Русија - смена во надворешната политика?

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Tоа с-400 што го продаваат русите за надвор е фактички с-300 надградено. Никоја воена сила не го продава своето најново оружје дури не направи подобро од тоа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.854
Tоа с-400 што го продаваат русите за надвор е фактички с-300 надградено. Никоја воена сила не го продава своето најново оружје дури не направи подобро од тоа.
Па С-400 е модификација на С-300. Иначе си имаат русите свои планови, немојте да мислите дека пијат нафта. Секое орудие за извоз има извозна варијанта која не е иста со оригиналната, значи овој С-400 што го добиваат сите најверојатно не го има истиот радар како оригиналниот систем него некој послаб како тие на С-300 кои ги имаат држави на Нато како Грција, Бугарија, Словачка.

Тројански коњ?
Па на некоја врста е тројански коњ, преку овие системи русите го шират своето влијание.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Нема врска, каков тројански коњ. Го купува СА и американците ја имаат технологијата во раце. Сигурно и веќе им е позната, ама вака би имале физички примерок и би краделе патенти.
Мора тогаш да се запрашаш зошто толку многу се противат на купување на тој систем одејќи дотаму што дури се закануваат со санкции за земјите што планираат да го купат.
Зошто Иран и покрај стратешкото партнерство со Русија и непријателските односи со САД не го доби неколку децении постариот С-300 се до годинава?
Зошто Сирија немаше да го добие да не беше настанот со соборениот Руски авион?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.609
Поени од реакции
26.115
Мора тогаш да се запрашаш зошто толку многу се противат на купување на тој систем одејќи дотаму што дури се закануваат со санкции за земјите што планираат да го купат.
Зошто Иран и покрај стратешкото партнерство со Русија и непријателските односи со САД не го доби неколку децении постариот С-300 се до годинава?
Зошто Сирија немаше да го добие да не беше настанот со соборениот Руски авион?
Нема врска тоа што збориш, САД мора да биде попаметната и посилната страна иначе не ти држи вода констатацијата... и по можност мора да го нагласиш тоа :)
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Мора тогаш да се запрашаш зошто толку многу се противат на купување на тој систем одејќи дотаму што дури се закануваат со санкции за земјите што планираат да го купат.
Зошто Иран и покрај стратешкото партнерство со Русија и непријателските односи со САД не го доби неколку децении постариот С-300 се до годинава?
Зошто Сирија немаше да го добие да не беше настанот со соборениот Руски авион?
Види, јас сум на став дека нема тајни меѓу САД и Русија и дека многу знаат едниот за другиот. Ова јас што го пишав, мислам дека е така затоа што американската логистика мора да знае секој што е фактор со што располага, а саудијците и иранците сакале ние или неќеле, се некој регионален фактор.
Врската меѓу СА и САД не е од ист карактер како меѓу Иран и Русија или Асад и Русија. Прво и основно, Америка мора да 'ржи на све што се случува. Ако нешто не им оди во прилог, одма критикуваат, пошо имаат масивна администрација за надворешна политика што е многу ажурна.
Зошто конкретно саудијците пазарат кај Русија? Прво, мислам дека сите ние многу наивно ја перцепираме политиката. Тие се добри сојузници со САД, ама тоа не значи дека сакаат да бидат на нож со Русија, пошо се свесни дека светот врти. Не се телци ко нас. Ние ЕУ и Нато и ако треба први ќе и објавиме војна на Русија...не се праи така.
Второ, буџетите на СА за војска се многу големи. Внатре немаат никаков притисок, практично имаат тотална контрола врз населението и кој ќе им каже дека е доста? Плус може да го користат во периферни војни во кои само ќе се кошкаат со Иран и ќе глумат некој фактор. СА е веројатно најглупата држава на светот шо може да постои. Не среден век, ни у време на робови не било така.
Рускиот авион е соборен од Израел пошо им се косат интересите со Голан. Тоа е практично американско масло, затоа што таа нафта иде у Америка, поточно парите идат таму.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Слични ама не и исти се причините зошто русите не им испорачуваа С-300 на Сирија и Иран.

Во Сирија системот директно ќе се вклучи во борбени дејствија и со неговите тех-експл к-ки ќе има поприлично влијание врз целокупната ПВО одбрана, значи во одредени сектори значително ќе се зголеми потентноста. Меѓутоа истиот ќе биде апсолутно легитимна цел за Западот и може да се случи нешто неочекувано а тоа е на прилично лесен начин да биде неутрализиран, шо не мора да значи дека е до самиот систем, може е до посадата и околностите во кои се користи итн. меѓутоа во јавноста тоа ќе биде претставено сосема поинаку. Точно е тоа дека се опремени со friend/foe системи за распознавање меѓутоа постојат беспилотни летала кои единствена намена им е да создаваат радарски потписи кога се во лет и можат да го копираат радарскиот потпис на поголем дел од леталата кои се во оперативна употреба низ светот, така да не е баш едноставна работата.

Во Иран ситуацијата се сосема поинаква, иранците се доста техничко технолошки напредни и делумно назвисни во наменската индустрија а тоа се должи во најголем дел на копирањето на туѓи технологии, и тоа го практикуваат во сите сегменти на вооружувањето. Према ова “стравот“ на русите да дојде до несакан трансфер на технологија и сл.Да понудат поефтина варијанта да продадат инфо...
Инаку колку добри сојузници се Иран и Русија се покажа кога категорично беше одбиено барањето иранските вооружени сили пред се морнарицата да добива логистичка помош од руската поморска база во Тартус за своите операции во Сирија.

Е сеа во поглед на тоа по шо се разликуваат извозните од домашните варијанти на системот веројатно зависи кој е муштеријата :icon_lol:
Основно е да се прилагоди енкрипцијата на системот со таа на купувачот и неговите комуникациски системи итн, меѓутоа во добар дел се случува и да се работи за мајмунски или соголен модел т.е варијанта (monkey/stripped).
Така да иако во јавноста стои дека се работи за С-300ПМ2(У-извозна варијанта) тоа не мора да се зема здраво за готово.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.854
Русите и американците удираат на профит од ќора техника многу одамна, пример абрамсите на ирак и СА не се ни приближно исти со америчките у поглед на заштита. М84 на кувајт од југословенско производство е бајаѓи подобар тенк од советскиот т-72 на ирачаните кој беше прегазен од американците иако налик се исти. Исто миговите што најчесто русите ги извозувале се играчки, никакви слаби радари и авионики, одлична можност да те упукаат како гулаб нешто што се дешавало со руски авиони низ конфликтите низ светот па од таму толкава лоша репутација, а како добар пример на квалитетно орудие ќе го спомнам ф-14 томкат кој американците им го дале на Иран пред револуцијата, иста спецификација како америчките, сол ги имаат направено авионите на Садам во војната меѓу Ирак и Иран. Ги сфаќам Иран и зошто не сакаат да купуваат туѓо оружје.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.067
Поени од реакции
4.716
Види, јас сум на став дека нема тајни меѓу САД и Русија и дека многу знаат едниот за другиот. Ова јас што го пишав, мислам дека е така затоа што американската логистика мора да знае секој што е фактор со што располага, а саудијците и иранците сакале ние или неќеле, се некој регионален фактор.
Врската меѓу СА и САД не е од ист карактер како меѓу Иран и Русија или Асад и Русија. Прво и основно, Америка мора да 'ржи на све што се случува. Ако нешто не им оди во прилог, одма критикуваат, пошо имаат масивна администрација за надворешна политика што е многу ажурна.
Зошто конкретно саудијците пазарат кај Русија? Прво, мислам дека сите ние многу наивно ја перцепираме политиката. Тие се добри сојузници со САД, ама тоа не значи дека сакаат да бидат на нож со Русија, пошо се свесни дека светот врти. Не се телци ко нас. Ние ЕУ и Нато и ако треба први ќе и објавиме војна на Русија...не се праи така.
Второ, буџетите на СА за војска се многу големи. Внатре немаат никаков притисок, практично имаат тотална контрола врз населението и кој ќе им каже дека е доста? Плус може да го користат во периферни војни во кои само ќе се кошкаат со Иран и ќе глумат некој фактор. СА е веројатно најглупата држава на светот шо може да постои. Не среден век, ни у време на робови не било така.
Рускиот авион е соборен од Израел пошо им се косат интересите со Голан. Тоа е практично американско масло, затоа што таа нафта иде у Америка, поточно парите идат таму.
Супер, се сложувам со напишаното, само сакам да се надоврзам дека еден од начините на ширење влијание е преку продажба на оружје. Тоа лесно може да се увиди од степенот на соработка (сојузник, блиски односи итн) со земјата од каде купува оружје. Ова не е правило, но кажува доста. Дали е на повидок некаков пресврт во влијанието што го имаат САД и Русија на Блискиот исток останува да видиме.

Инаку, С-400 им е понуден и на САД.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
, сол ги имаат направено авионите на Садам во војната меѓу Ирак и Иран. Ги сфаќам Иран и зошто не сакаат да купуваат туѓо оружје.
Некакви податоци за тоа кој кого сол направил, имаш?
Имено, јас бев во Багдад скоро за целото траење на таа војна, имавме 2 или 3 узбуни за можен воздушен напад, за годинаипол.
П.С. Не на таа тема ама блиску, таму отидов 3 недели после израелското бомбардирање на нуклеарните реактори под Багдад кои беа во изградба а војната со Иран беше на почеток, можеш тука да собереш 2 и 2?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.672
Поени од реакции
38.854
Некакви податоци за тоа кој кого сол направил, имаш?
Имено, јас бев во Багдад скоро за целото траење на таа војна, имавме 2 или 3 узбуни за можен воздушен напад, за годинаипол.
П.С. Не на таа тема ама блиску, таму отидов 3 недели после израелското бомбардирање на нуклеарните реактори под Багдад кои беа во изградба а војната со Иран беше на почеток, можеш тука да собереш 2 и 2?
имаш википедија читај, и други извори, google is your friend. Тоа што си бил таму нема врска со темата
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Супер, се сложувам со напишаното, само сакам да се надоврзам дека еден од начините на ширење влијание е преку продажба на оружје. Тоа лесно може да се увиди од степенот на соработка (сојузник, блиски односи итн) со земјата од каде купува оружје. Ова не е правило, но кажува доста. Дали е на повидок некаков пресврт во влијанието што го имаат САД и Русија на Блискиот исток останува да видиме.

Инаку, С-400 им е понуден и на САД.
Јас мудро ќе ќутам и ќе чекам Израел да се прешалта, па тогаш ќе кажам дека има пресврт. До тогаш, да не не поведува шешељовски дух и да звучиме смешно како бачето или мирко велиновски.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Не можеш да правиш споредба на основен модел на чехословачка Т72ка со ирачка посада и југословенска М84ка шо е далеку поусовршена верзија на истиот тенк и плус специјално адаптирана на пустински услови со посада обучувана од ЈНА старешини. Имало веројатно и ирачки прекалени во борба посади, само генерализирам за мнозинството :icon_lol:
Тука плус ставаш М1 Абрамс :vozbud:
Настрана се околности, борбена и логистичка поддршка итн. Само симулација за споредба „глава со глава“ во борбени операции (Пустинска бура) М2 Бредли победи во оклопната борба со најмногу уништени главни борбени тенкови а е борбено возило на пешадијата.

Истото горе долу важи и за воздухопловите, џабе бројки, битки и борби, не значи тоа дека некој располагал со надмоќна техника и обратно. Кога се прави соодветна споредба, ако не мешаме баби и жаби.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Некакви податоци за тоа кој кого сол направил, имаш?
Имено, јас бев во Багдад скоро за целото траење на таа војна, имавме 2 или 3 узбуни за можен воздушен напад, за годинаипол.
П.С. Не на таа тема ама блиску, таму отидов 3 недели после израелското бомбардирање на нуклеарните реактори под Багдад кои беа во изградба а војната со Иран беше на почеток, можеш тука да собереш 2 и 2?
Која година е тоа?
Ти беше со сопруга иранка или нешто сум те помешал од другине теми?
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Која година е тоа?
Ти беше со сопруга иранка или нешто сум те помешал од другине теми?
81-82 , во Ирак бев, немаше шанса да најдам иранка таму:D
Може сум пишал некаде дека еден мој колега има сопруга од Иран, не ми се бара сега што се сум пишувал.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
81-82 , во Ирак бев, немаше шанса да најдам иранка таму:D
Па, колку знам, источен, поточно јужен Ирак, се претежно Иранци.
Сум те помешал значи. Имаше една таква прича на форумов...неверојатна, ама други муабети се тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom