Рандом мистерии

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.422
Поени од реакции
5.439
Линков ме потсети на замокот кој е познат по Јулија Хасдеу близу Букурешт, Романија.

Јулија била млада и надарена поетеса. Настрана нејзиното мало творештво, таа ненадејно умира од туберкулоза на 18 години. Нејзиниот татко, Богдан во нивниот замок изградил посебна црна соба каде се извршувале обреди со цел да се комуницира со покојната ќерка. Легендата вели дека Јулија шета низ овој замок, а навечер се слушале звуци од пиано.


Јулија



Замокот изграден од Богдан. (Гледате нешто интересно на сликава?)



Дел од собата каде се извршувале обредите




И......
 
Член од
5 јуни 2014
Мислења
12
Поени од реакции
7
Незнаев која тема е најпогодна за ова, па зато пишувам овде.

Куќава се најдува во Прилеп, на изглед личи на нормална куќа, е сега она шо ме тера да се распрашам за куќава е крстов над вратава, и иконите на прозорците, сите прозорци се со икони на нив. Неколкупати цела улица била преполна со коли од сите градови, тогаш имаше и жена облечена исто како света Петка и ја сликаше однадвор куќава, се укажа шанса тогаш вратата да биди отворена па да видиме внатре, внатре има ..ред столици, ред столици, еден позади друг и престол за зборување напред ..чудно. Незнам за шо станува збор, можда група луѓе со поинакво верување ..ама не ја исклучувам и можноста да станува збор за секта која се задскрива зад овие симболи, крстов ..икониве. Е некој по упатен ?
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.470
Поени од реакции
11.372
Незнаев која тема е најпогодна за ова, па зато пишувам овде.

Куќава се најдува во Прилеп, на изглед личи на нормална куќа, е сега она шо ме тера да се распрашам за куќава е крстов над вратава, и иконите на прозорците, сите прозорци се со икони на нив. Неколкупати цела улица била преполна со коли од сите градови, тогаш имаше и жена облечена исто како света Петка и ја сликаше однадвор куќава, се укажа шанса тогаш вратата да биди отворена па да видиме внатре, внатре има ..ред столици, ред столици, еден позади друг и престол за зборување напред ..чудно. Незнам за шо станува збор, можда група луѓе со поинакво верување ..ама не ја исклучувам и можноста да станува збор за секта која се задскрива зад овие симболи, крстов ..икониве. Е некој по упатен ?
црква со поинакви верувања од христијанските.Ги има неколку во Скопје.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
890
Овој хотел има 10 000 соби и морничава причина поради не е посетен од ниту еден гостин

Најголемиот хотел во светот се наоѓа на островот Рига, има 10.000 соби и се протега речиси пет километри по должината на брегот на Балтичкото Море. Иако одморалиштето е изградено пред 70 години, никогаш не било посетено од гости.
5577347925_de00668aeb_z.jpg

Хотелскиот комплекс е изграден од нацистите помеѓу 1936 и 1939 година по наредба на Хитлер. Во исто време, лидерот на фашистичка Германија се подготвувал за крвава војна со која ќе се обиде да го освои светот, и заради која овој хотел никогаш не бил завршен.

Комплексот Prora се наоѓа на 150 метри од плажа меѓу регионите Sasnic и Binc и речиси е долг пет километри. За време на изградбата биле вклучени сите поголеми градежни компании на Рајх со околу 9000 работници.



Со почетокот на Втората светска војна, градежни работници биле префрлени во фабрика за оружје, а изградбата на хотелот е запрена. Во осум хотелските капацитети од започнатите театри и кина останати се само ѕидови, а во страв од непријателот многу жители на Хамбург пронајдоа тука засолниште и безбедност. По војната, хотелот бил користен од страна на германската армија и останал празен до 1990 - та година.



Комплексот бил замислен како луксузно одмаралиште со капацитет од 20 000 гости и бил дел од нацистичкиот проект „Сила преку радост“ кој имал за цел да обезбеди рекреативни содржини на германските работници низ кои ќе се шири нацистичката пропаганда.

 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
5.707
Поени од реакции
4.584
ФОТО: Документ од ФБИ докажува дека Хитлер побегнал во Аргентина
Четврток, 25 Септември 2014 14:32


Според документите кои неодамна ги објави ФБИ, Адолф Хитлер побегнал со подморница во Аргентина каде живеел на добро чуван ранч кон крајот на Втората светска војна и страдал од астма и чиреви.


Во документите на ФБИ се изнесени детали како аргентински бегалец тврдел дека му помогнал на Хитлер кој бил со две жени и други Германци да слезат од подморница во Аргентина две недели по падот на Берлин во април 1945 година.

Хитлер и останатите потоа тргнале со коњи кон ридовите на јужни Анди, а било планирано групата од 50-тина луѓе да се всели кај германски семејства во блиските села. Аргентинскиот известувач кој им ја дал оваа информација на властите во САД со надеж дека ќе добие азил, не е именуван во документите.



-Ако одите во хотел во Сан Антонио, Аргентина ќе средам таму да ве дочека човек кој ќе ви покаже каде е ранчот во кој се наоѓа Хитлер. Секако, премногу добро е чуван, ќе го ризикувате животот ако одите таму, стои во документацијата на ФБИ.

Имено, тој дал опис за Хитлер на американски новинар од Лос Анџелес Егзаминер на 29 јули 1945 година, говорејќи дека германскиот нацист „пати од астма и чирови, дека ги избричал брковите и дека има долго растојание од носот до горната усна“.
http://www.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/172819--FOTO-Dokument-od-FBI-dokazuva-deka-Hitler-pobegnal-vo-Argentina
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
5.707
Поени од реакции
4.584
ЦИА проговори: ЈНА тајно тестирала хемиско оружје во Македонија!

26.09.2014 | 16:03
Извор: Mkd-news
Прочитано: 6853 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


ЈНА, покрај лабораториите и фабриките што биле распространети речиси во сите поранешни југословенски републики, го користела полигонот Криволак крај Неготино како централна локација за проби на хемиско оружје, се наведува во документ на американското разузнавање


ЦИА проговори за југословенската програма за забранетото оружје - Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави податоци во кои се тврди дека на неколку места низ Македонија за време на поранешна СФРЈ се одвивале тајни проби и тестирања на разновидно хемиско оружје. Во документот објавен на Интернет под наслов „Откривање на програмата на хемиско оружје низ Балканот“, меѓу другото, се наведува оти поранешна ЈНА за време на нејзиното постоење, далеку од очите на населението, тајно произведувала и тестирала хемиски оружја, за што сведочат многуте лаборатории и работилници за развој на ова забрането оружје, кои тајно биле сместени во многу бункери на поранешната заедничка армија, пишува Нова Македонија.


Криволак централна локација за тестирање - Во пишаниот извештај од неколку страници стои дека ЈНА, покрај лабораториите и фабриките што биле распространети речиси во сите поранешни републики, го користела армискиот полигон Криволак, крај Неготино, како централна локација за проби на хемиско оружје. Американската разузнавачка агенција наведува дека во 1996-тата година нејзин агент лично се уверил оти во земјава во минатото било присутно хемиско оружје. Разузнавачот во своето истражување оценил дека поранешна Југославија имала развиено хемиско оружје за напад и одбрана. Тој истакнува дека подоцна во 1990-тите години од анонимни извори во хрватското министерство за одбрана добил потврда дека поранешна СФРЈ, веќе 40 години далеку од светските очи развивала ваква програма, која вклучувала производство на нервен гас, гранати и бомби. Агентот во документот објавен на веб-страницата на ЦИА наведува дека од извор во Загреб дознал дека таква фабрика за производство на хемиско оружје постоела во Бијело Поље крај Мостар, како дел од тамошниот Военотехнички завод на ЈНА.


Белградска „Политика“ пишува дека Србите со децении успевале да ја скријат својата трага во производството на хемиските оружја. Од друга страна, пак, за време на војните на просторот на поранешна Југославија, Хрватите наводно на неколку наврати го носеле американскиот агент на посочените локации да се увери дека Србите се' уште имале намери да произведуваат хемиско оружје. Во извештајот на ЦИА стои дека Србија во 1991 година одлучила да ја уништи оваа програма во Мостар и дека 30 тони гас „сарин“ вратила назад во Лучани, каде што подоцна бил уништен.


Белград уште молчи за фабриката кај Мостар - Според ЦИА, една инспекција била испратена во проверка на фабриката во Брач крај Белград, во која биле произведувани хемиски материјали, но комисијата, која тогаш била составена само од Срби, не пријавила ништо сомнително. Исто така во извештајот се наведува дека од Мостар во Крушевац честопати бил транспортиран гасот „ЦГ“, кој се користи за производство на солзавец. И конечно американскиот агент заклучува дека СР Југославија во 2000-тата година ја ратификувала Конвенцијата за хемиското оружје, но официјален Белград се' уште не дал јасни податоци со што била опремена фабриката во близина на Мостар, која, според американските воени разузнавачи, произведувала хемиско оружје.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
5.707
Поени од реакции
4.584
Најголемото закопано богатство на Балканот кое го барал и Аркан

30.10.2014 | 16:23
Извор: Mkd-news
Прочитано: 7502 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


Најголемото закопано богатство на Балканот, богатството на попот Мартин Химовиќ е цел на секој трагач на злато на овие простори. Легендата вели дека истото е закопано на Стара планина, но не се знае дали е тоа на српска или бугарска страна.


Но иако верзиите се разликуваат во однос на потеклото на попот Мартин, суштината на приказните е иста насекаде – Тој оставил неверојатно богатство, украдено од турските каравани кои пренесувале собран данок. Богатството било закопано на 62 локации, за кои самиот поп Мартин оставил белешки. Проблемот е во тоа што најголемите богатства се добро скриени, а за да се стигне до нив треба да се минат стапици кои можат да убијат човек и да се протолкуваат белешките на Мартин запишани како еден вид на загатки кои треба да се решат.


Попот Мартин Химовиќ од Херцеговина дошол во Србија со неговата сопруга Вида и ќерката Злата. Тие се вселиле во село кое тогаш се викало Умагушка, кое сега не постои. Селото било во близина на манастир, па така свештеникот одел таму на богослужби.

Еден ден, додека Мартин бил во манастирот, Турците дошле во селото Умагушка, а нивниот водич ја силувал жената на попот. Toгаш таа го грабнала ножот на еден од Tурците и го убила злосторникот, а подоцна, од срам, си пресудила и себеси. Сопругата на Мартин била погребана во дворот на куќата, а тој заедно со неговата ќерка, секојдневно, една година бдееле над нејзиниот гроб. За тоа време тој ќерката Злата ја научил како да употребува оружје.


Кога минала една година од смртта, попот Мартин ја соблекол црковната мантија и тргнал по одмазда заедно со својата ќерка и банда од 40-тина ајдуци кои ги собрал. Групата живеела во пештери, пресретнувала турски каравани кои од Истанбул носеле пари собрани од даноци. Тоа го правеле во денешните предели на Жагубица, Јагодина преку Зајечар до Пирот, Ниш и Врање.

Мартин со неговите ајдуци собрале огромно богатство кое го скриле на 62 локации, а попот за нив оставил тешко разбирливи белешки. Најпознатата локација на која е закопано богатство е Смуковата пештера, но и најопасна. На нејзиниот влез, имало голем број на стапици, шилести стебла, и механизми наместени да го убијат секој кој не го знае единствениот пат за да влезе во пештерата.


Смуковата пештера во 90-тите години ја пребарувал Жељко Ражњатовиќ – Аркан, со поранешниот тим од службите на Државната безбедност. И генералот Небојша Павковиќ со воени машини ги прекопувал планините во близина на Ниш и Пирот во потрага по богатството на попот Мартин.

– Тие не најдоа ништо, вели соговорникот С.М., жител на едно од Зајечарските села за Курир рс.

– Ја згрешија локацијата на пештерата, додава тој.


Смуковата пештера, како што е опишано во дневникот на Мартин Химовиќ, се наоѓа под “Трите врва”. Тоа е дел од Стара Планина кој паѓа во општина Књажевац.

– Со години трагам по пештерата каде што е скриено богатството и мислам дека конечно ја најдов точната локација. Пронајдов и неколку врежани знакови кои водат до неа. Само влезот во јамата е затрпан со тони земја и ќе ми треба добра група на луѓе и многу копање за да дојдам до влезот, вели С.М..

