Релации маж - жена во едно семејство

  • Креатор на темата Креатор на темата CrAzY^IvAn
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да се рамноправни или едниот да биде доминантен ?

  • Рамноправни

    Гласови: 34 79,1%
  • Нерамноправни секогаш едниот треба да е доминантен

    Гласови: 9 20,9%

  • Вкупно гласачи
    43
Мислам дека на жените ова им е најдобар изговор да не фатат ништо по дома и по цел ден да си ги лакираат ноктите и да штракаат по тоа лап-топите :love:

А јас мислам дека жените денес работат многу и заработуваат многу, и не им останува многу време за фаќање по дома или за лакирање.
 
Мхмм, да и јас мислам дека на мажите ова што сега го кажа им е најдобар изговор за да не го дигнат газот еднаш од тросед, да го исклучат телевизорот и да земат нешто да им помогнат на жените околу домашните обврски.
 
Во последнава пописна листа, покрај многуте глупи прашања, едно беше и ми остана врв на глупоста :„На кого се води домаќинството?“ Прво мислев дека се однесува на сопственоста на живеалиштето, ама ми текна дека тоа прашање веќе помина па барав појаснување за да можам да одговорам. Попишувачите некако неуспешно ми појаснуваа, па почнав да се мајтапам и да прашувам кое е мерилото, дали тој што вари кафе, или тој што чисти или тој што фрла ѓубре...? :confused: Да, обврските мора да се поделат. Поделбата си ја прави секое семејство онака како што самиот заеднички живот ќе им наметне или вербално се договараат или....
Ако на пример мажот дома менува сијалици и фрла ѓубре, а жената готви и пере и пегла ок, така им бива така нека си тераат. Но што значи тоа? Дека ако мажот е отсутен од дома на пр. 2 дена треба да почнат црви да лазат зошто нема кој да фрли ѓубре??? Или обратно (денес жените одат на работа како и мажите) ако жената заглави на работа, или е во странство 2,3 или повеќе денови...дали треба тој да умре од глад? Е може нема да вари манџи ама гарант ќе си порача пица. Истото може да го направи и кога му е жената дома ама ете едноставно ја мрзи денес да готви, и не е важно што набавил пица, важно е што не мрчи и му се брои дека тој готвел денес;)
 
ej deca SAKAJTE SE ., I BIDETE ELASTICHNI EDNI KON DRUGI izvinete za golemite bukvi., denesk koga i zhenata sopruga nosi doma plata ., sakash mazh ., silen ., e malo sutra ., samo megjusebno razbiranje i tolerancija(y)
 
Еве ќе ставам неколку лика па ти просуди кој има харизма.

audrey-hepburn.jpg

brando-crop.jpg

Sophia+Loren+4.jpg

v6p-Josip-.jpg

angelina_jolie-Hot-Look.jpg

Putin.jpg

Наградно прашање:
Кои ликови зрачат со харизма, мажите или жените ?

Абе сенката, не сенката местото каде што поминала сенката на мажот вреди повеќе од сите жени на светот.
Дури правењето на оваа компарација е глупа се осеќам како да сум изговорил нешто бласфемично.
Ти очигледно си женомрзач, можно е и многу жени да те имаат повредувано и варано
 
А јас мислам дека жените денес работат многу и заработуваат многу, и не им останува многу време за фаќање по дома или за лакирање.
Не дека не работат многу и колку заработуваат и се рамноправни ама сепак фаќаат кривина со лакирањето.Колку да се одморат
 
Јас не се лакирам.
И не готвам.
--- надополнето: Oct 18, 2011 11:37 PM ---
Ти очигледно си женомрзач, можно е и многу жени да те имаат повредувано и варано

Или едноставно е хомосексуалец, кој ја негира својата сексуална ориентација?
 
Ти очигледно си женомрзач, можно е и многу жени да те имаат повредувано и варано
Освен оваа фраза изгледа и ништо друго не знаеш.

Колку да знаеш:
СЕКАДЕ МАЖЈАКОТ ДОМИНИРА ИСТОТО Е И КАЈ ЧОВЕКОТ!
Дошла на готово а само со еден придонес од 10000-30000 денари во некој случај и повеќе и сака да биде рамноправна.
Колку има право да биде рамноправна?
 
Ако ми зборуваш на мене тогаш цитирај ме и не зборев за доминација туку за харзимата, убедува дека мажите биле харизматични, а жените не.
И да само таа фраза ја знам, не се сите паметни и начитани како тебе, кога сите би биле паметни како тебе светот би бил подобро место за живеење, јас во принцип сум многу глуп, необразован и прост, со низок коефициент на интелигенција(y)
 
Доминација или харизма?Не е исто?

Дошла на готово а само со еден придонес од 10000-30000 денари во некој случај и повеќе и сака да биде рамноправна.
Колку има право да биде рамноправна?

Што е овде доминација а што харизма
 
Каде дошла на готово?
Сакаш да кажеш дека ти си успеал да купиш стан или куќа?
Или планираш да живееш со твоите? Во тој случај твоите треба да бидат доминантни, не ти.
Друго, еве на пример, што е се девојките кои имаат сопствен стан?Дали тие треба да бидат доминантни, според твојата теорија?
И ако мислиш дека доминација и харизма е исто, искрено мислам дека и не вреди да се дискутира со тебе, нема поента.
 
И што ако дошла само со еден придонес треба слугинка да ти изиграва. Со жената што ја сакам ќе делам све па и обврските, но јас ќе бидам мажот, јас ќе бидам лидерот, јас ќе превземам иницијатива и заштитнички ќе се поставам према неа
--- надополнето: Oct 19, 2011 6:44 PM ---
Каде дошла на готово?
Сакаш да кажеш дека ти си успеал да купиш стан или куќа?
Или планираш да живееш со твоите? Во тој случај твоите треба да бидат доминантни, не ти.
Друго, еве на пример, што е се девојките кои имаат сопствен стан?Дали тие треба да бидат доминантни, според твојата теорија?
И ако мислиш дека доминација и харизма е исто, искрено мислам дека и не вреди да се дискутира со тебе, нема поента.
Управо си не вреди да се дискутира, ни мене не мие јасно како не прави разлика помеѓу доминација и харизма, бог да чува.
И јас како што го сваќам ако мажот пример отиде домазет тогаш жената треба да биде доминантна, нели кај нејзе дома отишол, а он придонесува само со неговата плата
 
Каде дошла на готово?
Сакаш да кажеш дека ти си успеал да купиш стан или куќа?
Или планираш да живееш со твоите? Во тој случај твоите треба да бидат доминантни, не ти.
Друго, еве на пример, што е се девојките кои имаат сопствен стан?Дали тие треба да бидат доминантни, според твојата теорија?
И ако мислиш дека доминација и харизма е исто, искрено мислам дека и не вреди да се дискутира со тебе, нема поента.

1.Имам куќа,стан кола и живеам сам
2.Зашто не би можеле да живееме со моите?Да не добива кошмари од нив
3.За секое тенџере има капак и
4.Прогуглај малку на нет да најдеш што е што
--- надополнето: Oct 19, 2011 6:46 PM ---
И сепак има машки и женски работи и тие се околу нас
 
Начитан, и што ако имаш куќа, стан и кола, пак ќе те прашам заради тоа треба слугинка ли да ти изиграва?
 
Не напишав дека треба слугинка да биде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom