Доколку ова е точно, тогаш Владимир Путин ја има целосната поддршка од моја страна за ваквиот потег.
Чисто за потсетување, една од бројните шпекулации за главните финансиери на хунтата во Киев, гласи дека компаниите кои се занимаваат со производство на генетички модифицирани производи се едни од финансиерите на хунтата, бидејќи ги чека плодно земјиште во Украина за уништување со нивните генетички модифицирани отрови после војната.
Сепак тоа е само шпекулација за која допрва ќе дознаеме колку е точна и веродостојна информација, но знам дека човештвото мора да се освести што е можно поскоро и да се ослободи од генетички модифицираните отрови, а ако Русија одлучила да биде лидер во областа на забранувањето на генетички модифицираните отрови, и симнувам капа за таквиот потег.
http://faktor.mk/2015/01/26/rusija-vo-totalna-vojna-so-globalnite-gospodari-tselosna-zabrana-na-uvoz-proizvodstvo-i-upotreba-na-gmo/
Русија во тотална војна со глобалните господари: Целосна забрана на увоз, производство и употреба на ГМО!
јануари 26, 2015
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна потпиша Кодекс на Руската Федерација за административни прекршоци според кои парично се казнуваат оние кои ќе ги прекршат условите за обележување на ГМО производи, воведувајќи уште по строги закони за увоз на ГМО производи.
Дали Русија наскоро ќе успее целосно да забрани ГМО на својата држава?
Комисијата на руската влада за правни активности го одобрила нацртот кој го донел министерството за наука и образование и го поддржал рускиот министер за земјоделство, Николај Фјодоров, а кој ќе забрани одгледување на генетски модифицирани организми во Русија.
Тоа не се однесува на научните истражувања (испитувања на опасноста од ГМО).
Владимир Путин неодамна се состана со рускиот Совет за безбедност по повод статусот и проблемот на националната безбедност поврзани со употребата на ГМО. Токму после овој состанок е потпишан нацртот на федералниот закон.
Доколку Русија успее да го одобри овој закон, постои надеж дека светот ќе биде ослободен од генетски модифицираните култури.
Нацртот ќе ги зајакне моменталните федерални закони за регулација на генетскиот инжинеринг со цел намалување на ризикот по луѓето и околината.
Целосно ќе се забрани одгледување на ГМО освен во случај на научни истражувања, но и ќе воведе построги контроли на ГМО производи, кои ќе мора да бидат регистрирани преку владина агенција.
Што е најважно, законот овозможува целосна забрана на увозот на ГМО во Русија врз основа на моменталните и идни истражувања кои веќе заклучиле дека постојат негативни ефекти од конзумирањето на овие производи. Законот предвидува и административни казни поради кршење на законот за увоз и одгледување.
Се очекува состанок на руските власти на кој нацртот ќе се земе во разгледување. Иако Русија е веќе многу близу до целосна забрана на ГМО, во моментот постојат 18 ГМО сорти во ГМО производите чиј увоз е одобрен. Иако тоа е многу пониско отколку во другите држави, и ако одгледувањето во Русија е забрането, ставовите стануваат се построги.
Премиерот Димитриј Медведев рекол дека Русија нема намера да увезува ГМО во блиска иднина.
Дали Русија наскоро ќе стане земја ослободена од ГМО?
И.Р.