Зошто ги делиш така работите? Значи, родителите кои поделиле шамар, никогаш не седнале со своето дете и убаво да му објаснат. Тие не се замараат со своите деца. И обратно - оние кои не им поделиле шамар по автоматизам се подобри родители и повеќе се замараат со своите деца?pearl напиша:Е да, полесно е шамар да му се врзе, отколку да се седне и со убаво да му се објасни, нели? Кој ќе се замара сега со детево, има шпанска серија на телевизија, немам време. Море, пљас една преку муцка и марш во соба!!
Велат дека децата се раѓаат како компјутер без софтвер. Бланко. Понатаму, зависи од родителите како ќе ги испрограмираат. За жал, уште долго време нема да можеме со 100% сигурност да го потврдиме ова тврдење. Некои луѓе, едноставно се зли од раѓање. Предодредено е да бидат такви.pearl напиша:Децата се такви по природа, палави, раздвижени, љубопитни, не ги држи едно место. Сакаат да знаат, пробаат, видат, испитаат, а понекогаш знаат и да кенкаат и аздисуваат, точно. Но, не се раѓаат насилни и агресивни, не ги знаат од раѓање погрдните зборови, ако не ги чујат од некаде (почнувајќи од дома), исто како што и почитта кон другите не се учи на улица. Сте се запрашале зошто децата се такви какви што ги опишувате, како распашани каубојци? Секоја нивна акција е само реакција на нешто што веќе го виделе дома, тие само копираат, ништо повеќе. Кривете го оригиналот, а не копијата.
Книга. Билборд. Слоган од билборд на некоја невладина организација. Класика. Надвор од реалноста.pearl напиша:Авторитетот родител-дете се постигнува со збор, а не со физички удар, во било каква форма. Насилството раѓа насилство. Со убав збор секогаш може да се постигне многу повеќе.
Никогаш не вели никогаш. Марфи обожава да заплетка прсти во вакви случаи.pearl напиша:Никогаш нема да удрам сопствено дете. Колку и да сум уморна, колку и да сум нервозна од нешто трето, колку и да ми е лош денот, секогаш, ама секогаш ќе имам трпение и време со убаво да му објаснам. Удар, ни под разно!
Ти одлучуваш додека си дома. Кога ќе заминеш, може да си игра со што сака и ти никогаш да не дознаеш. Тоа што ти одлучуваш во моментот на твоето присуство, апсолутно нема да го одврати од неговата намера во нешто што твоето дете си го наумило и си го поставило за цел.pearl напиша:Додека се уште мали, јас сум таа што одлучува каков цртан ќе гледа на телевизија, со какви играчки ќе си игра, какви зборови ќе бидат кажани пред него.
Taкуѓере. Што на ум, тоа на друм :helou:pearl напиша:Дали звучи како од билборд или не, баш ми е гајле. Тоа е мој принцип, мое верување и од тоа не отстапувам. Сега го сметам за правилно и како такво ќе го прокламирам, а дали ќе се покаже за погрешно, не знам, останува иднината да покаже. Ќе се вратам за едно 10 години на темава, па ќе напишам повторно.
Марфи сака кога Бисера не му верува, законите му добиваат на тежинаpearl напиша:П.С. Не и' верувам на Марфи, туку и' верувам на Бисера.
За оние што тешко сфаќаат да,а на тие што сфаќаат и знаат и поглед им е доволен:helou:HELGA напиша:SAMAR ZASLUZEN E POEFIKASEN OTKOLKU 2saati ZBORUVANJE !!!
Aбе ти стварно не ги земаш во предвид сите реални ситуации кои ги создава животот. Негувателките, бабите и дедовците и никој друг. Класична бајка. Ни ти, ни дедото и бабата, ни негувателката не можете да одлучите. Океј, можеби до возраст од првите неколку години, а потоа - ќе се разбудите од бајката.pearl напиша:Чекај бе Мистик малку. Каде тоа јас ќе отидам на подолго отколку да го истерам работниот ден од 8 саати? Да не одам на пат некаде, едно три месеци ме нема? И додека сум на работа, малото е или во градинка, или го чуваат баба и дедо, или негувателка, така? Во последните два случаи јас и само јас, никој друг не одлучува што ќе му биде дозволено.
Види, јас како мал постојано си играв со пушки и пиштоли. Како дете од официрска фамилија, природно ми беше наметнато некако. Па ниту станав официр, ниту џандар, ниту убиец. Гледав филмови со тепање и пукање. Имав комшија од зграда, година постар од мене кој кога бемве деца играше ластик со девојчињата, собираше салфетки (знаете, женско "петле"). Кој би рекол дека такво прекрасно детенце кое не си игра со "зли играчки" еден ден ќе стане џанкерче од големи размери?pearl напиша:А во градинка да не им' даваат случајно со ножеви да си играат, или да гледаат крвнички филмови?
На тоа дете му требаш ти, ама му требаат и пластични играчки. Му требаат и нинџа желки, и Химен и Трите Мускетари и Том и Џери и Душко Долгоушко и Ван Дам и...pearl напиша:А за остатокот од времето, зошто јас цело време зборувам за "посветување време, а не гледање шпански серии". На тоа дете му требаш ти и твојата игра, а не пластични играчки. Или полесно е пушти му Нинџа Желки, со кунчаки, мачеви и кршење глави, додека тебе Марика од трети ти гледа на кафе. Па после чуди се од каде е агресијата, епа ете од каде!
Бисера ја прават среќна вакви заклучоци во кои самата сака неизмерно да верува и која самата си ги повторува на себе. Постојаното потврдување (да не речам мантрање) на истите од нејзина страна, го потврдуваат правилото и водат кон заклучокот :smir:pearl напиша:Точно така! А Бисера е среќна што останува бисер во морето, како уникатен исклучок, без кој правилото не би можело да се потврди :wink:
Океј бе, ни кажа повеќе патиGarfield напиша:Јас не тепам, удирам или потчукнувам дете, јас воспитувам, моите (мојот, малата е премала, ама и неа) ги воспитуваме со жена ми постојано, а вие, како сакате.
Секој со своето.
Човече!!!Сите свативме дека ти си таткото кој не ставил прст на своето дете!Дури ни прашинка не му тресеш од гз!!!Човече па ти си единствениот и највулгарен форумџија на оваа тема!!!Стварно дури на човек и да не му се верува дека ти ни глас не повишуваш во твоја куќа...ццц....Garfield напиша:Пусти да сте, пусти да би останале, вие клети, преклети "не-родители и тепачи"!
Дејче ај помогни, не смеам тешко и големо да кревам!ramada напиша:Човече!!!Сите свативме дека ти си таткото кој не ставил прст на своето дете!Дури ни прашинка не му тресеш од гз!!!Човече па ти си единствениот и највулгарен форумџија на оваа тема!!!Стварно дури на човек и да не му се верува дека ти ни глас не повишуваш во твоја куќа...ццц....
Изгледа цела негативна енергија ја истураш -тука,па си дома ок..