Се врзувам со партнерот уште од самиот старт, од првиот момент кога ќе се почувствувам емотивно инволвирана. А врска ко врска, никогаш не знаеш каква ќе испадне, дали кратка, дали долга, дали доживотна...
Врзување во смисла на ограничување на слободата, испланирана иднина, заеднички живот, бракови и слично, одбивам и не сакам на овие години. Млада сум и сакам да го проживеам животот во слобода, без оглед на тоа дали сум во врска или сингл. Тоа не значи дека сум несериозна и дека си правам што ќе ми прдне на памет, туку значи дека врската како врска ќе трае додека траат чувствата, а некогаш секако ќе заврши, зошто како што спомнав сакам да го извлечам максимумот од животот, а не да се врзам со еден партнер за цел живот. Сакам да менувам партнери, да учам карактери, да се пронаоѓам себеси, да модифицирам критериуми, да откријам што ме задоволува, да трагам по најдоброто.
Ако се работи за врзување од овој тип, тогаш да, рано ми е да се врзам. Еден ден, во понатамошните години, сигурно ќе решам да се смирам и да се врзам, ама сега не, имам поинакви планови.
Кога партнерот ќе ми каже дека сака со мене да го помине остатокот од животот, тоа ме плаши и губам интерес, па се повлекувам.
Сега е така, зошто уште сум дете, млада, еден ден ќе сретнам можеби некого со кој што ќе сакам да го поминам остатокот од животот. Во скоро време, тоа нема да се случи.