ogledalo
провинцијалец
- Член од
- 12 мај 2008
- Мислења
- 3.198
- Поени од реакции
- 174
lurtz ..jako 000))))))
nego na povidok nesto ``novo`
„Сега“ ќе бара излез од духовната рецесија Нов производ на македонскиот новинарски пазар беше презентиран вчера во скопскиот хотел „Континентал“, во уредништво на искусниот новинар Бранко Героски. Неделникот „Сега“ ќе се фокусира на главните политички настани во земјата, а неговиот прв број ќе се појави на 1 мај годинава, на Денот на трудот. „Сега“ ќе понуди нови перцепции за да понуди излез од рецесијата на духот, која е поопасна од економската рецесија, истакна на промоцијата уредникот Героски, кој зад себе има долгогодишно искуство во печатените медиуми како уредник, но и како предавач во школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми. - Во подготовката на неделникот ќе учествува млада и амбициозна екипа, која има желба да освои нови хоризонти во време на осека на професионалните и етичките стандарди на новинарството - рече Героски. Другите соработници, млади уредници и новинари, во своите излагања оценија дека демократските процеси и слободата на говорот во Македонија се соочени со опструкции и дека новиот магазин ќе биде гласноговорник на правата на слободата на мислата и на говорот. Во проектот учествуваат истакнати новинарски и уреднички имиња од помладата генерација на Македонската школа за медиуми, како Ивица Антески, Владо Апостолов, Срѓан Стојанчев. Тоа треба да му донесе на „Сега“ еден нов генерациски сензибилитет и свежина, што ќе го издвојува од сличните македонски медиумски производи, најави уредникот Героски. - Весникот треба да му понуди нешто повеќе на читателот, отколку голите информации што веќе ги видел на телевизија или ги читал на интернет. Тоа може да биде само поинаква перцепција, подобра интерпретација и подлабока анализа на тие информации - нагласи новинарот Владо Апостолов. На презентацијата на овој проект присуствуваа францускиот амбасадор во земјава, Бернард Валеро, в.д. претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кандидатот за градоначалник на Скопје и прв човек на НСДП, Тито Петковски, претседателот на Нова демократија, Имер Селмани, бизнисменот Велија Рамковски и други истакнати личности од јавниот и од политичкиот живот во државава.