Треба јазик да се знае, знаат Германците англиски ама глумат лудило (што мислам дека се сосема во право, ипак идеш во Германија да работиш). Сеа за ниво на знаење, треба да знаеш барем основно - да се преставиш, да направиш два реда муабет, да следиш инструкции итн. vlado погоре спомна работа во фабрика, тешко тоа без познавање на јазик*. Едино во МкДоналдс или чистач по хотели/болници ти бараат минимално познавање. Но на крај зависи од твојот газда и со луѓето со кои работиш. Јас кога бев минатото лето на сезонска работа во еден град во Баерн, шефицата бараше исклучително Германски да се збори без разлика колку знаеш.
Во Германија сите што бегаат а немаат високо образование работат во МкДоналдс или како келнер од неколку месеци до една година, го усовршуваат јазикот и бегаат на многу подобри позиции.
*Ова ми го кажаа колегите што ми беа тогаш, баш сеа во Декември еден колега што ми беше од Сирија напуштил МД по 2 години работа за фабрика. Јас работев во Баерн, за други провинции може полиберално е.