СОТУ-Средно Општинско Техничко Училиште "Ѓорги Наумов"-Битола

Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Има ли некој што учел или учи во ова средно училиште? Сакам таму да се запишувам, на електротехничар за компјутерска техника и автоматика?
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Има бе. Да се запишиш :)
 
D

dbt

Гостин
Има ли некој што учел или учи во ова средно училиште? Сакам таму да се запишувам, на електротехничар за компјутерска техника и автоматика?

Не знам како е сега состојбата ама тука добив добра теоретска и практична основа за мојата професија. Сето ова секако доколку сакаш да научиш :).
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
И како е таму, искуство, децата какви се, професорите..
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
И како е таму, искуство, децата какви се, професорите..
Зависи какви ќе ти се погодат школските, секакви има :D
А за професорите, и таму треба да имаш среќа да ти предават подобрите. Има многу спремни професори кои имат знаење и знат да објаснат, ама има и такви кај кој треба само да препишваш од екран.
 
DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
И како е таму, искуство, децата какви се, професорите..
хахаха опширно прашање. Еве јас завршиф во славното техничко кажано по нашки смер афтоматика или ЕКТА. Во 4 години шо не ќе видиш, од секакви будали/бараби (ученици па до професори), бубалици (ретки, ама ги има). Пример кај мене во класот поќето бефме така проблематични (кој како, некој поќе/помалце).
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Ја отворив темава зашто сакав само да прашам како е во тоа училиште. Досега сум врвел со сите 5(од V do VIII). Сите ми велеа да се запишам гимназија, но бидејќи сакам информатика, сакам да се запишам техничко. Едни ми велеа дека во училиштето има деца дрогираши(поголемите) и проблематични, дека ќе ме гибаат или незнам што. Ме ставија во дилема. Ете затоа ја отворив темата. СПоред вашите мислења, заклучив дека добро е таму да се запишам :D
 
DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
сите врвефме со 5ки во основно ама во техничко не е баш така лесно :D
наркомани ти гарантирам дека нема. добро сеа во генерацијата мора да се најди некоја будала. то нормално е.
информатика нема да учиш туку ќе учиш во прва електротехника електротехнички материјали, во втора електроника, дигитални/аналогни систени некој безвезни, афтоматика, во трета афтоматика, дигитални системи, во четврта процесно управување и некој срања шо никогаш нема да ги сретниш во животот. и заборајф да го кажам најбитниот предмет и професор кој ќе ти предава од 2ра до 4та: шкафо по програмирање и за него само фиат пунто е кола. се друго е срање. :D
 
Воопшто нема да се учи информатика? програмирање и слично?(добро од вота ќе имам програмирање со шкафо). И ништо друго од информатика?
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ја отворив темава зашто сакав само да прашам како е во тоа училиште. Досега сум врвел со сите 5(од V do VIII). Сите ми велеа да се запишам гимназија, но бидејќи сакам информатика, сакам да се запишам техничко. Едни ми велеа дека во училиштето има деца дрогираши(поголемите) и проблематични, дека ќе ме гибаат или незнам што. Ме ставија во дилема. Ете затоа ја отворив темата. СПоред вашите мислења, заклучив дека добро е таму да се запишам :D
Помина то време ко имаше дрогираши во техничко :) . Ако не се гибаш, никој нема да те гибни. Можи да се најди некој испад и да те гиба ама ќе му се вратиш (маж си или шо си :D ) и поќе нема да ти зборни :) . Дежа ву шо ти рече дека се учи автоматика, процесно и такви работи не е точно дека нема да ти затребат ;). Јас сега на факс ги учам истите работи само проширени шо ги учев средно по Дигитални системи на пример. Програмирање мене во 3та и 4та ми предаваше шкафо и ништо нема да научиш од него, а во втора ми предаваше Јове (секоја му чест, професор и пол :cuc:).
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Добро, а има ли некој од форумов моментално што учи таму? :D
 
DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Помина то време ко имаше дрогираши во техничко :) . Ако не се гибаш, никој нема да те гибни. Можи да се најди некој испад и да те гиба ама ќе му се вратиш (маж си или шо си :D ) и поќе нема да ти зборни :) . Дежа ву шо ти рече дека се учи автоматика, процесно и такви работи не е точно дека нема да ти затребат ;). Јас сега на факс ги учам истите работи само проширени шо ги учев средно по Дигитални системи на пример. Програмирање мене во 3та и 4та ми предаваше шкафо и ништо нема да научиш од него, а во втора ми предаваше Јове (секоја му чест, професор и пол :cuc:).
абе сеа не беше во толкава смисла дека нема да му притребат, ама ја послем факултет шо ќе ти е процесно пример? дане прајш програми во ладер ? :D
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
абе сеа не беше во толкава смисла дека нема да му притребат, ама ја послем факултет шо ќе ти е процесно пример? дане прајш програми во ладер ? :D
Па добро, можи не ладер, ама минимизација пример сигурно ќе ти треба :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom