Русија - смена во надворешната политика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој знае да ми каже како стои работата со санкциите кон Русија и нашава "држава"?
Ја колку што знам ние не се приклучивме кон економските санкции (како ЦГ и Алб), но ја подржавме необврзувачката резолуција во ООН (од пред некој месец).
 
Бугариja и бугарите немат интерес този гасовод да се гради при сегашните услови и тоа го знаат овде и малите деца,а уште поубаво е дека Брисел настапи и стави закана ком владата овде.

Не знам кои се сегашните услови, ама што кога Русија ќе понуди уште попривлечнии цени на гасот од Јужниот Ток?
Бугарија ќе ги жртвува сопствените интереси за политичките цели на ЕУ?
(цели кои всушност се наметнати од САД, и не се вистински интерес на ЕУ)

Нормално, чисто хипотетички прашувам... се ќе се сведе на тоа кој ќе успее да ги поткупи локалните олигарси што се на власт. ;)

П.С. што точно значи „задунаjската губерниja„?
- Заддунавска управна област, или така нешто?
 
Бугариja и бугарите немат интерес този гасовод да се гради при сегашните услови и тоа го знаат овде и малите деца,а уште поубаво е дека Брисел настапи и стави закана ком владата овде.
Русиja целостно е во офанзива за вракане на задунаjската губерниja во нивна сфера на влиjaние и тоа стресе западот.
http://www.dw.de/задунајската-губернија-б'лгарија/a-17678629
Ти си само еден обичен евроталибански фанатик кој живее и веројатно има бугарско име и презиме но кој е платен или едноставно безобразен и циничен човек кој за своите газди би го убил и сопственото семејство.
Твоето присуство тука за да ги промовираш бездушните и безочни ѕверови кои седат во Вашингтон,и преку твојот профил да фрлиш сенка за сите Бугари е одамна прочитано.
За тебе, и од тебе,толку :sneaky:
 
Бугариja и бугарите немат интерес този гасовод да се гради при сегашните услови и тоа го знаат овде и малите деца
Jaс викам да ги прашаме Бугарите да си кажат дали немаат интерес.
 
Jaс викам да ги прашаме Бугарите да си кажат дали немаат интерес.
Па официјална Софија има истакнато, дека проектот е од важно значење за Бугарија.
 
Последно уредено:
Jaс викам да ги прашаме Бугарите да си кажат дали немаат интерес.
Па прашаjте ги како гледат на цената от 3,5 милиарда евра за изградба,коja е превисока со камата мегу 6-8%.
Jaс кажав-при ваквите услови се знае... Цената от 1,5-2 милиарда евра порасна на 3,5 милиарда. Лугето не са прости и знаат,дека разликата ке иде во некоj джеб. ;)
А от вчера,владата на коja се крепи желбата на Jжен поток при ваквите услови почти падна и веке се зборува кога ке замине и кога са новите избори.[DOUBLEPOST=1402039923][/DOUBLEPOST]
Па официјална Софија има истакнато, дека проектот е од важно значење за Бугарија.
ДА,но пропушташ-при пазарни услови и според третиот енегетски пакет на ЕУ. :)
http://www.vesti.bg/bulgaria/politika/plevneliev-poddyrzham-iuzhen-potok-6004554[DOUBLEPOST=1402040542][/DOUBLEPOST]
Не знам кои се сегашните услови, ама што кога Русија ќе понуди уште попривлечнии цени на гасот од Јужниот Ток?
Бугарија ќе ги жртвува сопствените интереси за политичките цели на ЕУ?
(цели кои всушност се наметнати од САД, и не се вистински интерес на ЕУ)

Нормално, чисто хипотетички прашувам... се ќе се сведе на тоа кој ќе успее да ги поткупи локалните олигарси што се на власт. ;)
Коj ти кажа, дека ке има попривлечни цени на гаса от Jжен поток?
Русиja во моментот нема пазар да заполни 100% от Jжен поток реално.
Единствениот интерес на Бугариja овде е прека врзка мегу Русиja и Бугариja.
Цената е превисока и со многу схеми на олигарси, каматата е преголем, Jжен поток ке се изплатува 30-40 години. Или во интерес на Бугариja е таа да не може да користи цевките на Jжен поток за да извезува гас от идните потенциали во Црно Море?! Тоа е бугарски интерес?
 
