Руски колеџ во Свети Николе

Др.Офболи

Багабонти
Член од
13 јуни 2009
Мислења
145
Поени од реакции
3
Институтот е акредитиран во Македонија и Руската Федерација.
А бидејќи и двете не се членки на ЕУ никој не ти гарантира дека дипломата ќе ти е признаена во ЕУ или други земји.
Па ти ако сакаш да работеш во европа или било каде на друго место иди на некој што е акредитиран во ЕУ. Секој не е во можност да побара работа надвор од Македонија!!!
 
Член од
8 јули 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво на сите , јас сум нов член на форумот и годинава се запишав на универ. во Св.Николе - Психологија вонредно, ме интересира дали има некој што е на истиот факс. ептен би ми помогнало да се консултирам за некои работи што ме интересираат и ако има некој од Ск би било супер и да се видиме.
Малку ме фаќа паника зашто имам 27 год. одамна излегов од клупа :).
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Здраво на сите , јас сум нов член на форумот и годинава се запишав на универ. во Св.Николе - Психологија вонредно, ме интересира дали има некој што е на истиот факс. ептен би ми помогнало да се консултирам за некои работи што ме интересираат и ако има некој од Ск би било супер и да се видиме.
Малку ме фаќа паника зашто имам 27 год. одамна излегов од клупа :).
Немај гајле колешке има многу постари од тебе на нашиот факултет :helou:
 
Член од
8 јули 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Е ме утеши за возраста сеа ххаххахаа, нека се јави некој шо е на психологија плизззззззззззззз :)
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Е ме утеши за возраста сеа ххаххахаа, нека се јави некој шо е на психологија плизззззззззззззз :)
пребарај некој преку фејсбук на официјалната страна на факутетот, тука скоро невозможно е некој да ти се јави :)
 
Член од
8 јули 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Оф леле не го сакам тој фејсбук ич ама , него мука на све ќе те натера :) Thanks !
 

Др.Офболи

Багабонти
Член од
13 јуни 2009
Мислења
145
Поени од реакции
3
КОНКУРС за упис на студенти на втор циклус на студии


Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високото образование на Р.Македонија (сл.весник 35/2008) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе, Република Македонија и Решението за акредитација бр.17-88/26 и 17-88/25 од 14.03.2011 година, Управниот одбор на ден 21.03.2011 година донесе одлука за упис на студенти на втор циклус на студии и го објавува следниот

КОНКУРС

за запишување на втор циклус на студии

на Факултетот за економија и организација на претприемништвото

на насоките Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија

и Маркетинг Менаџмент


1.Број на студенти

На студиска програма Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија на втор циклус на студии во времетраење од два семестри ќе се запишат 35 студенти. На студиска програма Маркетинг Менаџмент на втор циклус на студии во времетраење од два семестри ќе се запишат 35 студенти.


2.Услови и критериуми за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии).

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите во износ од 1500 евра (за една учебна година) во денарска противвредност сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата.


3.Рокови за пријавување и запишување

Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на ПВУ Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе во периодот од 24.03.2011 до 15.04.2011 година.


4.Потребни документи за запишување

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

- Диплома за завршен прв циклус на студии;

- Уверение за положени испити;

- Извод од матична книга на родените;

- Фотокопија од лична карта;

- 4 мали слики во боја;


Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе Република Македонија во Свети Николе на ул.Маршал Тито бр.77. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202 или на електронскатa пошта info@slavinst.edu.mk.

--- надополнето ---

КОНКУРС за упис на студенти на втор циклус на студии


Врз основа на член 108 и член 110 од Законот за високото образование на Р.Македонија (сл.весник 35/2008) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе, Република Македонија и Решението за акредитација бр.17-167/5 и 17-167/6 од 16.03.2011 година, Управниот одбор на ден 21.03.2011 година донесе одлука за упис на студенти на втор циклус на студии и го објавува следниот


КОНКУРС

за запишување на втор циклус на студии на студиските програми

на Факултетот за Психологија

на насоката Психологија во социјална заштита

(едногодишни и двегодишни студии)


1.Број на студенти

На студиската програма Психологија во социјална заштита на втор циклус на студии во времетраење од два семестри ќе се запишат 20 студенти. На студиската програма Психологија во социјална заштита на втор циклус на студии во времетраење од четири семестри ќе се запишат 20 студенти.


2.Услови и критериуми за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) и 180 ЕКТС (тригодишни студии).

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите во износ од 1500 евра (за една учебна година) во денарска противвредност сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата.


3.Рокови за пријавување и запишување

Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на ПВУ Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе во периодот од 24.03.2011 до 15.04.2011 година.


4.Потребни документи за запишување

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

- Диплома за завршен прв циклус на студии;

- Уверение за положени испити;

- Извод од матична книга на родените;

- Фотокопија од лична карта;

- 4 мали слики во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Г.Р.Державин” Свети Николе Република Македонија во Свети Николе на ул.Маршал Тито бр.77. За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202 или на електронскатa пошта info@slavinst.edu.mk
 
Член од
6 април 2015
Мислења
423
Поени од реакции
150
дали има на факултетов насока Безбедност ?
 
Член од
6 април 2015
Мислења
423
Поени од реакции
150
ама насока безбедност и финасиска контрола ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom