Рецензија - "Hellgate: London" (Dark Fantasy Action RPG)

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Уште една квалитетна и помалку позната игра, сега потполно заборавена. Во екот на WoW и други титани во online гејмингот вакви наслови често се среќаваат со своја прерана смрт, пред да може да се развие нивниот потенцијал. И покрај тоа што серверите на оваа игра се изгасени и мрежното играње е завршено играта сеуште има што да понуди во нејзината single player форма, особено за оние кои уживаат акциони RPG's. Запознајте се со "Hellgate: London".

hellgate-london.jpg

Во "Hellgate: London" се соочувате со апокалиптично сценарио, Лондон е во рушевини поради инвазија на демони ала Burning Legion. Како претстава за каков свет ве очекува во оваа игра, доволно е да знаете дека тимот кој ја предводел нејзината креација бил составен од бивши програмери на Blizzard, кои имале свој удел во развивањето на Diablo. Апокалиптичниот Лондон изгледа кошмарен и мрачен, напуштен од човечка рака но преполн со опасни демони и нивните креации. На површината онаму каде не ве очекува демонскиот хорор има само гробна тишина од претходни битки и р'ѓата на уништениот град. Над разурнатите височини на Лондон небото го владеат летачки ѕверови и вселенските бродови на демонската армија. Подземи, во тунелите на лондонското метро преостанатиот дел на луѓето живеат во обезбедени станици поврзани со преобратена демонска технологија и стариот систем на возови. Но ни подземјето не е безбедно, безброените канализации и тунели се исто така преполни со демонските сили. Се ближи последната битка и на човечките бунтовници им треба сета помош што можат да ја добијат.

"Remember the Dead; Fight for the Living"

Играта е излезена во доцната 2007 со state-of-the-art графика за тоа време. Денес и се забележуваат годините но е сеуште игра со убава естетика. Најдоброто од тој аспект се светлата и сенките, исполираните текстури на оклопите, оружјата и нивните ефекти, и одредени битки. Single player кампањата е поделена на 5 акти и требаат просечно 25-40 часа за да се заврши. При креирањето на својот карактер за разлика од други RPG игри нема други раси освен човечката, а останатите опции се стандардни, пол, фриз, боја на кожа и коса, освен слајдерот за висина и ширина што е нешто поретко. Има 6 класи (поделени во 3 факции) кои ви ги диктираат способностите и гејмплејот: Guardian и Blademaster (Templar faction, модерни витези со намера да го заштитат човештвото и да го исчистат светот од демонската наезда) се воини кои се во првите редови на бојното поле, првите се одбрамбени борци (tanks) а вторите се офанзивни специјализирани за борба со по две оружја (melee dps); Summoner и Evoker (Cabalist faction, индивидуалци кои знаат да ја користат мрачната магија на демоните и трагаат по поголемо знаење и моќ); Marskmen и Engineer (Hunter faction, строго тренирани бивши оперативци со огромно познавање на милитаристички план). hellgatew3j0o10v06i6.jpg

Гејмплејот варира од класа на класа, дотолку што е можно да ви требаат неколку часа повеќе со одредена од нив да ја завршите играта во споредба со друга. Сите од нив се забавни за играње особено на почетокот, но како прогресирате во играњето приказната ќе го засени гејмплејот бидејќи знае да стане повторувачки. Светот за жал не е отворен и зоните се линеарни, нема елемент на истражување и речиси секоја мапа (со неколку исклучоци на мапи кои се директно врзани со main quest-от) и сиот loot се рандомизирани. Ова е воведено за да играта има поголем replay value, но со ограничен и повторувачки гејмплеј не е најефективно. Најдобро е да се фокусира вниманието на квестовите и приказната, па на тој начин има поголемо уживање во повторувачкото колење на демонските армии. Да не се лажеме - секоја класа е засебна one man army и тоа секогаш знае да носи големи дози гратификација кога крвнички се пресметувате со десетици непријатели.


Еве нешто да ви ја зоврие крвта :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom