СВЕТО КРШТЕНИЕ

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Оваа тема ја отворам за да се разгледаат сите нешта кои се поврзани со СВЕТОТО КРШТЕНИЕ.
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Поттикнат од темата Кога треба да се крштеваме? ја отворив оваа тема за да СУШТИНСКИ и ТЕМЕЛНО го разгледаме Светото Крштение.

Овде го пренесува мојот коментар кој го имав поставено на споменатата тема

Крштавање на бебиња

Одговорот на ова прашање варира, како и повеќето тука на форумов, во зависност од тоа кого ќе прашате. Некои велат: да, христијаните треба да ги крштеваат своите бебиња, а други пак велат дека не треба да се крштеваат бебиња, туку откако тие ќе пораснат самите треба да си ја донесат таа одлука.
Крштевањето на бебињата е учење и пракса на повеќе цркви, како што се: православната, католичката, методистичката, англиканската, назаретската и уште неколку други слични цркви.
Додека скоро сите останати деноминации, воглавно библиските цркви, не го подржуваат ова учење.
Зошто едните велат Да, а другите Не, се надевам дека ќе биде откриено во вашите коментари тука на оваа тема на форумов. И затоа ве охрабрувам да ги изнесете вашите аргументи и својот став на ова прашање.
Се надевам дека ќе имаме добра и толерантно дискусија.

Мојот став, а верувам и библискиот, е дека бебињата не треба и не можат да бидат библиски крстени.
Има многу аргументи што го подржуваат овој став, но во интерес на времето и вашето трпение, ќе се сконцентрирам само на предусловите што му предходат на крштевањето и со тоа би сакал да докажам дека едно бебе не е можно да ги исполнува тие предуслови, за да биде библиски крстено.
Предуслови за крштавање...(јас би рекол “Крштавање на возрасен човек“)



Вера
"Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш.
(Дела 8:36-37)

Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако вервуаш од се срце, можеш.

Прашања:
Дале едно бебенце може од се срце да верува во Христос?
Мое прашање:
Дали човеков со кого разговара Христос е бебенце? Не! Дали е возрасен (или барем пораснат човек?) Да! Зошто тогаш оваа реченица ја доведуваш во врска со бебиња?! Каква врска има Крштението на овој ВОЗРАСЕН човек со Крштение на бебе?! Погрешен контекст придаваш.

Друго,
Се вели: “Ако веруваш од срце, можеш“, а не “Ако веруваш од срце во Христовото Спасително Дело: Наука, Жртва... тогаш можеш“
Дали бебето ја знае со својот ум Христовата Наука и Жртва за да може рационално да ја поима и дефинира?
Нормално дека не, но дали бебенцето го знае Бога, својот Творец и Татко, и на Мистичен Начин Го Поима и дали бебето има капацитет да го прими Царството Небесно? Е за тоа можеме да разговараме.

Ако детето не знае за Бога, тогаш како е можно да доаѓа Кај Него?
Христос вели: “Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не бранете им зашто на таквите е Царството Небесно. Кој не го прифати како дете тој нема да влезе во него.“
А дали детето знае Кој е Христос за да доаѓа кај Него?
Како се случува доаѓањето на детето кај Христа?
Несвесно, т.е. во незнаење или свесно?
Ако било несвесно, тогаш Христос воопшто немало да го истакне во конкретниот случај, бидејќи е ЧИСТА НЕСВЕСНОСТ / НЕЗНАЕЊЕ.
Но штом е ПОТЕНЦИРАНО, тогаш тоа има СМИСЛА/ПРИЧИНА/ЦЕЛ, а таа е: децата кај Господ доаѓаат бидејќи Го познаваат!

Дали знае колку букви содржи зборот "Христос"? Дали е спасително што други знаат колку букви содржи овој Збор, ама не Го сакаат Господа? Значи само по себе знаењето колкав број на букви има овој Збор е апсолутно беззначајно, ако не се постави на добра основа (а тоа е основата на Верата, Надежта и Љубовта).
Какво ти е ова прашање?!


"Ако веруваш од се срце, можеш."
Ова е условна реченица која го кажува условот, дали некој се квалификува да биде крстен или не. Негацијата на овој услов би била:
"Ако не веруваш од се срце, не можеш."
Сето ова му е кажано на пораснат човек, а не на бебе!
Значи, дали бебињата можат да веруваат од се срце? Не! Следствено дали можат да бидат крстени? Логиката вели исто така Не!
Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " Марко 16:16
И тука, како и во многу други стихови (подолу се наведени) јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа лична и искрена вера во Христос.
Покајание
"Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос... " Дела 2:38
Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Тоа не е ритуал. Тоа е лична одлука со која ние се каеме за нашите гревови, бараме прошка од Бог за истите и донесуваме одлука за промена, промена од внатре, која ќе резултира со промена и однадвор, во нашите дела, од кои ќе се види дека нашето покајание било искрено.

СЛАВА НА БОГА! Точно така! Апсолутно се согласувам! Но, ова е повторно обраќање до возрасни! Значи за возрасниот има потреба да се покае, но ако детенцето нема потреба да се покае бидејќи нема свои лични гревови. Но грешната природа постои во него. Да те потсетам дека Господ после потопот рече дека нема да ја колне повеќе Земјата зашто е човечката мисла зла од мал (уште додека е човекот мал, т.е. дете)

Прашање:
Дали едно бебенце може да се покае?
Дали бебенцето е свесно дека е грешно или дека направило грев за да се покае?
Бебето нема свои лични гревови и нема потреба да се покае.


Да одговориме на НАЈВАЖНИТЕ ПРАШАЊА:

1. Што во својата суштина е Крштевањето?
2. Зошто се Крштеваме со потопување во вода, а не преку закопување во земја па откопување? Зошто да не бидам крстен со посипување со песок или пепел? Зошто Крштевањето да не биде едно цврсто решение, изразено САМО преку мој збор, ако е само искажување на добра совест?
3. Дали потопувањето во вода е формален чин или има длабока суштина во себе?

Ајде по ред:
Да ги прегледаме нештата ОД ТЕМЕЛ, ОД ПОЧЕТОК:

Да се создаде Личност е еден голем ризик. Ризик зашто таа личност може да избере! Да избере пат на Вечно Напредување, Усовршување и Уподобување (станување се’ послична и послична) на Бога. Но таа личност може да избере и пат на Вечно се’ поголемо и поголемо пропаѓање.

Уште пред да биде создаден човекот Господ знаеше кои се опциите кои таа Личност која Господ ја создава - ги има пред себе. Избор на пропаст или на напредок во Доброто.
Господ знаеше дека човекот можеби ќе падне, зашто го има ИЗБОРОТ!

Но, знаејќи го тоа, Тој уште веднаш го осмисли патот за да го спаси човекот доколку го избере својот пат на пропаст, но по извесно време се покае. Тоа (овој чекор на Бога) се случи заради Неговата Љубов кон човекот (таа - Љубовта беше на самиот почеток, таа беше иницијал, поради неа Господ го создаде светот - БЕЗУСЛОВНО, бидејќи Тој е Љубов, а Љубовта - Вистинската Совршената е некористољубива)

Значи најнапред беше Љубовта!
Потоа Божјиот План за Спасение!

Кога го создаде човекот, Бог го создаде како Добар, односно во Доброто, со еден вртоглав подарок - Слободата.

Човекот доколку се раководел од Добрите Принципи и ако останел во доброто, тој никогаш немало да почувствува глад, болести, вируси, студ, жештина... би бил И телесно совршен.

Но, телото е поврзано со душата. Поради влегувањето во грев на сокриениот човек (душата), почнало да страда и телото. Гревот се вгнездил во човечкото тело и ги нападнал и гените. Тој се пренесува од човек во човек, но не гевот како формалност (кражба, убиство...), туку како нагон, како тежнеење, како наклонетост. Кај некои од нас нема броба против злото во себе, а кај некои има. Кај некои од нас борбата е поизразена, кај некои од нас е послабо изразена. Кај нас се борат тежнеењето да не се греши од една страна и нагонот за зло од друга страна.
Е поради тоа комплетно опседнување (можеби е “комплетно опседнување“ погрешен термин) на телото и душата од болеста на гревот, Господ промислил начин: како да ги излекува и двете - и душата и телото. Така се случил Чинот на Свето Крштение, кое не претставува само формалност, не претставува само ритуал без суштина, туку претставува бањање на телото и душата во Осветена вода. Точно така, тоа не е САМО едно обично базенче во кое ние налеваме обична вода “од чешма“, туку е базен во кој налеваме вода која бива Осветена, односно, пред чинот на потопување на Личноста (на оној кој се Крштева) во водата, најпрвин се принесуваат до Бога молитви да ја Освети водата, односно да Го испрати Својот Свет Дух да водата ја преобрази во онаа совршена предпадовна состојба. Само да се потсетиме, во првата Книга од Мојсеевото Петокнижие пишува дека на почетокот Божјиот Дух лебдел над водата. Не е ни чудо што до ден денес токму водата е онаа материја без која нема Живот. Во неа се’уште има знаци од онаа благословена состојба опишана во претходно споменатиот стих од Првата Мојсеева Книга. Кога принесуваме молитви за да биде водата осветена ние молиме да таа дојде во онаа состојба како онаа од стихот, а тоа значи да таа во себе ја има потполната сила која Светиот Дух може да и’ ја даде за да таа вода во потполност го излекува човекот како Личност (состав од душевна и телесна компонента) и потполно да го преобрази човекот да го препороди, да му го врати во потполност оној образ кој го имал пред падот, пред да се случи запаѓањето во решност, во порочност, во зло, и да го исчисти од страстите. ЕТЕ ЗАТОА - ВОДА, а не земја, не песок, не пепел, не збор, не ништо друго!
Дали детето го поима Бога? Да!
Дали детето е способно да ги прими Божествените принципи? Да! “На таквите е Царството Небесно“, а и децата се такви, па следствено и децата се способни да ги примат вредностите на Царството Небесно. Можеби да се крштева дете или бебе е за неговото спасение поарно, бидејќи тоа колку повеќе расте толку повеќе му се развиваат Личносните перцептори (сетила на личноста) и тоа колку повеќе почнува да го перцепира злото околу себе, толку повеќе, бидејќи е се’уште слабо и безсилно да се бори против злото, ќе почне да станува роб на злото, а Крштевањето ќе му даде СИЛА, па во детето, доколку се внимава на неговиот психички развој уште од мало, т.е. доколку расте во здраво семејство и здрава околина, уште од мало ќе почне да се развива вистинскиот предпадовен Адам (Ева). А возрасниот кој и покрај тоа што и со својот ум и срце на рационален начин ќе го прими Христа и Неговата Наука и Жртва, макар колку и да е развиена личност со изградени принципи за Доброто, во него се поприсутни изразите на злото, кои се остаток од паднатата човекова природа. А вкоренетите зла (во возрасен човек) и страстите потешко се чистат, отколку да се заштити младата лоза (детето / бебето) од злото, а вистинската заштита и поткрепа доаѓа од Бога, па примајќи го Светото Крштение, Личноста на човекот уште од мал е облечена во СИЛА(ТА НА СВЕТИОТ ДУХ) и се’ повеќе во текот на Животот расте и јакне во БОГА.
Затоа Крштението е наречено БАЊА НА НАНОВОРАЃАЊЕТО, бидејќи во човекот се обновува образот, се обновува Потенцијалот на Совршениот Човек, создаден да расте и да станува се’ посличен на својот Творец.
Што би можело да биде Бања на НановоРаѓањето? Словото? Светото Писмо? Ако е така, тогаш зошто се употребува терминот “Бања“, а не терминот “Слово на НановоРаѓањето“ или “Свето Писмо на НановоРаѓањето“. Баш затоа за да се приближи концептот на потопувањето, концептот на Водата.
Дури сега може на вистински начин може да се разберат стиховите приложени погоре.
Возрасен човек не би ни можел да се прероди ако најпрвин не му биде соопштено Спасителното Дело на Живиот Бог, за да би можел откако би го чул Словото да се очисти од своите гревови и СКЛОНОСТ КОН ГРЕШЕЊЕ и ПРАВЕЊЕ ЗЛО, за да би можел, односно би бил способен, т.е. би имал капацитет да Го прими Христовото Учење за ПРАВЕЊЕ ДОБРО. Зашто во човек кој има зло во себе, сериозно е прашањето дали тој може и колку може да прави ДОБРО. Затоа Бањата на НановоРодувањето го Очистува човекот од злото и му втиснува потенцијал за правење Добро. Сето ова оди во согласност со неговата слободна волја. Не можеш да Крштеваш насила возрасен човек.

Затоа, слободно Крштевајте ги Вашите деца, бебиња, немојте да мислите дека е неБиблиски, бидејќи очигледно е дека АРГУМЕНТИТЕ од БИБЛИЈАТА зборуваат дека може! Но, за тоа на колку дена/месеци после телесното (биолошкото) раѓање може/треба да се Крштева бебето, е тоа прашајте ги Презвитерите (тоа се луѓето што Ви се попознати како “Попови“, ако евентуално не знаете).
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Дете доста замараш со тоа водата, темата не е во што треба да се крштеваме, туку КОГА треба да се крштеваме.
Зошто треба со вода? Затоа што така Библијата учи така.

1. Самиот збор крштевање (на грчки баптиѕо) значи "потопување", "да потопиш нешто".

2. Дали тоа може да се толкува дека може и во вино да се потопуваме? Не! Тоа се гледа од следниов стих:

"А кога патувајќи дојдоа до некоја вода, евнухот рече: “Еве вода! Што ме спречува да се крстам? (на грчки: "потопам")"
(Дела 8:36)

Ете ти докажав, а сега доста замараш и врати се на темата. :kesa:
Доказ?!

1. Поимот “Потопување“ не значи сам по себе “Потопување во ВОДА“
2. Ми даде пример КАКО СЕ КРШТЕВАЛ ЕДЕН ЧОВЕК, но не ми даде објаснување зошто мора ВО ВОДА?
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Затоа што Христос така заповедал!
Ние христијаните се крштеваме во вода, а ти ако сакаш и во пиво крсти се :)
 
Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Затоа што Христос така заповедал!
Овој коментар, како и коментарот “Така пишува во Светото Писмо“ се коментари зад кои се кријат “Библијските“ Христијани кога не ја знаат СУШТИНАТА на нештата, до која се доаѓа И со размислување со своја глава, ВРЗ БАЗА НА НАПИШАНОТО ВО БИБЛИЈАТА. Тие тоа го велат бидејќи се базираат САМО на Светото Писмо, а го завиткуваат во шамијче талантот кој им е од Господ даден, а тоа е УМОТ и РАЗУМОТ. Кога ќе дојде Господ да види што си сторил со тој талант, ќе се разжалости, бидејќи ти бил даден за да го користиш, а не да не го користиш. Не го сфаќај како навреда ова, бидејќи ни од далеку немам намера да те навредувам! Сакам да кажам дека Светото Писмо не треба да ни го затвори умот и за лично размислување. Треба да се чита Библијата, но таа не не’ затвора за слободно размислување, не ни ги затвора очите, не ни ја одзема слободата! Напротив, мислам дека Библијата налага да размислуваме и со своја глава, за да би дошле до вистинските одговори, до вистинските ставови!
Ние христијаните се крштеваме во вода, а ти ако сакаш и во пиво крсти се :)
Дали за Крштение ќе ми се признае од Господ ако се потопам во пиво?
Ако ДА - зошто ДА? (поткрепи со Библијски Аргумент)
Ако НЕ - зошто НЕ? (поткрепи со Библијски Аргумент)

Кажи ми ја суштината, а не формата!
 
Член од
24 февруари 2008
Мислења
22
Поени од реакции
1
Овој коментар, како и коментарот “Така пишува во Светото Писмо“ се коментари зад кои се кријат “Библијските“ Христијани кога не ја знаат СУШТИНАТА на нештата, до која се доаѓа И со размислување со своја глава, ВРЗ БАЗА НА НАПИШАНОТО ВО БИБЛИЈАТА. Тие тоа го велат бидејќи се базираат САМО на Светото Писмо, а го завиткуваат во шамијче талантот кој им е од Господ даден, а тоа е УМОТ и РАЗУМОТ.
Сакаш да кажеш дека и Христос немал УМ и РАЗУМ кога, при искушувањето од Сатаната, се бранеше со библиски стихови: "Напишано е!"?
Сакаш да кажеш дека ни Христос немал УМ и РАЗУМ затоа што се држал само до Божјиот Збор?
Сакаш да кажеш дека "талантот" во параболата на Исус го претставува човечкото филозофирање и надмудрување на Божјиот Збор?
Сакаш да кажеш дека колку повеќе таланти имаме толку сме попаметни од Бог?
Дали така размислувале старите отци, оние кои ги земате како авторитет пред Божјото Слово?

Августин: Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!
(Августин: За Единството на Црквата)

Атанасије Велики: Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината
(Атанасије: Контра Паганите I:3)

Кирил Александриски: „За божествените и светите верувања на нашата вера, не смееме да дадеме ниту најмала забелешка, ако таа не е потврдена од Св. Писмо... Не ми верувајте затоа што ви кажувам нешто, освен ако истото не е потврдено од Св. Писмо. Нашето спасение, кое е нашата вера не е мудри размислувања, туку е докажана преку Св. Писмо.“
(Катехизам на Кирил Александриски, Лекција 4:17)

Григориј Ниски: „...ние немаме таква дозвола, да тврдиме што ќе посакаме, туку Св. Писмо е нашето ПРАВИЛО и МЕРКА за секое начело. Го фокусираме нашиот поглед само на него, и го дозволуваме само тоа што е во склад со тоа Писмо“
(Григориј Ниски: Догматика: За Душата и за Воскресението“.)

Јован Златоуст: „...нема да се потпирам врз сопствените размислувања, туку НАПРОТИВ, ќе ги докажам според Св. Писмо, за да биде сигурно и непоколебливо“
(Јован Златоуст: 8-ма Хомилија, За Покајанието и за Црквата)

Јован Златоуст: Велат дека нештата околу рајот треба да ги разбереме НЕ КАКО ШТО ПИШУВА, туку на друг начин. Но кога Св. Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.
(13 Хомилија на Битие).

Ете гледаш? Дури ни твоите авторитети не размислувале како тебе и биле како мене "БЕЗУМНИ" и "НЕРАЗУМНИ".
А ти и понатаму остани со УМ и РАЗУМ, но, во меѓувреме, повторно ќе бидам безумен, повторно ќе го завиткам талантот во шамивчето :) и ќе ти цитирам еден стих:
"зашто е напишано: „Ќе ја уништам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на умните."
(1 Коринтјани 1:19)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom