Рецензија: Call of Dutty: Black Ops

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.515
Поени од реакции
28.991
Нема да претераме ако кажеме дека ова е една од најочекуваните игри за оваа година. Впрочем, секоја година е така - денот кога излегува новата Call of Duty е празник за сите гејмери.
Но, дали ова е празник кој заслужува да го славиме?

Формулата за Call of Duty, уште од самиот почеток е иста - направи интересна сингл-плеер кампања, направи уште поинтересен мулти-плеер, зачини го сето тоа со убава графика и потоа само прави си пари од неа. Оваа рецепта важеше за Modern Warfare 2, па зашто не би важела и за Black Ops. Сепак, играта е правена од друго студио, не од оригиналните Infinity Ward туку од Treyarch, па дали тие може да направат игра која е достојна за брендот "Call of Duty"?

Гејмплеј
Ако нешто не е расипано, тогаш не го поправај!
Очигледно ова е мотото според кое се водат Treyarch, па затоа и оваа Call of Duty е како и сите други. Што значи можете да очекувате огромни количини на акција (иако скриптирана), многу оружја, крв и напнати моменти. Секако, не очекувајте ништо повеќе од ова, во поглед на гејмплејот.
Кампањата, стандардно, е кратка и со многу скриптирани моменти. Секако, сето тоа убаво изгледа, ама има две мали нешта кои сметаат:
1. Колку и да е убаво и интересно, сфаќате дека се е скриптирано.
2. Ова е веќе 7мата CoD, а нема некои промени во формулата и искрено...станува малку репетитивно и досадно.
Друг голем проблем се баговите - скриптираните секвенци се "мрзливо" обработени - ми се случи со мојот хеликоптер да пројдам низ противнички хеликоптер како да е дух. Зашто? Бидејќи програмерите не замислиле јас да летам како сакам, него има да летам они како сакаат!
Но, да не бидеме сурови, играта има свои моменти, кои навистина се феноменални и вредат да се видат. Ќе рушите згради, ќе обезглавувате војници, ќе се "пентарите" по Антартикот...и уште многу луди работи! :)

Графика
Знаете како викаат, "it's all fun and games until Nvidia comes". Во превод, играва е, благоречено, неоптимизирана.
Ако навлеземе во детали, ќе сфатиме дека овде и лежи најголемиот проблем.
На 90% од компјутерите играта сецка, без разлика дали имате quad-core процесор или пак обичен пентиум 4ка. Сето ова би требало да се поправи со patch во брзо време, но за игра која претендира да биде "Game of the Year"; срамота е да излезе од "фабриката" без тестирање. Фрапантно е како некој може да пушти ваква игра во продажба. Не, срамота е.
Но ајде, ќе се среди со patch тоа. А што со остатокот од графиката?
Па, нема некои огромни промени од онаа графика на Modern Warfare 2. Текстурите и shader-ите се исти, само локациите се менуваат. За среќа, локациите се одлични, како од Џејмс Бонд филм. Не би ви ги кажувал, за да не ви го расипам изненадувањето. :)

Звук
Звукот и никогаш не бил проблем за Treyarch. Во "World at War" беше одличен, а и овде е одличен. Куршумите се моќни, тенковите се помоќни, а базуките растураат.
Сараундот "фрчи" со куршуми околу вас, тоа е прав филинг на војна. Околината е интерактивна, комуницира со вас - кога ќе скршите стакло, парчињата летаат "околу" вас на сараундот, а дождот паѓа од сите страни. Пофалба и за глумачката постава, која е како во високо-буџетен филм. Тука е Sam Worthington како главниот лик, а улоги имаат и Ed Harris и Gary Oldman. Чиста 10ка за глумата, односно гласовите во играва.
Единствено, ако би морале да замериме за нешто,тогаш тоа е клише изборот на музика, која веќе е користена во ваквите воени филмови.
Заклучок
Кога ја започнав овогодинешната Call of Duty, си реков "по ѓаволите, еве уште 5-6 саати мисии од една иста, репетитивна војна и мисии". Но, играта има софистицираност и елегантност, заради која ќе сакате да ја свртите уште при првото играње. Пофалба за внесувањето на колку-толку интересна приказна, која ве држи врзани за столчето.
Ако ги средите проблемите со графиката и сецкањето, несомнено ќе уживате во оваа игра. Само, нема ништо ново...се е веќе видено. Којзнае, можеби во следната верзија...:)
Оценка - 8.5/10

Бонус рунда
Оваа рецензија се базира на сингл-плеер елементите од играта. За жал, ја немавме таа среќа да ја испробаме онлајн во нашата редакција. Па, ако понатаму добиеме можност, ќе напишеме рецензија и од тој аспект.
Или пак ве охрабруваме вас читателите да испратите ваша рецензија и критички осврт на мулти-плеер елементите од Black Ops!


Извор Ајтемс!
 
Член од
3 август 2009
Мислења
60
Поени од реакции
3
сега ќе купам Ps3.Ајде ќе го испробам multiplayerot и ќе напишам некоја рецензија.За зомби момби такви работи
 

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
сега ќе купам Ps3.Ајде ќе го испробам multiplayerot и ќе напишам некоја рецензија.За зомби момби такви работи
Веднаш адни ме на ПСН за да играме заедно онлајн кога ќе ја купиш. ПСН-то ми е The_Timi. Ќе ти помогнам ако може некако во пишување на рецензијата, ќе напишев и сам али ме мрзи ...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
За black ops немам што да кажам уште на почетокот сум со мисииве али ми изгледа доста добра, ама на veteran 1 саат се мачам за една мисија.Иначе најдобри се MW 1 & MW 2
 
Член од
24 јуни 2010
Мислења
206
Поени од реакции
68
Некако не ми се свиѓаше баш приказната, иначе играњето и графиката одлично
 

Kajgana Shop

На врв Bottom