RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Поприлично подолг временски период тумачам на оваа тема. Тоа се должи добар дел на изгледаните документарци посветени на бендовите кои го создадоа рокенролот и неминовната споредба на минатото со сегашноста. Споредено со тогаш ова денес е целосна летаргија. Ексцентричноста на сцена е комплетно исклучена, музичките ѕвезди се "совршени' и работат под притисок на продуцентските куќи и менаџерите, не смее ништо да отскокнува, а квалитетот на она што го произведуваат е дискутабилен. Не станува збор за создавање на неквалитетна музика, бидејќи зад параванот на музичкиот канал МТВ постојат голем број на анерграунд алтернативни бендови кои се обидуваат да го одржат квалитетот на сцената.
Сепак неминовно е да се спомене дека денес речиси и да не може да се посведочи за постоењето на лидер на бенд кој може да ја понесе публиката и да владее со сцената. Џим Морисон, Фреди Меркјури, Курт Кобејн...итн итн, се ѕвезди поприлично препознатливи по својот посебен печат на сцена и бунтовништвото. Го има ли некој ова денес? Дали само мртва рокенрол ѕвезда е добра рокенрол ѕвезда? Умре ли рокенролот со вистинските ѕвезди или пак смртта ги направи рокенрол ѕвезди? Денес читам вест дека Адам Ламберт е земен како нов фронтмен на Queen
Треба ли понатамошен муабет по ова прашање? Што ли ги натера членовите на еден од најкултните бендови да најде замена за Фреди во ликот на човек како овој? Зарем не им е јасно дека без Фреди , Queen речиси и не постои и не може да се потпре на грбот на друг изведувач?
Дали новите рокенрол бендови го имаат тој квалитет за да извадат на површина нова култна рокенрол ѕвезда? Зошто на пример човек како Еди Ведер чиј бенд го создаде еден од најдобрите албуми на сите времиња веќе не е во центарот на вниманието? Веројатно затоа што не го исполнува еден од основните критериуми: Жив е! Дали тоа значи дека смртта неминовно создава култ од рокенрол ѕвездите? Тоа пак покренува друго важно прашање: Дали е фер третманот кон оние рокенрол ѕвезди кои ги преживеаја бурните делови на славата, создадоа квалитет и останаа живи?
Сепак основното прашање останува да виси во воздух: Дали рокенрол ѕвездите се мртви?