Ревлон е доста пигментирана пудра и е тешка за секојдневна употреба. Со Виши на Дермабленд, имаат доста висока пигментација и одлична покривност. Исто и Flower perfection, која ми е одлична зашто е матирачка и немам потреба од фиксатор, компактна или пудра во прав одозгора. Бар ја преферирам да си ја користам самостојно со добар прајмер.
Инаку деновиве си ја купив CC - кремата 1 2 3 на Боржуа. Тонираната крема со екстракти од бел чај е уствари замена за прајмер, која ја осветлува кожата, ја хидратира, го изедначува тенот со SPF 15.
Има пигменти кои делуваат против замор на кожата, зелени за прекривање на црвенилата на лицето, и пигменти за прекривање на темните подочници.
За поголема покривност и коригирање си го користам коректорот на Артдеко и/или Ревлон, и одозгора поминувам со компактна пудра. Супер замена за високо пигментирани пудри осoбeно за секојдневна, дневна употреба.