СКОПЈЕ РЕМИКС

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
СКОПЈЕ РЕМИКС претставува социјален и уметнички експеримент во кој на тест се става креативноста на секој оној кој ќе земе учество. Објавивме неколку фотографии од нашиот град кои преставуваат подлога на која можете да ги „истурите“ сите идеи кои се плод на вашата креативност. За возврат, ние вашето дело ќе го претставиме на колаборативна изложба.

Ваш е изборот на начинот на кој сакате да се изразите. Користете го софтверот кој најмногу ви одговора и кој најдобро ви е познат. Сечете, лепите, додавајте, вадете, манипулирајте со сликите како вас ви се чини дека е најдобро. Не постои ограничување на бројот на трудови кои може да ги пријавите. Најбитното нешто е да искористите некоја од приложените фотографии. Она што ние ви го обезбедуваме е дигитален принт и галериски простор за изложување.

СКОПЈЕ РЕМИКС во три прости чекори:
1. Симнете ја фотографијата
2. Направете визуелен ремикс
3. Пратете го делото со вашето име и презиме на нашата и-мејл адреса compressorzkt[at]gmail.com (во кој било вообичаен дигителен формат .jpg, .tiff или .png во 300dpi, A5 величина)

Како водечка идеја можете да го искористите Ремиксерскиот манифест кој гласи:
1. Креативоста се гради врз минатото.
2. Минатото секогаш се обидува да ја контролира иднината.
3. Нашата иднина станува помалку слободна
4. За да се створи нешто слободно, морате да ја ограничите конотролата на минатото.


Конкурсот ќе биде отворен до 16-ти декември, а финалните дела ќе бидат изложени во Галерија 7 на 23-ти декември.

Важно: Едниствениот критериум кој треба да се задоволи е трудовите да бидат надвор од доменот на дневната политика. Одбиваме да бидеме инструмент на волјата на политичките елити кои се подеднакво репресивни, без разлика на козметичките разлики во своите ставови. Но, тоа воопшто не значи дека треба да се биде аполитичен и апатичен, напротив поттикуваме секаков вид на револт против системите на доминација, но не поддржуваме партиско критизерство.

Проектот е самофинансиран и не е подржан од ниту еден поголем донатор или фондација. Oсновната цел е практично да покажеме дека нештата можат да функционираат на непосреден и директно демократски начин.


http://cargocollective.com/skopjeremix
 

Kajgana Shop

На врв Bottom