Рекетарски Договори на 24 месеци на некои од кабелските оператори

Член од
20 јануари 2018
Мислења
89
Поени од реакции
76
Во Куманово имам проблем со локален кабловски опреатор К-Нет од кој имам приклучено интернет кој од октомври не функционира односно се појавува жолт триаголник кај знакчето за интернет и пишува internet access. На моменти интернетот се нормализираше за по најмногу 1 саат повторно закочуваше и се блокираше. По десетици интервенции кај мене дома не успејаа да го отстранат дефектот и им предлагав да го прекинеме договорот и да ги исплатам до тука но тие одбиваа по што пријавив до АЕК. Во пријавата напишав да го проверат интернетот кај мене без да ги известат, но од АЕК не направија така не ме ни контактираа до сега, а ги контактирале нив, за што лично мислам дека АЕК или службениците кои таму работат се поткупени од кабелските оператори и работат во нивна корист а не како што пишува дека ги штитат крајните корисници. Неофицијално Дознав дека К-нет кажал на АЕК дека мојот рутер нечинел, односно дека било до мене, иако ми даваа нивен рутер на користење со кој исто така немаше интернет по што утврдија дека не е до рутереот. Така од октомври до 10 јануари чекав, Новата Година ја поминав без интернет, по што приклучив интернет од ВИП кој солидно функционира. Сега од К-Нет ми викаат дека комшискиот рутер бил многу јак и им го бутал сигналот иако со ВИП го нема тој проблем. Се уште ми доаѓа сметката од К-Нет и следниот месец ке имам 2 сметки една од ВИП за интернетот кој работи една рекет-сметка за К-нет за интернет кој не работи. За К-нет за интернет кој не работи до истекот на договорот имам уште 7 месеци а за предвремено раскинување ми бараат пенали да платам еднакви на 6 месечни претплати, иако во договорот стои дека ако не можат да обезбедат стабилен интернет договорот се раскинува . После повќе од 2 месеци некадарност да го поправат интернетот не само што не го раскинуваат договотот туку пуштаат сметки како ношто да не се случува, што е класичен рекет. Го користат договорот на 24 месеци за да имало или немало интернет да наплаќат. Би побарал помош за тоа како да се куртулам од плаќањето рекет на гореспоменатиот кабелски оператор следниве 6-7 месеци.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Собирај документи и тужи ги.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Ако сумата за која што ќе се тужат е помала од 200 евра не се исплаќа ни да го тужи.
 
K

kicodarker

Гостин
Иронично е да сакаш да прекиниш услуга да ја плаќаш која не ја добиваш.
Многу од овие каблоски оператори па и телекомуникациските, ја користат технолошката неписменост кај народот, и играат на таа карта со секого. За нив нормално е неколку дена да немаш интернет, телевизија, или мобилна мрежа, да ти продадат фаличен телефон или опрема. . Скоро секој што пријавувал некаков проблем, секогаш прво решение е вината да се префрли кај корисникот.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
затоа телекабел моментално е најдобрата опција, денес приклучи се утре ако сакаш исклучи се, ни договори ни ништо, е сега некој ќе рече дека имаат проблеми повремено ама па и кој нема, некој повеќе некој помалку, ама и слободата е предност понекогаш.
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
89
Поени од реакции
76
Ако сумата за која што ќе се тужат е помала од 200 евра не се исплаќа ни да го тужи.
Треба да се напраи нешто, да се напраи петиција и сл. за да се укинат задолжителните договори на 24 месеци или да се лимитираат на најмногу 6 месеци, затоа што кабелските оператори за најмногу 6 месеци го вадат трошокот за приклучок. Обврзувањето над 6 месеци може само да го искористат некои кабелски оператори за манипулирање со крајните корисници како во мојот случај.
 

Последниот Мохиканец

Командат -ај лав ју
Член од
3 февруари 2007
Мислења
294
Поени од реакции
61
затоа телекабел моментално е најдобрата опција, денес приклучи се утре ако сакаш исклучи се, ни договори ни ништо, е сега некој ќе рече дека имаат проблеми повремено ама па и кој нема, некој повеќе некој помалку, ама и слободата е предност понекогаш.
Несакам фирми да фаворизирам, но Телекабел со оваа идеа во Македонија стана нумеро уно фирма(Без договор).
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Не е баш во врска со темата, ама пред два месеци не ја платив кабелската на време и ми го исклучија интернетот, одма таа ден го платив и си чекам да ми уклучат до вечер, ама не го уклучија
чекам и утре ама пак го нема, им ѕвонам на телефон, ми викат од кај нас е уклучено, рестартирај рутер, модемот (онаа што секогаш го викаат кога неќе)

и така од досада земав пишав мак адресата на братучедот на рутерот и оп ми дојде интернет, ама со неговата ИП адреса (тоа го имам пробувано и претходно и си функционира крадењето безпрекорно),

пак и ѕвонам на овие викам абе луѓе нема интернет, ми викаат кај тебе е проблемот, ова она дрн дрн...
е шо било работата,
пред повеќе од 5 години немав рутер, грмеше и изгоре мрежната картица, после со нова картица имаш нова мак адреса на компјутерот (среќа си ја имав запишано старата), таа новата беше се до пред два месеци,
незнам што слепци се па уклучиле на старата и по еден милион јавувања не фатиле да проверат шо е проблемот зошто нема интернет кај мене, мислев да и се јавам да ги откарам у ПМ, ама не вреди.
 

Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Во Куманово имам проблем со локален кабловски опреатор К-Нет од кој имам приклучено интернет кој од октомври не функционира односно се појавува жолт триаголник кај знакчето за интернет и пишува internet access. На моменти интернетот се нормализираше за по најмногу 1 саат повторно закочуваше и се блокираше. По десетици интервенции кај мене дома не успејаа да го отстранат дефектот и им предлагав да го прекинеме договорот и да ги исплатам до тука но тие одбиваа по што пријавив до АЕК. Во пријавата напишав да го проверат интернетот кај мене без да ги известат, но од АЕК не направија така не ме ни контактираа до сега, а ги контактирале нив, за што лично мислам дека АЕК или службениците кои таму работат се поткупени од кабелските оператори и работат во нивна корист а не како што пишува дека ги штитат крајните корисници. Неофицијално Дознав дека К-нет кажал на АЕК дека мојот рутер нечинел, односно дека било до мене, иако ми даваа нивен рутер на користење со кој исто така немаше интернет по што утврдија дека не е до рутереот. Така од октомври до 10 јануари чекав, Новата Година ја поминав без интернет, по што приклучив интернет од ВИП кој солидно функционира. Сега од К-Нет ми викаат дека комшискиот рутер бил многу јак и им го бутал сигналот иако со ВИП го нема тој проблем. Се уште ми доаѓа сметката од К-Нет и следниот месец ке имам 2 сметки една од ВИП за интернетот кој работи една рекет-сметка за К-нет за интернет кој не работи. За К-нет за интернет кој не работи до истекот на договорот имам уште 7 месеци а за предвремено раскинување ми бараат пенали да платам еднакви на 6 месечни претплати, иако во договорот стои дека ако не можат да обезбедат стабилен интернет договорот се раскинува . После повќе од 2 месеци некадарност да го поправат интернетот не само што не го раскинуваат договотот туку пуштаат сметки како ношто да не се случува, што е класичен рекет. Го користат договорот на 24 месеци за да имало или немало интернет да наплаќат. Би побарал помош за тоа како да се куртулам од плаќањето рекет на гореспоменатиот кабелски оператор следниве 6-7 месеци.
Паштета држава сме,бадијала, кадија те тужи,кадија те суди..Се е поврзано меѓу нив..
Поднеси пак приговор до АЕК,биди упорен и досаден..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom