- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
АМЕРИКА ГО БЛОКИРАШЕ РУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА КОСОВО
Советот за безбедност не ги осуди дејствијата на Приштина
Најголем противник на руското соопштение беше Америка. Вашингтон не виде причина за осуда на Приштина, која ги испрати своите специјални единици на северот на Косово, со што ќе сносат одговорност ако се повторат дејствијата
Советот за безбедност на ОН не ги осуди едностраните чекори на Приштина, кога кон крајот на минатиот месец, употребувајќи сила, се обиде да преземе два административни премини во северниот дел на Косово. На седницата посветена на состојбата во Косово и Метохија, членките на СБ ги осудија насилствата во покраината и повикаа на воздржаност и продолжување на преговорите меѓу Белград и Приштина, но го блокираа рускиот предлог за декларација, објавуваат српските медиуми.
Најголем противник на руското соопштение беше Америка. САД инсистира сите припадници на српските власти да се повлечат од Косово, на што српскиот шеф на дипломатијата одговори дека постои само една паралелна структура на Косово и се наоѓа во Приштина.
- Зошто беше невозможно да се прифати соопштението за она што повеќе или помалку беше истакнато на оваа седница. Оние што го блокираа предлогот сносат одговорност да се повторат едностраните дејствија што ги презеде Приштина, изјави по седницата српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.
И покрај негодувањето на Белград, американската претставничка Розмари Ди Карло оцени дека Косово, како независна држава, има право да спроведува сопствени закони на целата своја територија. Според неа, дијалогот не е во врска со статусот, бидејќи Косово недвосмислено е независна држава, а спротивните тврдења само ја поткопуваат стабилноста во регионот и аспирациите на Белград и Приштина за влез во ЕУ. Им порача на двата табора да продолжат со преговорите, за да се подобри живото на граѓаните на Косово. Руската страна, пак, во потполност го поддржува интегритетот и суверенитетот на Србија. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин ги осуди дејствијата на Приштина кои, според него, ја дестабилизирале и онака кревката ситуација на Косово. Останатите членки воглавно беа умерени во критиките и оценија дека Белград и Приштина треба да продолжат со дијалогот, бидејќи тоа е единствениот начин да се дојде до решение.
ЕУЛЕКС и КФОР претресуваа куќи во Северно Косово
Специјалните единици на ЕУЛЕКС со поддршка на КФОР вчераутро спроведоа повеќечасовна акција во која беа претресувани куќи во Зупче, во потрага по извршителите на убиството на припадникот на специјалните сили на косовската полиција. Брутално, пред изгрејсонце, биле претресени три куќи. Локалните Срби поради тоа ги блокираа магистралните и споредни патишта помеѓу Митровица и Зубин Поток. Кон блокадите им се приклучиле и Срби од другите населби во општината Зубин Поток, изјави портпаролот на Регионалната команда на косовската полиција за Митровица, Бесим Хоти.
Припадникот на специјалните полициски сили на Косово, загина во немирите на северот на Косово, кои се случија кон крајот на јули. До нередите дојде откако приштинските власти ги испратија специјалците на административните гранични премини Јариње и Брњак.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=47E905CD8800F94BAA873BD6D7E947C3