СП 2017 - Елиминациска Фаза

Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.511
Дали се нормални Хрвативе што пропуштија? Значи водеа плус 8 еј. Ај со Норвешка што немаа среќа немаа, баш штета за тоа, тогаш мислам дека добро ќе беше Хорват да не шутира бидејќи пред тоа му одбрани истиот голман.
Ама вечер бе, не знам стварно барем бронза мислам дека заслужија.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Хрватите со таа никаква игра не заслужија Шпанија да ја поминат а не па бронза.

Свака част за Словенциве, изиграа јако првенство, има страшен потенцијал оваа екипа. :cuc:

Не се многу подобри од нас, тука негде сме со нив, можеме да се носиме. -Една од најголемите глупости во историјата на пишаниот збор. :гик:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
На хрвативе треба да им дадат награда за најголеми лузери на турниров. Вчера имаа скоро па загарантирано сребро околу вратот и го изгубија, а денес и Словенија им ја зема бронзената медаља од врат откако се вратија од -8 голови.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.487
Поени од реакции
15.502
Не се многу подобри од нас, тука негде сме со нив, можеме да се носиме. -Една од најголемите глупости во историјата на пишаниот збор. :гик:
Што е најтрагично овие зборови дојдоа од најголемиот ракометен експерт @Tomasino

Томас бате треба и ти да се преиспиташ малце за оваа глупост,не дека ние не сме треселе ама од тебе не се очекуваше вакво нешто :D, со оглед дека го држиш приматот на најголемиот ракометен гуру во форумот,за чоек што навистина ги прати Европските лиги и тимовите до детал и неможам да верувам уште кога те читав тогаш дека ваквиот мизерен тим што го имаме можел да се носи со Словенија ..па и кладилниците 1.55 коефициент дадоа се сеќавам,каков поклон
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ма не е само он, 90% од членовите што пишуваат тука беа со позитивни очекувања од утакмицата со нив, не знам со кој памет само, па убаво пиша еден член, Словенија со играчите што останаа дома ќе не тепаат 10 разлика а не па со овие. :D
 
Член од
16 април 2014
Мислења
5.796
Поени од реакции
7.676
Е ај од после ако не експерти да се правиме сите.Ко знаевте вие дека ќе не попарат што не ја изигравте на 32019103930денари на најголемиот хендикеп ?
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.487
Поени од реакции
15.502
Е ај од после ако не експерти да се правиме сите.Ко знаевте вие дека ќе не попарат што не ја изигравте на 32019103930денари на најголемиот хендикеп ?
А од кај знајш ти дека не ја изигравме?..шо треба тука јавно на цел форум специјално за вас да ви ги прикажиме ливчињата..тоа си е приватна работа..реално со Словенија и Норвешка беа зицери дека ќе изгубиме и тука кладилниците не преценија исто и 90% од членовите во форумот мислеа дека сме имале некакви шанси што беше навистина апсурд
 
Член од
16 април 2014
Мислења
5.796
Поени од реакции
7.676
Сакаш да ми кажеш дека кладилниците пијат нафта и ти попаметен од нив си пореален коефициент имаш ???
Сеа сигурно ќе ми речеш дека Норвешка стигнала финале а имала 1.5 коеф за со нас и тоа е грешка на кладилниците.Од после што сакаш можеш да кажуваш.Ако гледаш така и Лестер лани какви коефициенти имаше па што, потценети беа со толкави квоти??? Грешка на клад беше што дале толкави квоти???НЕ, реални беа квотите смао што се случи изненадување.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
5.381
Поени од реакции
6.496
ВУЈО, кај стави рака успех направи, од секогаш сум велел дека е права ствар тренер :D
јебеш подржувачи на чевларо и пцујачи по фејсбук, и јас сум го пцуел вујо во Битола али чоеко е генијалец од срце велам секоја чест.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
3.722
Поени од реакции
3.572
БабиЌУ, БабиЌУ ЛЕГЕНДО ЌЕЉАВА :D:pos:
Незнам од кај да почнам....аууу какви ТРИЛЕР завршници :cuc:
Немаше и форум неколку дена, ми избегаја мислите :D

За првото полуфинале:
Франција, очекувано, рутински до победа со Словенија, опасна селекција французите, не оставија и простор да се издишат словенците, до душа и самите знаеја што ги чека :sakasuste: Вујо ќе пукеше од нерви на тој меч :pos: После мечот и дипломатска изјава си даде: Едно е да ги гледаш Франција на ТВ, друго е да се бориш против нив на терен.... апсолутно во право !

Словенија единствено во првото му одеше и играше преку десен бек, каде паднаа и грото од головите од таа позиција, другите позиции добро изолирани....
Скок и не беше толку лош, за да се оди со простојна негатива на полувреме, на овај му јадевме курот, на крајот ќе испадни според % и солиден голман :ROFLMAO:
Од другата страна Франција и без ветеранот на голот Тити Омејер, кој само влезе на 1-2 пенали да брани, одлично си ја заврши работата и Винсен Жерар уште еден доказ дека не зависат овие од 1,2,3 играчи, комплетен ростер се, ИСКИНА братот ЗАСЛУЖЕНО на крај и МОТМ си скина сатче :D какви зицери скина :cuc:
На овие и да не му оди на некој од Карабатиќ, Нарцис, Абало, Гигу, имаат на клупа да си бират играчи кој сака да влези, Динар од ракавот ќе извади некој џокер пак :pos: Тука чекаат Дипанда, Мае, Мем, Нјокас..... И ИДНИНАТА НА СВЕТСКИОТ РАКОМЕТ НА ДЕСЕН БЕК - НЕДИМ РЕМИЛИ :cuc:
Е овај препаснува во светски десен бек, какво играчиште ќе биди овај во иднина :bravobe: И во 1/4 финале швеѓаните и сега во 1/2 финале словенците магариња ги прај, каков удар има, скок, голем репертоар на удари, на само 21 година, е ова е младинец и во иднина и носител на репрезентацијата, а ние ќе се тресиме со Орката дали ќе дај гол или ќе јади блоката АЛА Шекил О'нил го залепил....


Второто полуфинале:
Шта речи ? Коју поруку послати :D Одлична утакмица заедно со Франција-Шведска би конкурирал за најдобар меч на првенството!
Како почнаја Хрватите, секоја чест, ми се враќаше мечот од Полска, каде ги топнаја од земја тогаш норвежаните со таа атомска игра за 3то место, така ми одеше и овај меч, ама не издржаја коцкестите....
После средината на првтото полувреме се совзедоја Норвешка, го свртија мечот и заминаја со предност. Второ полувреме цело егал, гол за гол. Марко Мамиќ како кец на десетка излезе во второто полувреме, доста голови донесе за Хрватска, брзо исфрлување на топка има, добра прегледност, тоа што му требаше, многу солиден играч е овај (y) Тој ги држеше рамо до рамо да бидат со брзата игра на Норвешка односно таа игра наречена брз која ја форсираат одлично на првенството...
Лука Степанчиќ каков КОЊ, не во ПАРИЗ(ПСЖ) играл и во св.Париз да игра џабе му е, какви дебилни 3 исклучивања напрај, ДРВО ! За во нивната репка Шебетиќ е измислен за овај....
Дувњак конечно изигра нешто, солиден меч, многу асистенции на пикер кон Муса и Контрец, а на крај тој ги кочеше, кога ја умртвување играта кога беше топката во него и чекаше долг напад, искусно го праеше то, ама на 2-3 пати Штрлек му мафкаше сам на крило овај топка не му даде....
Исто добри и голманите Стевановиќ/Пешиќ, одличниот Циндриќ на цело првенство овде се постра на полуфиналето-невидлив....
За Мирхол лек немаа Хрватите, ги уби овај, каква позиција си гради на пикер, да му ебам суратот, фаца си мислиш ќе ти речи Бате дај 5 денари :pos:
Опасен играч, на контра трча си мислиш крило е овај :icon_mrgr:
Хансен, на контра и тој си мислиш дух е, дури да трепниш тој пред гол :X3:
Танген, овај ретко виден удар вади, какви бомби пуца :cuc: Овај кини мрежа или ако те погоди вгла си носиш печат од топка за цел живот, му распали на Стиви бој 3-4 покрај него со над 100км/ч :pos:

На крајот во ФАЗОН влегоја голманите Пешиќ, скина чисти топки, на Бјонсен и Сагоден, од другата страна Бергеруд со одбранетиот пенал му донесе медал на Норвешка, каков голман и овај, според мене голман број 1 на првенството без дилема ! :bravobe:

За пеналот на Хорват, се на ТАЦНА ! Кој ти дава пенал бе 60та мин ? :ROFLMAO:
-СПАВАШ ЛИ МИРНО ХОРВАТЕ ЗЛАТКО ? :place:
Овде е грешката само во Бабиќ, Бабиќ, Бабиќ и никој друг !
Каде бе го пушташ пак Хорват, а само пред некоја минута ти промаши исто така клучен пенал ?!?!?
-Толку бе демек нема Хрватска изведувачи ? Ајт таму....
До душа и го разбирам и него до негде, можи најискусен е, 1000 утакмици низ него, добар пеналџија е, ама она го изведе ептен ПАЦЕРСКИ ! Ама тоа е....
Се случва, не дека не, РАКА Е, малку ќе затреси, плус голем притисок, последна секунда, пенал кој одлучва за влез во ФИНАЛЕ, емоции, стрес, се е тука вклопено...
После утакмица и многу го тролаја, а тоа што го има Златко Хорват за репрезентација напраено, тој успех, да не беше тој ни 1/2 немаше да е денес !
Е после тоа шо се случи во продолжението, беше јасно како ден.


За 3то место:
Си мислев скроз истрошени ќе бидат Хрватска и физички, а пред се и психички после она шо му се деси со Норвешка, ама имаа сили да се борат се таму негде до 45та минута, после тоа се виде дека ја немаат потребната игра на теренот....

Па и оваа е педерски, како оди овај распоред бе ?
Словенија ден и пол имаат одмор, Хрватска одма другиот ден ги чека утакмица за скоро 20 саати, па и тие се од крв и месо бе, не се роботи :pipi:

Па и одлично му изиграја, прво полувреме 18 гола му шибнаја, ракомет од учебници му дадоја, како му изигра само Хрватска за РЕСПЕКТ !
Вујо се држи за гла, бара алиби кај судиите, јади жолт картон :D
Второто продолжија со исто темпо, таму негде до 40 и некоја минута кога имаја и максимални +8 -> 24:16
После тоа последните 13/4 минути Словенија напрај серија верувале или не од 13:5 и тоа не против секоја репрезентација, туку против Хрватска, е кога ги стигнја 29:29 знаев дека ќе ја свртат и ќе тепа Словенија !

Џабе ти е добар Штрлек, добар Циндрич, добар Стевановиќ на гол, кога последните 15 минути се распаднаја како КУЛА ОД КАРТИ, е овде веќе влијание имаше и УМОРОТ !
Џабе немаш сили вакви две утакмици да издржиш против Норвешка и Словенија, двете се ТРКАЧКИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИИ !
На крај и од шанса за БОРБА ЗА ЗЛАТЕН МЕДАЛ, другиот ден имаш ПОПРАВЕН ИСПИТ, испуштена шанса за БРОНЗА и си одиш дома со КУРОТ :kuracc:


Е БАБИЌУ ЛЕГЕНДО ЧЕЉАВА, ЈАС ДА НЕ СУМ КРИВ ЗА НЕУСПЕХОТ ?
Па кога веќе те стигаја, ако се изморија сите и неможат за гол, па барем нека КАСАПАТ БЕ НАЗАД ! Какви мажишта се Гојун, Муса, Контрец имаше КРВ ДА ПАДНИ ЗА МЕДАЛОТ !
Пак си носи вина овај, па да водам со +8 на 3/4 од утакмицата и да изгубам o_O
Па ќе се преженам во Париз, ќе барам ДАМА ИЗ ПАРИЗА :angel: И не се враќам во Хрватска да ме тролаат....

Ако не си дај сам отказ или да го избркаат овие Хрватите не гледаат медал од зелкава....
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.230
Поени од реакции
954
Честитки за Словенците,заслужија бронза.МАЕСТРО БЕЗЈАК ги растури хрватите за 12 мин.
Хрватите се сами криви шо не играат финале,несватливо е како еден Дувњак играчиште невидено наместо да бидит прав водач на репката да си дозволит да правит нервоза со Норвежаните ,да изиграват тренер ,да протестират по судии ....

По се изгледа дека Начевски-Николов ќе го судат финалето?
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.873
Поени од реакции
22.236
Не можат на умор да се вадат, затоа што цела утакмица водеа 5+ гола. Плус вчера играа играчи што не се наиграа многу на ова првенство. Едино Дувњак што го трошеше до крај.
Нивен проблем беше тоа што премногу се опуштија последниве 10 минути и почнаа ТАКТИЧНО да играат. Наместо да си продолжат со иста игра, кај што брзо завршуваа напади и постигнуваа лесни голови, тие почнаа да се влечат до пасивен и после во паника да шутираат. Браво Бабиќ за ова ;)
 

Tomasino

Semper etiam ubique superiores
Член од
19 март 2009
Мислења
9.153
Поени од реакции
18.266
Што е најтрагично овие зборови дојдоа од најголемиот ракометен експерт @Tomasino

Томас бате треба и ти да се преиспиташ малце за оваа глупост,не дека ние не сме треселе ама од тебе не се очекуваше вакво нешто :D, со оглед дека го држиш приматот на најголемиот ракометен гуру во форумот,за чоек што навистина ги прати Европските лиги и тимовите до детал и неможам да верувам уште кога те читав тогаш дека ваквиот мизерен тим што го имаме можел да се носи со Словенија ..па и кладилниците 1.55 коефициент дадоа се сеќавам,каков поклон
Џонка бате кладичничарско,како прво јас не сум никаков експерт,ниту се правам таков,ниту смеам да се правам таков,ниту имам право,јас сум само обичен навивач кој следи ркаомет повеќе од 20 години редовно,тоа е се,можеби на некој му сум досаден со тие долги постови,можеби некои ликови ги иритирам со тие постови,како и да е,не се замарам многу за другите,секој си има право на мислење,тој ми е стилот,неам намера ниту да се извинувам кон некого,.најмалку да се правдам,кој сум јас да се правдам?Лино не се правда па јас овде,копук на некојси форум:pos:
Точно е ,реков дека можиме да се носиме со Словенците,и си стојам на кажаното,зошто бе да не можиме?
Кога можевме со една Шпанија да прајме цепелини,на 3 пати,со Исланд да се вратиме од -5 во 45 минута,со Тунис исто,истиот тој Тунис кој му ја зеде свеста на Вујо, зошто ние да не можеВМЕ да го напрајме истото?
Е сеа шо во УМОТ И ПРИСТАПОТ КОН МЕЧОТ нашите се како политичките партии СЕКОЈ ДЕН РАЗЛИЧЕН СТАВ тоа е друга работа,со Словенија влеговме уште од старт со турнати гаќи,со тотано погрешна стратегија,немаше ни желба,ни мотив,ништо немаше,распад система.
Да играш ти 7на 6 со една Словенија во текот на цел меч Е САМОУБИСТВО,како прво немаш техничари за да се носиш со нив,второ немаш кондиција да се носиш,трето немаш шутери за нив,иако на хартија имаме и повеќе шутери од нив,ама едно е да си прајш пазар дома друго е на пазар кога ќе ти го извадат китапот..
Не само во напад,туку и во одбрана потфрливме тоталка,играме со играчи кои ни по физикус,ни по движења не можат да парираат на Словенците,едноставно не успеавме ни обичен прекршок да напрајме,зошто?Зошто игравме со некаква истурена 3-2-1,или 5-1,а неаме играчи за ова.
ЗОШТО БЕШЕ ВАКА?
Зошто тотално Лино и Ико Мустакот ја ебаа тактиката.
Јас сум сигурен дека ако игравме АЛА ЛИНО СТИЛ,без глупирања во напад,со 6-0 одбрана и чести сецкања на игра,нешто за шо е мајстор Лино ќе имавме егал текма,или во најлош случај ќе изгубевме како во Катар,1,2 разлика најмногу.
Па кој се толку Словенците?Без класичен шутер се,ниски играчи,на 6-0 зона ќе имавме шанса,ама и за 6-0 си ги ебавме шансите зошто Лино не зеде играчи за таква зона,пред се Ацо го изостави,а играчи како Нелоски,Талески кои не се спретни толку да бркаат на поистурена зона освен 6-0 не знаат да играат друго.
Е сеа шо Лино и неговиот сонародник Бабиќ сакаат со УМРЕНА ВЕЌЕ ПРОЧИТАНА ИГРА ДА ПАРИРААТ НА ЕДНА УЛТРА БРЗА СЕЛЕКЦИЈА никој не е им е крив.
Самоубиство е ти на еден Безјак,Зарабец,Кавтичник,Доленец па и Гребенц да им излегуваш на 9 и кусур метра да ги бркаш,а имаш играчи како Велко,Никола Маркоски,Столе,Талески,Нелоски,тешки на нозе,на прв чекор,како мали деца ги испаѓаа.
Самите се криви и Лино шо се глупира и сосила сака да изиграва некој иноватор со таа 7на 6 КАМИКАЗА ТАКТИКА ,а немаме ни леви бекови кои знаат да искористат топка,ниту имаат влез,за ова ни ништо,само Киро го имавме и толку,и Бабиќ исто вчера,на разлика наместо да ги дотолчи тој тикварот ја уби цела игра баш во тие моменти кога требаше само рутински да си задржи предност,смени на 7на6 и отогаш почнаа грешките,и грешни додавања,неизнудени шутеви,и безидејност во напад.
