Ракетомоделизам (експериментален)

  • Креатор на темата Креатор на темата Фиромир
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
8 мај 2015
Мислења
29
Поени од реакции
10
Ракетомоделизмот е много убаво хоби.Во спортскиот има нај-различни правила и ракетните двигатели (мотори) се мали и строго определени. Во експерименталниот не е така. Се е во рацете на експериментаторот.Друго кое е важно е ракетата да има систем за спасуванје (пдаобран или лента) оти без како пада от 200-300 и поеке метри може да повреди или убие некој.А и самата ракета се спасува и може да се стартира пак како се зареди со гориво ако моторот е за многократна употреба како мојот.Исто така е добро да се експериментира далеко от луге оти моторот може да грмне.јас се занимавам од 3 месеци и веке имам добри резултати -ракетата лета и падобранот се отвара. Еве . Ракетата тежи 1.4 кила со горивото.Горивото е от калиев нитрат и шекер 2:1 по тежина.300 грама.
 
Последно уредено:
Не се разбирам од ова, али интересно е за гледање. (y) Оваа ти е единствена или имаш и некој поголем модел? Ме интересира колку е максималната висина што си ја постигнал , и дали ако ставиш повеќе гориво ќе достигне повеќе?
 
Висината не е проблем. Проблемот е дека како стигнеш таа по голема висина треба да се отвори еден по мал падобран.Па на околу 200 метри од земјата друг поголем.Инаку представи стрелаш на 3 км висина. Отвара се падобранот и ако дува дури лек ветар ракетата може да иде и на 5-6 километри.Така да висината не е проблем.Проблем е електрониката која треба да се стави во ракетата за да командува сите тие работи.Треба да имаш и система по која да си ја најдеш потоа. Со ГПС. Инаку после 500 метри еден километар нагоре и ракетата се не види веке со просто око. А во ова ракета има само еден прост електронски тајмер кој отвара падобранот после 7 секунди.Но има и нешто друго.Треба да се почне со по мали ракети и да се оди натаму.Инаку е како да седнеш изеднаж на мокен мотоцикал. Веројатноста да се повредиш е многу голема.
Воопште јас немам цел големи висини. Многу поеке ми се допада така да видим ракетата цело време па како се отвара падобранот па пада бавно. Инаку стрелаш изгуби се од поглед след секунда и ништо,
 
Последно уредено:
Кај го искова зборов жити се, Ракетно моделарство постои како секција во народна техника пола век...
 
Хаха ракетно моделарство е како столарство:) Ама зборот не е важен важно е да летат ракети, ти се занимаваш со ракети?Дај линк, ја знам дека не сум открил топлата вода но во овој форум еден ми даде линк како се прави гориво од шекер и калиев нитрат и вака почнав да се занимавам и јас оти без гориво нема ракета.
 
Последно уредено:
Хаха ракетно моделарство е како столарство:) Ама зборот не е важен важно е да летат ракети, ти се занимаваш со ракети?Дај линк, ја знам дека не сум открил топлата вода но во овој форум еден ми даде линк како се прави гориво од шекер и калиев нитрат и вака почнав да се занимавам и јас оти без гориво нема ракета.
Ракетно моделарство???
Ова твоево нема врска со ракетно моделарство, повеќе одиш накај ХАМАЗ со тоа моторот на калиев нитрат и шекер ;)
За ракетно моделарство има по FAI стандардизирано готови моторчиња и класи на моделарски ракети и ракетоплани. Башка со висина од 3 км. влегуваш во контролираниот воздушен простор , не сум сигурен за Македонија , ама вообичаено е до 600 фита (180 метра) и ако не е во близина на зона на аеродром или некоја друга забрана...За таму не треба радио врска со контрола на летање , транспондер или најава на активности.... Како го исфрлаш падобранот , имаш некое гас-генераторче или што??
Гледам спомнуваш електронски тајмер.
Колку се тежи на полетање???
 
Доколку правиш вакви работи треба да имаш лиценца, пошто го загрозуваш воздушниот собраќај.
 
Јас бев член(бродомоделар) на времето во Народна техника каде имаше и ракетарство. Тие правеа мали ракети кои имаа падобран, а за гориво не се сеќавам бидејќи беше многу одамна(средината на 80-тите). Одевме на републички такмичења. Кај нас бродомедаларите такмичењето се состоеше од три дела-теорија, изработка на модел за 2-3 саати и натпревар со предходно дома припремен модел со мала пента и батерија 4.5 В, во базен. кој подалеку ќе стигни по права линија.

И ракетарите имаа практичен дел од натпреварувањата,ама за деталите неможам да се сетам.

Последно такмичење на кое бев беше во Бунец 1985-86. После некоја година заминав во гимназија и.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom