- Член од
- 20 јануари 2018
- Мислења
- 91
- Поени од реакции
- 76
Во Куманово имам проблем со локален кабловски опреатор К-Нет од кој имам приклучено интернет кој од октомври не функционира односно се појавува жолт триаголник кај знакчето за интернет и пишува internet access. На моменти интернетот се нормализираше за по најмногу 1 саат повторно закочуваше и се блокираше. По десетици интервенции кај мене дома не успејаа да го отстранат дефектот и им предлагав да го прекинеме договорот и да ги исплатам до тука но тие одбиваа по што пријавив до АЕК. Во пријавата напишав да го проверат интернетот кај мене без да ги известат, но од АЕК не направија така не ме ни контактираа до сега, а ги контактирале нив, за што лично мислам дека АЕК или службениците кои таму работат се поткупени од кабелските оператори и работат во нивна корист а не како што пишува дека ги штитат крајните корисници. Неофицијално Дознав дека К-нет кажал на АЕК дека мојот рутер нечинел, односно дека било до мене, иако ми даваа нивен рутер на користење со кој исто така немаше интернет по што утврдија дека не е до рутереот. Така од октомври до 10 јануари чекав, Новата Година ја поминав без интернет, по што приклучив интернет од ВИП кој солидно функционира. Сега од К-Нет ми викаат дека комшискиот рутер бил многу јак и им го бутал сигналот иако со ВИП го нема тој проблем. Се уште ми доаѓа сметката од К-Нет и следниот месец ке имам 2 сметки една од ВИП за интернетот кој работи една рекет-сметка за К-нет за интернет кој не работи. За К-нет за интернет кој не работи до истекот на договорот имам уште 7 месеци а за предвремено раскинување ми бараат пенали да платам еднакви на 6 месечни претплати, иако во договорот стои дека ако не можат да обезбедат стабилен интернет договорот се раскинува . После повќе од 2 месеци некадарност да го поправат интернетот не само што не го раскинуваат договотот туку пуштаат сметки како ношто да не се случува, што е класичен рекет. Го користат договорот на 24 месеци за да имало или немало интернет да наплаќат. Би побарал помош за тоа како да се куртулам од плаќањето рекет на гореспоменатиот кабелски оператор следниве 6-7 месеци.