Тој поседува преписи на дел од дневниците на поп Мартин со описи на локации кои верува дека вистински ги протолкувал и дека ќе му помогнат да го најде богатството
http://tocka.com.mk/1/141335/najgolemoto-zakopano-bogatstvo-na-balkanot-koe-go-baral-i-arkan
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.422
Поени од реакции
5.439
Малце ќе отидеме во Романија. Како држава сама по себе мене ми е многу језива. Можеби поради нивната локална култура, замоци, дракули, па и како екс Варшавска земја ми ја дава таа темна слика за нејзе.
Како и да е, западно од градот Клуж Напока, се наоѓа една навидум мала и мирна шума, Хоја. Хоја е дом на најбизарните приказни, случки, фантазии и човечки недоразбирања.

Во 1968, граѓанин од Клуж фотографирал НЛО. Оваа слика е една од ретките која е оценета како вистинска.


Многу луѓе се пожалиле на главоболки, гребатинки, губење на ориенатција за време. Александру Сифт ги истражувал овие појави во шумата се до неговата смрт. По неговата смрт, повеќето пронајдоци, слики и истражувања се губат.

 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.536
Поени од реакции
9.453
Одамна гледав документарец за Војничевиот Ракопис. Еден тврдеше дека скоро го декодирал. Човекот кој го напишал бил по потекло од Италија, Венеција. Тогаш Венеција важела за напредна занаетчиска земја посебно за изработка на стакло. Не сакала да го пренесе своето знаење и умови на други земји за да ја задржат својата позиција. Важела за многу затворена земја и било строго контролирано кој влегува и кој излегува, со цел да не се откријат нивните тајни. Човекот кој го напишал имал можност ретко да патува во денешна Турција и тој претпоставува дека ракописот бил користен за да се пренесат тие пронајдоци и иновации кои ги поседувале Венецијаните. Дел од сликите совршено опишуваат и се поклопуваат со локации и покривии на цркви во Венеција но и во Милано.
Опиша дека тоа било голем напредок и дека декодирањето е само прашање на време. Оттогаш немам слушнато дека е декодиран па претпоставувам дека не му е точна замислата.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.924
Поени од реакции
3.944
Линков ме потсети на замокот кој е познат по Јулија Хасдеу близу Букурешт, Романија.

Јулија била млада и надарена поетеса. Настрана нејзиното мало творештво, таа ненадејно умира од туберкулоза на 18 години. Нејзиниот татко, Богдан во нивниот замок изградил посебна црна соба каде се извршувале обреди со цел да се комуницира со покојната ќерка. Легендата вели дека Јулија шета низ овој замок, а навечер се слушале звуци од пиано.


Јулија



Замокот изграден од Богдан. (Гледате нешто интересно на сликава?)



Дел од собата каде се извршувале обредите




И......
Одлично напишано. Малку ке те поправам во еден сегмент. Не се работи за никакви обреди ова што го гледам на сликиве и според текстот всушност е феноменот "Спиритуализам" поточно не е феномен техника е. Техника за да заглавената душа (духот) се материјализира и може да се појави, види со голо око па дури и да се пипне. Она замоче со Масонски симбол е уште еден убав доказ дека Масонеријата точно ги знае буквално сите работи што постојат а се така добро скриени од народот и на народот им се пркажани како неразјаснети феномени, измислици и глупости. (y)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
5.707
Поени од реакции
4.584


Kako je nacistički Indijana Džouns za Hitlera tražio Sveti gral

Oto Ran je, ni kriv ni dužan, postao omiljeni arheolog nacističke elite koja ga je angažovala da locira i nađe Sveti gral. Novac koji su mu ponudili nije mogao da odbije.

IZVOR: 24SATA.HR ČETVRTAK, 28.05.2015. | 18:12


Poznavaoci nemačke istorije, arheologa Ota Rana danas nazivaju "stvarnim Indijanom Džounsem" što nije sasvim slučajno. Taj čovjek je zaista inspirisao legendarni filmski serijal, a od malih je nogu bio opsednut pronalaskom grala iz kojeg je Isus Hrist pio na Poslednjoj večeri i u koji je Josip iz Arimateje skupljao njegovu krv nakon raspeća.

Legenda kaže kako je sveti Petar gral odneo u Rim gde su ga Pape koristile kao svoj gral puna dva stoleća. O njegovom putu nakon toga postoji nekoliko verzija legende, a sve one od malena je proučavao Ran. Verovao je da će ga Parzival, delo Volframa fon Ešenbaha iz 11. veka, dovesti do Svetog grala. Na temelju svojih istraživanja došao je do zaključka da su Katari čuvali tajnu o lokaciji Svetog grala.

Tri katarska viteza, verovao je, gral su donela u francuski dvorac Montsegir i tamo ga sakrila pre nego što su Krstaši 1244. masakrirali Katare. Oto Ran je u dvorac otputovao 1931. godine. Gral nije našao, ali je ispod dvorca otkrio pećine koje su Katari i kasnije Templari koristili za verske obrede. Tamo je navodno bilo i postolje na kome je nekada stajao Sveti gral.

Ran je zbog toga mislio da je na pravom tragu, pa je o svojim istraživanjima napisao i knjigu "Krstaški rat protiv Svetog grala".

Upravo će zbog te knjige Ran uskoro potpisati "ugovor sa Đavolom" koji će ga na kraju koštati i života.

Naime, 1933. godine arheolog je primio anonimni telegram u kojem je stajala ponuda da napiše nastavak svoje knjige za šta će mesečno dobiti platu od hiljadu maraka.

"Ako pristajete, dođite na adresu Berlin - 7 Prinz Albrechtstrasse," pisalo je na kraju telegrama.

Kako je bio u velikim finansijskim problemima, Ran je otišao na navedenu adresu. Na sopstveno iznenađenje, tamo ga je dočekao Hajnrih Himler, čelni čovek Hitlerovog SS-a. Tamo se dogodilo nešto o čemu Ran nikada nije sanjao - sreo je čoveka koji je Svetim gralom bio opsednut više nego on sam.

Himler je bio toliko opsednut da je dvorac Vevelsburg već pripremio za dolazak slavnog grala. On je smatrao da bi Sveti gral nacistima mogao doneti premoć u ratu za koji su se spremali. Osim toga, on bi kao novi vlasnik Grala, verovao je, dobio nadljudske sposobnosti i magične supermoći.

Ran, ne samo da je pristao da nađe Sveti gral, već se i učlanio u SS, iako nije podržavao nacističku politiku.

"Čovek mora da jede. Šta je trebalo dauradim, da odbijem Himlera, objasnio je Rahn nekoliko nedelja kasnije prijatelju koji ga je sreo u crnoj uniformi SS-a. Osim velike plate, Himler mu je ponudio neograničena sredstva za ekspediciju koja će pronaći Gral.

Kada je završena prva faza potrage, Ran je zaista napisao nastavak svog prvog dela. Knjigu je nazvao "Luciferov sud: Putovanje jeretika u potragu za Donosiocima Svetla". Himmleru se delo toliko svidelo da je naredio štampanje knjige s najfinijim kožnim koricama. Pet hiljada primeraka podeljeno je među Hitlerovom elitom.

Kada je pročitao sopstvenu knjigu, Ran je primetio nekoliko anti-semitističkih opaski koje je ubacio neko drugi. U tom je trenutku shvatio da je upao u zamku. Iako mu je Himler dao ogromnu podršku, on je očekivao i rezultate.

Godine su prolazile, a rezultati nisu stizali i Himler je postao nestrpljiv. Ranu nije pomoglo ni to što je bio homoseksualac i što je izražavao anti-nacističke osećaje i stavove. Nakon što je 1937. godine uhvaćen u pijanom stanju usred homoseksualnog akta, Himler ga je kaznio s tri meseca rada u logoru Dahau.

Nakon toga je hrabro Himleru uručio ostavku. Himler ju je prihvatio, a ono što se dogodilo nakon toga ostaje tajna. SS mu je navodno pretio razotkrivanjem homoseksualnosti i ponudio mu da počini samoubistvo. U martu 1939. Ran je pronađen smrznut u planinama Tirola. Bile su mu 34 godine. Službeni uzrok smrti naveden je kao samoubistvo. Šta se zaista dogodilo najvjerovatnije nikada neće biti otkriveno.

Neki istoričari smatraju da Ran zapravo nikada nije umro i da je iscenirao sopstvenu smrt kako bi pobegao od nacističke kandže. Bez obzira ne sve, bio je to kraj nacističke potrage za Svetim gralom.
http://www.b92.net/zivot/vesti.php?yyyy=2015&mm=05&dd=28&nav_id=997699
 
На врв Bottom