Последно уредено:
Секако дека енергенс како природниот гас, добиен по провлечни цени, е добра работа за економијата на една нормална држава.
Но несомнено си во право за махинациите на олигарсите и корупцијата во Бугарија. Тоа го гледаме на цел Балкан (и пошироко).

А тоа што го кажуваш дека владата во Бугарија паднала, многу зборува... За тоа што се случува на владите што макар и малку одат против интересите на САД.
 
Знаеше се сека таа влада ке падне поради патовата ситуациja во собранието. Овде не е прашане ни на САД,ни на ЕУ, ни на никоj. После изборите за евродепутати се види што се деси.
Не знам зашто сметаш,дека енергеносот - гас по Jжен поток ке ти биде на друга цена?![DOUBLEPOST=1402056119][/DOUBLEPOST]Еве едно интерно изтражуване. Наjдругарските држави според руснаците:
1. Беларус
2. Кина
3. Казахстан
4. Армениja
5. Индиja
6. Куба
7. Азербеджан
8. Бугариja
9. Таджикистан
10. Молдавиja
11. Узбекистан
12. Киргизиja
13. Србиja
14. Венецуела
15. Турциja
http://www.levada.ru/05-06-2014/otnoshenie-rossiyan-k-drugim-stranam
 
Последно уредено:
Зошто?

Заради истите причини зошто Кина доби поволни цени за нивниот увоз на гас. И заради истите причини зошто Казакстан и Белорусија добија повеќе повластици во Евроазискиот царински сојуз. И заради истите причини зошто на Куба и на Северна Кореја им се отпишаа најголемиот дел од долговите, во замена за потпишување договори за увоз на руски енергенси... Треба да продолжам да редам скорешни настани, или поентата сепак е кристално јасна?
 
Немам читано што Евроазискиот Сојуз содржи (знам дека е по принцип на ЕУ само без политичката бирократија и црвени линии) но гледам дека повеќето западни медиуми уште сега го осудуваат дека е осуден на пропаст, дека е погрешен чекор или дека е катастрофален и не води никаде. Поради ова јас сметам дека напротив, тој е значаен и важен економски сојуз за Русија и оние во него.
 
Па и Европската Унија од поодамна го изгуби својот легитимитет и е осудена на пропаст, па еве гледаме како евробирократите ја одржуваат во живот со тероризирање на граѓаните на државите членки на ЕУ со штедни политики, па дури и сакаа да воведат закон со кој ЕУ ќе има право да си го пика носот во домашните политики на државите членки до тој степен што ќе може да им кажува на што треба и на што не треба да ги трошат парите од сопствените буџети.

ЕУ првично била замислена како заеднички слободен пазар, но веќе подолго време се стреми кон тоа да биде федерација на држави, а не само обичен клуб на економски и деловни интереси.

Можеби Путин и неговиот Евроазиски Сојуз се уште една обична измама како Европската Унија, осудени на пропаст, но доколку е така, тогаш Европската Унија треба прва да дочека пропаст, а потоа Путин и Евроазискиот Сојуз.
 
ЕУ првично била замислена како заеднички слободен пазар, но веќе подолго време се стреми кон тоа да биде федерација на држави, а не само обичен клуб на економски и деловни интереси.

Вреди да се погледа ова (тотално заборавив од каде го симнав, најверојатно од торент):

http://www.imdb.com/title/tt3037906/
Euromania_Flag_UK_SMALL-211x300.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom