Една од главните поенти на печалбата, барем досега, со ретки исклучоци, е да се спечали таму за да се троши тука, а не да се спечали таму за да се печали и тука. Мислам дека секому му е јасно дека истите што биле тука заминале таму затоа што не можеле да заработат овде, немале шанса да остварат профит. Не е единствениот што е разочаран, многу ги има такви мислеле подоцна овде за започнат некоја работа. А најмногу разочарани се тие што не заминале никаде, а се невработени. Овој има каде да се врати. Она што буни и нервира е што истиот не заминал пред 20-30 години, па да се вади со: не знаев, не ми кажаа (а треба сам да си знае, нели е од тука и не заминал кога имал 2 години) мислев има демократија, НАТО и ЕУ, ти реков-ми рече. Нервира неговиот брзо стекнат менталитет на европски бизнисмен, кој „заборавил“ како овде се одвиваат работите и ни се прави енглез, како првпат да разбира некои работи. Тие се состојбите, не се променети. е знае како најсигурно и најчесто се успева, секоја чест на исклучоците. Многу пари, многу врски, и фамилијарни и политички, и локални и државни и пак да се чуваш некој да не те заебе.