Кај нас пристапот кон мечевите беше проблем,премногу бевме очигледни и предвидливи и затоа не толчеа.
Со Норвешка прво кога играме ПОЛЕКА,БЕЗ БРЗАЊЕ се држевме некако,во второ Лино пак со таа камиказа тактика и не потопија,значи сами влегуваме во стапица,никој не не тераше.
А ако играВме како со Исланд на крај,до сигурна позиција за шут друга ќе беше песната,и со Словенија па и со Норвешка немаше да не попарат 10 разлика.
Ама кога сосила сакаш да изиграваш нешто шо не си јасно е дека ќе нема успех,ние сме како некое 101 Застава и сакаме да возиме со 120+ на автопат констатно,е па јебија,ќе се расипи нешто на сред пат,неминовно е,ПРЕГРЕА МОТОРОТ.
Да игравме како шо сме научени,дисциплинирано,да го користиме Киро,пикерите,луцидноста на Жути и играта кон крило ќе се држевме со Словенија.
И во Србија ги тепавме на тој начин,и тогаш беа Словенците со ваков технички поткован ростер,ама ние игравме наша игра,без глупирање,без измислување топла вода.
Сега сакавме да изигравме нешто шо не сме,и го примивме на два пата машки и од Словенија и од Норвешка,а пред тоа не толку одамна со истите овие репки успевавме да играме доста добро,Норвешка требаше да ја тепаме лани на ЕП,Словенија не тепа на мускули во Катар.
Е па сеа јебига,кога сакаш да глумиш лудило и сосила си бараш беља.
Еве нека играат пак Македонија-Словенија на некој турнир,макар и пријателски,да игра Фитилот наместо сите оние легенди кои се изредија на лев ,да играме БАВНО,ДОСАДНО,ПАМЕТНО ВО НАПАД,ПОВЛЕЧЕНО ВО ОДБРАНА ,,како шо беше на тие две пријателски со Словенија лани,ќе видиш дека сме тука некаде со Словенците,ама за разлика од нив ние немаме препознатлива игра,сакаме да глумиме некои камелеони,од класична бавна екипа ние сакаме преку ноќ да се трансформираме во Скандинавци,е па не оди.
И Швабите,Шпанците отстапија од својата препознатлива игра па го сркнаа,и тоа од кој?
Од Катар,истиот Катар кој прими преку 30 гола од Шведска и Словенија,Шпанија од Хрватска,истата таа Хрватска која се мачеше со еден Египет за ебани 21 голови,па после дава 30 гола против голмани како Де Варгас и Коралес.
Тоа е ,погрешна тактика на селектор,некој добар ден на некој од бековите,како Капоте,Мамиќ и се е можно.
Тоа е,вие се раководите само по КЛАДИОНИЧАРСКА ЛОГИКА,или во твој стил ЌЕ МУ ЈА ДУПНАТ ГЛАТА,и ете се дешава,Катар да ја тепа Германија,Данска да губи цел меч од Унгарија.
Не е толку лесно за прогнозирање,посебно на СП каде сите играат,ако насетат слабост ќе те искинат.
Откако ќе завршат утакмиците лесно е да се коментира во стилот ЕХЕЕЕЕ КОГА ВИ ВЕЛЕВ ЈАС.:D
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.487
Поени од реакции
15.502
Откако ќе завршат утакмиците лесно е да се коментира во стилот ЕХЕЕЕЕ КОГА ВИ ВЕЛЕВ ЈАС.:D
Не знам што ви е филмот со ова искрено ама јас 10 пати потенцирав уште пред натпревар дека Норвешка ќе не истурат и дека куќата се ставаше на тој натпревар,овде тоа што го читав за пред натпреварот дека сме имале некакви шанси мене ми делуваше смешно
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
3.233
Поени од реакции
1.554
Не знам што ви е филмот со ова искрено ама јас 10 пати потенцирав уште пред натпревар дека Норвешка ќе не истурат и дека куќата се ставаше на тој натпревар,овде тоа што го читав за пред натпреварот дека сме имале некакви шанси мене ми делуваше смешно
Изгледа само јас и ти погодивме дека ќе изгубиме 10 разлика, овие другите експерти ја утнуваат гол разликата за многуууу:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom