Ристо Бомбата

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Хе хе хе...царој беа Ристо Бомбата и Кучешка тенија...имав околу 18 години ко се појавија прв пат...направија огромен бум...колку шо се сеќавам првиот нивни албум туркаше рекорди во продажба ( без разлика дали легална или пиратска )...околу 20 000 примероци се продаде...исто така направија и одличен концерт во живо ( мислам во Сајмиште беше ) и беше преполно...тоа беше еден од првите концерти во живо во Македонија ( нормално освен концертите на Леб и Сол )...штета шо сега немам ниту една песна од нив
 
Хе хе хе...царој беа Ристо Бомбата и Кучешка тенија...имав околу 18 години ко се појавија прв пат...направија огромен бум...колку шо се сеќавам првиот нивни албум туркаше рекорди во продажба ( без разлика дали легална или пиратска )...околу 20 000 примероци се продаде...исто така направија и одличен концерт во живо ( мислам во Сајмиште беше ) и беше преполно...тоа беше еден од првите концерти во живо во Македонија ( нормално освен концертите на Леб и Сол )...штета шо сега немам ниту една песна од нив

Јас че ти ги снимам,шо се скираш.:helou:
 
Еве ви го цел албум зипуван.. Клик тука
А умните девојки ќе ја средам за некоја мин..

Едит - Ја средив Умните Девојки.. Check it :smir:
 
Ристо Бомбата (со акцент на втор слог од позади). Ги имав сите негови дела како дете и денес имам нешто од пуста носталгија (гирл фала за линкот). Брн убаво рече дека немаше дете што не ги имаше сите касети со мега-хитовите како Пица, Дончо, Ристо Трактористо, Ристо из а денсер, Кој се плаши од волкот лош, и мојата ол тајм фаворит Адио Бела.

Иначе како музички феномен Ристо Бомбата се појавува непосредно после распадот на Југославија ако добро се сеќавам 92ра, 93та. Временска дистанца беше совршена бидејќи неговите вулгарни текстови и настапи беа пионерски потфат во тоа време бидејќи во претходниот режим тоа се сметаше за баук, табу и расипување на о-младината. Така да Рики ги плени срцата на на сите им даде до знаење дека е дозволено да се биде dirty. Ја наполни салата Кале со 5,000 луѓе невиден потфат за тоа време. Да се појавеше сега во денешно време ќе беше гледан како сељо меѓутоа за тоа време беше херој, бунтовник против традиционалните општествени стеги.
Сегашниот г-дин Габроски изјавува дека не сака да коментира за тој период и дека се срами. После тоа почна да прави "софистицирани песни" што никој не ги слушаше. Каков народ, таква влада-колку пари толку музика.
 
Дончо (Да не речам, препев на Don't Cry)

Ах што му стори мори женска
срцето му го изгоре го сплеска
го напушти в зори ти фацо кретенска
и тој сега од земја се треска
кутриот Дончо се гуши од солзи
не ги голта се затвори дома
тој отвори туба со ракија жолта
ја накрена силно и падна во кома

Дончо крај туба, седи, лока, пие
Дончо крај туба, Дончо крај туба
седи, лока, крши, пие
сака тугу да разбие

Кога го виде кутра му мајка
шлог ја тресна и силно вресна
тој отвори очи ко пијана пајка
и уште една лежејќи ексна
и и рече дека ја мрази
цела ракија од таа туба
и почна пополека ко куче да лази
а беше пијан како труба

Дончо крај туба, седи, лока, пие
Дончо крај туба, Дончо крај туба
седи, лока, крши, пие
сака тугу да разбие

После три дена и три ноќи
тој не можеше да отвори очи
и бладаше тој нешто без врска
со кој ли сега таа се 'рска
и запамти, запамти, запамти сега дека
тој од такви како тебе секогаш ќе бега
и ќе оди да си бара жена да му биди верна
за сва временаа

Дончо крај туба, Дончо крај туба
Дончо крај туба, Дончо крај туба
седи, лока, крши, пие
сака тугу да разбие

Дончо крај туба, Дончо крај туба
седи, лока, крши, пие
сака тугу да разбие
 
Фантоме го ставив текстот на првата страна од темата. :wink:
 
откако ги симнав песниве последниве 2-3 дена луѓето во мојата околина ги напнаФ со рефрените од типот:
прво место(а и за топик го турив): Терам трактор, терам трактор, јас сум главен селски фактор
второ: кој се плаши од волкот лош, 3 за грош, 3 за грош, јас од волкот немам страв.....
трето: еј много се дујаш, мислиш дека главна си стално......
четврто:адио бела, адио бела......
петто: Ристо Бомбата ти си тата мата, Ристо Бомбата напрај ме салата
шесто: о сузана оди ваму ти, твојто виме каубој Ристо да го измолзи...
седмо: дончо (пробувам да ја запамтам цела) а најбољи е делот со фацо кретенска
осмо до дваесто: останатите
и да, важно е да напоменам дека си прам свој верзии, интересно ми звучи
РИСТО ТЕ САКАМЕ и апелираме да се активираш повторно (у овие води се разбира)
 
Извини Вокер, сатот беше сто, ме мрзеше да читам назад. :)
 
убаво ви текнало да отворите тема за Ристо Бомбата и кучешка тенија
сварно закон им се песните....сега темава ме потсети, да почнам да си ги слушам пак :ojea:
 
музика музика музика славен да бидам како тито тито Струга да видам
 
Ристо, ти што сакаш да бидеш?
Јас Тито да бидам, тито да бидам, фраер да бидам!
Шутрак беден! Тито е еден, Тито е еден!
 
Абе линковиве се избришани. Ај ако некој аплоадира се што има од Ристо Бомбата. Најдов на тракерМК 15 песни од него, ама нема сидери :(
Аплодирајте :vozbud: Максимална почит за Ристо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom