.
Агинагалде отсечен,ништо не изигра и овај,дупка,нема ни топка кој да му пушти,чиста,едноставно се гушат.
Иако спроред мене ОДБРАНАТА ИМ Е КРИМИНАЛ ТЕЖОК,и тука изгубија,нападот вака така успеваат некако да го одржат на ниво,ама одбраната е тежок криминал,и со Бразил исто беше кога примија 18 комада прво,па во второ само 9 примија,најмногу заради техниките грешки на индијанците од Бразил,ама со Хрватска не помина ова.
Ако заприметивте можеби намерно го оставаа МамиЌУ вчера,се надеваа дека е најслаба карика во репката,се концентрираа на другите,досега позицијата лев бек беше најслаба во Хрватска,ама ете ги попари МамиЌУ,8 комада им закуца само во прво,ги пробуши како камењарка пред МРТ,е сеа секнаа тие голови од Глодарот на лево крило ама и ова беше доволно ,баш каде шо требаше да се најсилни Шпанците ги пробушија,по средина

.Циндриќ искина,со право најмногу се очекуваше од него,Кркмата е повреден и не го дава максмумот.
Апсолутно изненадија,се надминаа себеси,и самите не очекуваа дека вака ќе изиграат,на крај заслужено одат понатаму,греота ќе беше да испаднат,по она издание.
Секогаш вака играат тие,кога не очекуваш ќе се надминат,како лани со Полска,па на ЕП во Франција кога ја тепаа Франција,па во Србија исто ги тепаа,па на ЕП во Австрија од кулминација до послаб ефект,на ЕП во Данска кога беше пред 7,8 години,на ОИ сеа летово,на ОИ во Лонодн,итн,секое првенство вака прават,ќе се надминат себеси и кога сите очекуваат ќе издишат како балони,
Ќе видиме сеа со Норвешка како ќе оди.
ПОЛУФИНАЛЕ-предикшн
На крај Франција е со една нога во финале,,можеби и со двете,речиси невозможно е Словенија да успее да напрај сензација,иако се бива,опасни се и тие,за другиот финалист се е отворено,иако можеби според играта Норвешка е во предност,ама се покажа во овие нокаут мечеви дека нема ништо сигурно што може да се предвиди однапред,се е момент на слабост,инспирација,добар ден на некој џокер како Мамиќ.слаб ден на голманите како шо беше случај со Де Варгас итн.