Русија - смена во надворешната политика?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
На големо, директно од најголемиот производител во Кина;)
Сега неможам да знам точно што е работата, но претпоставувам дека банките имаат меѓусебна комуникација, а ништо чудно и да купуваш од Америчка компанија која е сопственик на фабриката. Сигурно има некое логично објаснување кое можеш со некоја истрага на нет да го дознаеш...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.697
Економски и социјален развој и човечко слободи ај малку поопширно објасни, оти за мене се мисловна именка. Да видам за тебе што се.
Мојата дефиниција за економски и социјален развој со човекови слободи и права подразбира обичниот смртник да види некаква заработувачка од својата работа, а не да црнчи за ситна боранија, а државната цензура на информации ни малку не придонесува за ваквиот развој.

Не знам за тебе, но на мене решетките на прозорците и жицата за фаќање на работниците кои би се фрлиле за да се самоубијат во фабриките на Фокскон и други таканаречени работодавачи, воопшто не ми делуваат како да се во духот на најосновните човекови слободи и права - а не мислам на слободата и правото на самоубиство.

А за Кина врска немаш, многу понапредни се во однос на Русите. Затоа и така напредуваат. Нив не ги интересира ко Сталин што мисли народот додека е во ВЦ, се им е дозволено се додека не им се меша во водење на државата.
Провери кај е полесно да отвориш бизнис дал Кина или Русија па збори за права.
Отворање бизнис е едно, а експлоатирање на работна сила е друго.

Види какви се условите и за инвестирање во ДР Конго, тие извезуваат дијаманти, злато, а еве и кобалт извезуваат кој допрва ќе биде уште помасовно баран за производство на батериите на електричните автомобили. А тоа што над 2 милиони луѓе веќе се бегалци поради глад предизвикан од политиките на тамошната влада сигурно нема да го пишува во флаерот за инвестирање во ДР Конго.

Јас никогаш не спомнав дека Русите се понапредни од Кинезите - иако на нивото на човекови слободи и права не верувам дека Кинезите се понапредни од нив.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Сега неможам да знам точно што е работата, но претпоставувам дека банките имаат меѓусебна комуникација, а ништо чудно и да купуваш од Америчка компанија која е сопственик на фабриката. Сигурно има некое логично објаснување кое можеш со некоја истрага на нет да го дознаеш...
Гледаш колку се несфатливи патиштата господови(капиталови);).
Ова го постирав за да сфатат некои дека ништо не е црно-бело и дека не стојат на една страна русите и им се кезат на америте, па прашање на момент е кога ќе се направат пуздер.
Јок батки, сето ова е мерење на патлаци за сметка на обичниот смртник, било и ќе си остане!
А што се однесува до кинеската компанија, таа е поранешен дисперзиран центар на една јапонска компанија.И јасно ми е мене зошто парите одат таму! Али куд га наѓе, германска банка во америка да собира кинески пари?
 
B

Bafra

Гостин

Секое плаќање меѓу различни земји иде преку SWIFT системот. Или иде преку Њујорк или Франкфурт.

Мојата дефиниција за економски и социјален развој со човекови слободи и права подразбира обичниот смртник да види некаква заработувачка од својата работа, а не да црнчи за ситна боранија, а државната цензура на информации ни малку не придонесува за ваквиот развој.
И како ќе го постигнеш тоа, некој се противи на тоа ...
Адам Смит не го сакаат, повеќето го бараат Маркс епа ете ги резултатите. Ти најверојатно си за напишаното од Маркс, ама во реалноста е невозможно :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.697
И како ќе го постигнеш тоа, некој се противи на тоа ...
Адам Смит не го сакаат, повеќето го бараат Маркс епа ете ги резултатите. Ти најверојатно си за напишаното од Маркс, ама во реалноста е невозможно :D
Како сакаш гледај на работите, но реалноста е таа - да беше Советскиот Сојуз отворена економија како Кина, и Јосиф Висарионович Сталин ќе го направеа светец исто како што и другарот Кси Џинпинг сигурно е одличен деловен партнер за тебе - освен ако му текне да почне да покажува заби и да ги практикува сталиновите методи на владеење, а ако Русите му бидат заколнатите душмани во таква ситуација, сигурно и ти ќе се водиш според принципот дека непријателот на твојот непријател е твој пријател.

А кога сме кај Карл Маркс, тој убаво потенцираше дека работодавачите - капиталистите - нема да можат до бескрај да го зголемуваат работниот ден бидејќи деноноќието сепак трае само 24 часа.

Денес, во 21-от век, има и други работи покрај неплатената прекувремена работа кои обичните луѓе не ги толерираат и секогаш е прашање на време кога ќе им дојде преку глава и ќе бараат промени.

Кинеските комунисти предводени од другарот Кси Џинпинг можат да практикуваат тоталитарно општествено уредување, но ако не им текне да попуштат на некое поле, тогаш прашање на време ќе биде кога ќе се соочат со незадоволни граѓани, бидејќи денешните деца ќе пораснат и ќе бидат утрешни мажи и жени, а како незадоволни мажи и жени нема да бидат баш онакви луѓе какви што другарот Кси и неговите сопартијци би сакале да ги имаат за свои сограѓани.
 
Последно уредено:
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Секое плаќање меѓу различни земји иде преку SWIFT системот. Или иде преку Њујорк или Франкфурт.
Тоа сакав да кажам, кој е текот на парите!
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Гледаш колку се несфатливи патиштата господови(капиталови);).
Ова го постирав за да сфатат некои дека ништо не е црно-бело и дека не стојат на една страна русите и им се кезат на америте, па прашање на момент е кога ќе се направат пуздер.
Јок батки, сето ова е мерење на патлаци за сметка на обичниот смртник, било и ќе си остане!
А што се однесува до кинеската компанија, таа е поранешен дисперзиран центар на една јапонска компанија.И јасно ми е мене зошто парите одат таму! Али куд га наѓе, германска банка во америка да собира кинески пари?
Кина има над 10% акции во дојче банка.[DOUBLEPOST=1522011413][/DOUBLEPOST]
Како сакаш гледај на работите, но реалноста е таа - да беше Советскиот Сојуз отворена економија како Кина, и Јосиф Висарионович Сталин ќе го направеа светец исто како што и другарот Кси Џинпинг сигурно е одличен деловен партнер за тебе - освен ако му текне да почне да покажува заби и да ги практикува сталиновите методи на владеење, а ако Русите му бидат заколнатите душмани во таква ситуација, сигурно и ти ќе се водиш според принципот дека непријателот на твојот непријател е твој пријател.

А кога сме кај Карл Маркс, тој убаво потенцираше дека работодавачите - капиталистите - нема да можат до бескрај да го зголемуваат работниот ден бидејќи деноноќието сепак трае само 24 часа.

Денес, во 21-от век, има и други работи покрај неплатената прекувремена работа кои обичните луѓе не ги толерираат и секогаш е прашање на време кога ќе им дојде преку глава и ќе бараат промени.

Кинеските комунисти предводени од другарот Кси Џинпинг можат да практикуваат тоталитарно општествено уредување, но ако не им текне да попуштат на некое поле, тогаш прашање на време ќе биде кога ќе се соочат со незадоволни граѓани, бидејќи денешните деца ќе пораснат и ќе бидат утрешни мажи и жени, а како незадоволни мажи и жени нема да бидат баш онакви луѓе какви што другарот Кси и неговите сопартијци би сакале да ги имаат за свои сограѓани.
Само што кинезите се поиздржливи и од нас во секс. Немаат гајле и имаат голем страв од режим. Тешко дека нив ќе ги натераш на протести.
 
B

Bafra

Гостин
Тоа сакав да кажам, кој е текот на парите!
Па такви се правилата на игра јбг. Неможе директно Комерцијална Банка да плати на некоја Кинеска банка. Парите мора да бидат евидентирани во тие 2центри па се се знае.

Како сакаш гледај на работите, но реалноста е таа - да беше Советскиот Сојуз отворена економија како Кина, и Јосиф Висарионович Сталин ќе го направеа светец исто како што и другарот Кси Џинпинг сигурно е одличен деловен партнер за тебе - освен ако му текне да почне да покажува заби и да ги практикува сталиновите методи на владеење, а ако Русите му бидат заколнатите душмани во таква ситуација, сигурно и ти ќе се водиш според принципот дека непријателот на твојот непријател е твој пријател.

А кога сме кај Карл Маркс, тој убаво потенцираше дека работодавачите - капиталистите - нема да можат до бескрај да го зголемуваат работниот ден бидејќи деноноќието сепак трае само 24 часа.

Денес, во 21-от век, има и други работи покрај неплатената прекувремена работа кои обичните луѓе не ги толерираат и секогаш е прашање на време кога ќе им дојде преку глава и ќе бараат промени.

Кинеските комунисти предводени од другарот Кси Џинпинг можат да практикуваат тоталитарно општествено уредување, но ако не им текне да попуштат на некое поле, тогаш прашање на време ќе биде кога ќе се соочат со незадоволни граѓани, бидејќи денешните деца ќе пораснат и ќе бидат утрешни мажи и жени, а како незадоволни мажи и жени нема да бидат баш онакви луѓе какви што другарот Кси и неговите сопартијци би сакале да ги имаат за свои сограѓани.
Ти си многу далеку од реалноста, не ни знаеш како функционира светот.

Ист си ко Маркс, лицемерен, сонувач, нарцис итн. Ако толку сакаш да ги плаќаш убаво работниците отвори фирма и плаќај ги, или кога ќе купуваш пелети за греење плати им 20% повеќе и кажи за работниците да се почастат :P
Затоа не продавај утопии тука. Полош си од политичар.
Имаше една изрека:
Убаво е до 25год да си за маркс, ама после тоа ако си сеуште или си административец или луд. :P

Кина практикувала порано тоталитарен режим. Сега ти е строго бизнис. Кинезот не го интересира ни религија ни политика, само $$$$ .
А Русинот т.е. Словените тие се знаат само Американецот им е крив што не се успешни :anco:

Денес, во 21-от век, има и други работи покрај неплатената прекувремена работа кои обичните луѓе не ги толерираат и секогаш е прашање на време кога ќе им дојде преку глава и ќе бараат промени.
Убаво е да бараат промени и јас сум за тоа, само да знаеш што бараш, а не само да исфрлиш гневот.
Но штом ти немаш врска каде е вистинската причина за нивната мака, тие уште помалку, па затоа пак ќе бидат злоупотребени.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.697
Само што кинезите се поиздржливи и од нас во секс. Немаат гајле и имаат голем страв од режим. Тешко дека нив ќе ги натераш на протести.
Им се случија протести еднаш во 40 години од основањето на Народна Република Кина, можат да им се случат и повторно.

Само потребен е соодветен фитил за да го поттикне населението на масовни протести, а Мислата на Кси Џинпинг може да биде почетокот на таков фитил.

Ти си многу далеку од реалноста, не ни знаеш како функционира светот.

Ист си ко Маркс, лицемерен, сонувач, нарцис итн. Ако толку сакаш да ги плаќаш убаво работниците отвори фирма и плаќај ги, или кога ќе купуваш пелети за греење плати им 20% повеќе и кажи за работниците да се почастат :P
Затоа не продавај утопии тука. Полош си од политичар.
Имаше една изрека:
Убаво е до 25год да си за маркс, ама после тоа ако си сеуште или си административец или луд. :P

Кина практикувала порано тоталитарен режим. Сега ти е строго бизнис. Кинезот не го интересира ни религија ни политика, само $$$$ .
А Русинот т.е. Словените тие се знаат само Американецот им е крив што не се успешни :anco:

Убаво е да бараат промени и јас сум за тоа, само да знаеш што бараш, а не само да исфрлиш гневот.
Но штом ти немаш врска каде е вистинската причина за нивната мака, тие уште помалку, па затоа пак ќе бидат злоупотребени.
Можеби не знам како функционира светот, но знам како функционира човечката психа, а во психата на твојот омилен деловен партнер од далечниот исток очигледно доминира стравот од неистомислениците, бидејќи во спротивно не би практикувал онаква цензура на Интернетот каква што практикува.

Еве го најтазе примерот од каква критика се плаши твојот омилен деловен партнер од далечниот исток. Ако се плаши од ваква бенигна глупост за да ја цензурира на Интернет - што не му успеа бидејќи видео записот стана вирален и веќе стана предмет на потсмев за неговата цензура во Кина - Бог знае колку им се плаши на Кинезите кои си помислуваат дека можеби заслужуваат да живеат во послободно општество.

Единствен кој продава утопии тука си ти - кој ја продаваш утопијата за Кина, која - ако не знаеше - е` држава со највисок раст на христијански верници во светот, и тоа од сите места во светот, баш државата за чии што граѓани ти велиш дека не ги интересира ни религија ни политика - а која отворено и јавно го промовира атеизмот - денес ги има над 60 милиони протестанти, наспроти едвај 1 милион во 1949 година кога другарот Мао Це Тунг ја прогласува Народна Република Кина.

Како што американците им се дежурните виновници на Русите и/или Словените за нивните неуспеси, така сигурно и на тебе дежурни виновници ќе ти бидат протестантите за било каков пад на кинеската економија или за било какви немири во Кина.

Не знам за Маркс и неговите сништа, но судејќи според твоите коментари, баш ти делуваш како твоите сништа да се сништа на административец или лудак.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Како тргнала работа со враќање на дипломати, Русите ќе имаат превработеност во Мин. за надворешни :D
Прво намерно економски блокади, сега дипломатски, следни директни воени во Сирија :sneaky:
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Shto pravat nashive, ke brkaat li ruski diplomati. ke zatvaraat li konzulati ili ambasadi. Sega mu e majkata da se oslobodime od ogromnoto rusko vlijanie i meshanjeto vo Makedonckite Raboti od strana na Rusija.

P.S. eve samo shto javija

Министерството за надворешни работи соопшти вечерва дека протерува еден дипломат на Руската Федерација, поради случајот Скрипал.

– Министерството за надворешни работи објавува дека во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и во солидарност со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, одлучи да протера еден дипломат на Руската Федерација во Република Македонија заради случајот Скрипал, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, соопшти МНР.

Нелегалното користење воено хемиско оружје е спротивно со меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји, се додава во соопштението.

Sojuznici i partneri od EU i NATO...:pos:
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866

Сеа требе да лижеме пред самитот за да не примат.
 
Очигледно Сергеј Скрипал има(л) роднини/пријатели/колеги во Македонија, па за нивна безбедност фиромистанското МНР одлучило да го протера тоа дипломатско лице.

Ама ова "во консултации" дефинитивно им е` најсмешниот елемент, да не беше потег веродостоен на постапките на Видкун Квислинг во Норвешка и на Филип Петен во Франција за време на Втората Светска Војна, ќе беше уште посмешно.

Сеа требе да лижеме пред самитот за да не примат.
Ти слободно лижи колку сакаш, но и после 12 јули 2018 нема ни во анусот на НАТО да те примат.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Ти слободно лижи колку сакаш, но и после 12 јули 2018 нема ни во анусот на НАТО да те примат.
Мислиш дека јас имам моќ да бркам руски дипломати?
Плус, мене да ме примат?
Aпчињата Декстер, си ги промашил денес.
Не ти помага ова хистеришење никако.

(а до јули има време, ќе видиме, може да биде нешто, може не)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom