Рецепти со брокули

  • Креатор на темата Креатор на темата DrunkY
  • Време на започнување Време на започнување
Ласања со броколи

една кесичка броколи
2 кромидчина
4 лазички масло
6 моркови
1 консерза домата
1 лазичка basilika
1 лачика темјан
1 чешне лук
црн бибер и сол
ласанге кори

Правиш бечамел сос , од брашно маргарин млеко и кашкавал ситно рендан, додаваш бибер .На тивко го оставаш да
се склади , кога почнува да зовира готов е .
Сецкас сите зеленчуци , прзип кромид за почеток , после ги додаваш сите други зеленчуци. Во белиот сос додаваш домата и зачините .
Земаш тепсија и редиш ред кори , ред зеленчук па сосот, се така до најгорниот ред на кој му клаваш и рендан кашкавал. Се печи на 175 едно 50 мин , се сервира со салата марулка со малце свез спанаќ и рукола ..
 
Брокула крем салата

Брокула
павлака
200-250гр. салама
сол

Се вари брокулата и се дроби на парчиња. Исецканата сварена брокула ставете ја во сад. Исечкајте ја саламата на мали коцки и додадете ја во садот. Додадеде ја и павлаката, посолете и мешајте додека смесата не се соедини.


Брокула салата

Брокула
оцет
зејтин
сол

Сварете ја брокулата, исечкајте ја на парчиња и ставете ја во еден сад. Причекајте да се олади. Додадете оцет, зејтин и сол и промешајте.

:)
 
Потпечена брокула во бешамел сос

Потребно:
1 поголем цвет брокула
3 лажици брашно
300мл млеко
лажица путер
бибер, сол, вегета
рендан пармезан
презла

Брокулата разделете ја на помали цветчиња и ставете ја во солена вода што врие да се обари 10тина минути. Потоа исплакнете ја и оставете ја на страна да се исцеди.
Во сад стопете го путерот на тивко, со постепено додавање брашно, да стане кремава, но светла смеса и постепено додавајте го млекото. Кога ќе добиете густина на бешамелот приближно како смеса за палачинка, додајте бибер, сол, вегета и тргнете од шпорет.
Во сад распоредете ја брокулата и одозгора истурете го бешамел сосот. Наросете со рендан пармезан и потпечете во рерна 20тина минути на 240 степени.
Пет минути пред крај, извадете ја и посипете презла, па вратете ја во рерна да фати само крцкава коричка.

Истава варијанта може да се направи и со карфиол.
 
Јадев пред некое време салат со брокула, сончоглед, семенки, совршенство беше. Не можам да го најдам рецептот на интернет :(
 
Јас си правам салата,со тоа што ја обарувам брокулата на пареа..:)
Некој вика дека со варење во вода,се губат важните состојки:)
 
Јас си правам салата од обарена брокула со сол, лимон и маслиново масло. И ништо друго во неа. Ептен ми е вкусно така.

истото ова ама не ја ни варам, многу ми е вкусна така
 
истото ова ама не ја ни варам, многу ми е вкусна така
Кога ме мрзи, не ја варам. Само ка оставам малку подолго да стои во маслиново масло, пред да и ги додадам лимонот и солта.
 
Јас си правам салата од обарена брокула со сол, лимон и маслиново масло. И ништо друго во неа. Ептен ми е вкусно така.
Исто и јас,ја обожавам.Малку крцкава со маслиново масло....ммм ....
А во последно време ја ставам во супа,2,3 мин пред да биде готова супата. Преубаво!
 
Исто и јас,ја обожавам.Малку крцкава со маслиново масло....ммм ....
А во последно време ја ставам во супа,2,3 мин пред да биде готова супата. Преубаво!
Пробај така и во манџа да ја ставиш. На пример само манџа од зеленчук, или со пилешко, или со мелено месо. Последните две три минути додади ја брокулата. Ептен посебен шмек и дава. (y)
 
Пробај така и во манџа да ја ставиш. На пример само манџа од зеленчук, или со пилешко, или со мелено месо. Последните две три минути додади ја брокулата. Ептен посебен шмек и дава. (y)
Како и да е зготвена,секогаш е убава.Најубаво е да биде крцква и млада,да не биде прецветана и не се препорачува замрзната,затоа што ги губи корисните вредности.
Да живее Брокула (брат му на Дракула :icon_mrgr:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom