Работа во Италија

Член од
7 август 2012
Мислења
176
Поени од реакции
11
дали знае некој кај да аплицирам за берба на лозје во италија
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
дали знае некој кај да аплицирам за берба на лозје во италија
Нема тука апликација батка! Имаш ли бугарски пасош? Од кај си? Кочанчани, Виничани и од Блатец се главни во тој дел, најди си врска од таму и директ Италија!
 
Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824
Не ти треба Бугарски имаат голем недостаток на работници (се разбегаа Швајцарија Германија Англија) доволно да прашаш некој што работи таму тој ке го праша кооперативецот негов случајно ако нема место одма кај друг кооперативец ке те препорачаат.... Само саатнината е мн слабо платена 4 4.5е за почетници максимум условите во кои се сместени не се добри ни малку (не зборам за секаде туку на повекето места) и на крајот ке ти одбијат за спиење и превоз што ве возат до нивите и секако јадењето треба самиот да си го обезбедиш...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Зависи кај каков газда и преку кој. Најважно е каков впечаток ќе му оставиш на газдата и ако си вреден и чесен ќе те цени и се ќе ти даде.

Другар мој беше кај газда Македонец и земаше по 6-6.5 и со полоши услови за сместување, а сега е кај Италијанец и зема 9 евра со наместен стан и џип за до работа. На 3 месеци има одмор 2 недели и дома си оди со 3500 евра чисти што и не е малку за таква работа. Како дел од фамилијата му е.

Најсмешно е што Македонецот го препорачал на Италијанецот кој барал работници на помош за одредено време. Другарот си научи италијански јазик и му избега кај Италијанецот.
Само така на оние кои не знаат да си ги ценат работниците. Мислат дека се единствени и дека интелигентна личност нема да научи јазик и да си најде друго работно место со подобри услови.

Оние што не научиле јазик останале кај стариот газда да работат за помала саатнина.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom