Рецензија - "Bastion" (indie action role-playing)

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Во последно време на мое задоволство "инди" игрите (скратено од independent - независно) си одбележуваат сопствено место дури и помеѓу џиновите во гејмерскиот свет. Додека овие вториве секогаш се трудат да ги искористат платформите до максимум и да го исцедат и последниот пиксел, инди програмерите и дизајнерите мора да пронајдат креативен начин да им парираат на доста пофинансираните им конкуренти. Некогаш тоа успева, некогаш не. Во Бастион и те како може да се забележи успех - откога неволно ќе го напуштите светот на оваа игра бидејќи сте ја завршиле па се што ви останува е да разговарате за колку добро искуство ви пружало играњето :).
The Kid

Во Бастион ја завземате улогата на Детето или, многу позвучното на Англиски - "The Kid" - и се будите на платформа каде наизглед сте поминале одредено време спиејќи, или во бесвест. Прво што веднаш паѓа во очи (или уши), па и покрај уникатниот изглед на светот е тоа што секоја глетка и речиси секој потег кој ќе го направите ќе биде дел од нарацијата на еден друг клучен карактер од играта - "Rucks". Нарацијата и гласовната глума на овој карактер додава необичен елемент на вашето искуство, и многу додава на вашата имерзија во овој свет. Без да откријам премногу од приказната, при конфликт на двата народа Caelondians и Ura, градот Caelondia e распарчен и заедно со околните територии возвишен во небото на лебдечки платформи. Вие ја започнувате приказната од таа точка, непосредно по тој настан. Како ваши непријатели има разновидни суштества и животни ендемични за овој свет кои свесно или несвесно го освојуваат делот од територијата кој порано бил заѕидан како дел од градот. Со голем дел од нив се соочувате бидејќи ќе се движите по нивната територија како дел од вашата мисија да ги соберете "the Cores", јадрата кои некогаш го обезбедувале градот со енергија. "Rucks" е еден од другите важни ликови, нараторот, со кој се среќавате на самиот Бастион, структура која со помош на јадрата кои ќе ги наоѓате низ светот ќе ви овозможува да патувате на се подалечни места, а истовремено ќе ви биде и своевидна база на операции, местото каде ги штимате своите добиени таленти при левелирање, каде менувате оружје, истражувате нови технологии, градите нови градби и уште неколку интересни ситници. Ултимативно, технологијата на Бастионот со помош на јадрата треба да овозможи резолуција на катаклизмичната ситуација. Секако, не е толку едноставно како што изгледа :).

Во поглед на приказната и ликовите играва е чиста 10тка. Играта е всушност неразделива целина на приказната, гејмплејот, музиката и изгледот.

bastion.jpg The Kid, Rucks, Zia, Zulf

Гејмплејот е многу забавен, особено бидејќи има добар избор на алатки :uzi:. Во исто време може да се користите со две од асортиманот на понудени оружја: Warhammer (Чекан на стероиди), мачета, копје, лак и стрели, самострел кој исфрла песјаци (let that sink in if you please), dueling pistols, мускет, гранатофрлач и уште понекое ефективно и крајно забавно оружје. Има и посебни зони кои ќе стануваат достапни кои се посебно наменети за тренинг со секое оружје, начинот на кој се имплементирани во приказната и како се вршат заедно со нарацијата се priceless, не се опишува. Оружјата се појачуваат во Бастионот, каде што откога ќе одберете две за една мисија исто така ви станува достапна и одредена техника (магија, skill) соодветна за оружјата кои во моментот сте ги одбрале.

Bastion Armory.jpg The Armory

Накрај нешто од OST-то на Бастион. Не се останува рамнодушен.

https://www.youtube.com/watch?v=6-aexLJKwME :)jeeee:)

https://www.youtube.com/watch?v=4s3b5OR2YhE (Изведена од гласовниот актер на Rucks - нараторот)

https://www.youtube.com/watch?v=Jz8c17upEwM (Изведена од гласовната актерка на Zia, станува многу помоќна откога се познава контекстот од приказната)

https://www.youtube.com/watch?v=YlfUcnSbKDA (Изведена од гласовниот актер на Zulf, многу моќна и без контекст)
 

Attachments

На врв Bottom