Основач на рационализмот е Рене Декарт и неговата прочуена „Мислам, значи сум“ (Cogito ergo sum).
Според него сите сознанија треба да се базираат на разумот. Нема простор за имагинативни хиперболи.
Кои се вашите размислувања за овој правец во филозофијата?
Така е, оттаму и потекнува и името рационализам, односно од латинскиот збор ratio, шо значи ум или разум...
Е сега со поопширна дефиниција....
Рационализмот е правец во филозофијата, кој шо сам по себе е способен да постигне објективна вистина и го спротивставува разумот на сетилното искуство кое шо го смета за незадоволително и штетно за постигнување на вистината...
Е, сега оттука во основа рационализмот преставува спротивност на емпиризмот, затоа што емпиризмот како филозофска теорија го акцентира искуството како извор на познанието, па така рационалистите во текот на целата историја на филозофијата се спротивставувале на емпиризмот....
А, истотака само да те поправам и да кажам дека Рене Декарт не е основач на рационализмот затоа шо рационализмот го среќаваме уште во најстарите филозофски учења....
Во античката филозофија за најизразити преставници на рационализмот се сметаат Платон, Парменид, Зенон итн. меѓутоа многу историчари на филозофијата го сметаат Платон за зачетник на европскиот рационализам, а Рене Декарт во поновата филозофија го применил рационализмот за изградба на својот филозофски систем заедно со Лајбници уште неколкумина други ама неможам да се потсетам моментално на имињата....
Понатаму, под рационализам истотака во филозофските учења се подразбирааат и етичките учења кои го применуваат рационализмот во моралната област, така шо примарните моралните вредности како шо се должноста, доброто итн, како и основните морални принципи, ги сметаат очигледни по себе, а ваквиот рационализам се нарекува етички рационализам, исто така знам дека постои и теолошки рационализам меѓутоа не сум запознаен со таа област, така да немам шо да коментирам, познато ми е само како онака, како име