- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 1.644
- Поени од реакции
- 1.677
Triple facepalm за муабетов. Овој Путин за ништо не сака да превземе одговорност. Само бара изговори и посочува прст кон други, а 15 години е на власт во Русија.Како функционира Централна Банка на Русија?
Нема скоро ниту една централна банка во светот на која не и е дозволено да ја поддржува националната економија.
Руската централна банка е единствениот исклучок. Ова е нејзината посебна карактеристика.
Законот вели дека банката е претставништво на странските компании во Русија.
На пример, руската Централна банка е депозитар на ММФ. Во законот на Централната банка нема ниту збор за руската економија.
Тој закон сепак содржи детални инструкции за тоа како да ги следат и извршуваат инструкциите од странство.
Законот беше направен за време на 1990-тите. Путин се обидел да го измени во 2000-тата, но тоа не вродило со плод. Како резултат на тоа, според рускиот Устав, Централната банка на Руската Федерација работи за странска држава.
Оваа состојба ги наметнува санкциите против Русија. Руската централна банка е должна да ги извршува инструкциите од САД - Американците си поставија официјална задача да ја ослабнат руската економија.
"Сите ние - луѓето, Владата, Централната банка, пратениците - сите ние работиме врз основа на Уставот и законите. Нашите закони ни велат дека немаме суверенитет. Централната банка работи за странска земја - ова е официјално правило на Уставот.“ - Евгениј Алексеевич Федоров пратеник во Државната Дума на Сојузното собрание на Руската Федерација.
Оригинален текст:
США консультирујут ЦБ, как душить Россију
http://www.pravda.ru/economics/rules/centralbank/26-12-2014/1241630-centrobank-0/
После ова четиво дефитнитивно појасни ни се потезите на ЦБ на Русија, на пример зошто ја пуштија рубљата во слободен пад и зошто не превземаат дејствија според инструкциите на државните органи.
Востанието во Новорусија не е 100% успешно - командантите се криви, убијте ги.
Рубљата падна - ЦБ е крива. Не му текна во 15 години да ја разнообрази економијата и да ја намали корупцијата, влегува во конфликт со две од најголемите економии во светот и очекуваше дека се' ќе му иде како подмачкано? Сега друг е крив.
Интересно е што за прв пат по руски националистички сајтови како русвесна читам незадоволство спрема Путин.