T
Tetro
Гостин
Забраната за претставата за Тито како недемократски чин, за опозицијата е само еден пример како ВМРО ДПМНЕ и ДПА ја практикуваат власта во сите сегменти – во жестоката собраниска дебата го прозваа премиерот дека влегол во предконгресните групирања на ДПА, со смената на Бекири кој поднел оставка не по негово барање туку по иницијатива на партискиот шеф Тачи.
Обвинувањата на СДСМ дека смената е мотивирана од партиски пресметки, ги испровоцира пратениците од ДПА.
За ВМРО Народна спорно е што воопшто се дигнала толкава врева за претставата за Тито.
Премиерот освен што ја прочита биографијата на новиот министер за култура, не влезе во објаснувања кои се причините за оставката на Бекири. Не се слушна ниту Бекири кој не дојде во Собранието - неговиот наследник диригент по професија, Арификмет Џемили доаѓа од местото проректор на Тетовскиот универзитет – на оваа позиција беше избран минатата година по смените во универзитетот со доаѓањето на ДПА на власт.
(12.04.2007)