^ Дали вреди или не вреди е многу хм... субјективна работа. Најдобро кажи за што планираш да го користиш компјутерот и може ( најверојатно ) некој ќе ти состави пооптимизирана ( + нова ) конфигурација - баш за твоите намени.
На пример во оваа конфигурација има и Sound PreSonus Inspire 1394 4x4 Firewire computer recording system + има и GTX 280-ка ( моќна, но застарена графичка за денешни стандарди - DX10 + троши повеќе струја од помодерните алтернативи ) - дали планираш на овој компјутер да се бавиш со музика или планираш да играш на него?
Иако има поасална матична плочка ( за тоа време, сега више може да се сврсти и у антика ) со неа upgrade path во иднина ти е еднаков на 0.
Дали уопште ти треба Video Pinnacle PCTV Sat 400e ?
Дали мора режачот да биде екстерен ?
Дали планираш да го клокаш ( у превод: дали имаш потреба од aftermarket cooler ) ?
Планираш да инсталираш OS на WD GREEN или имаш друг HDD/SSD ?
Муабетов ми е за слични пари можеш да земеш i5 3450 + B75 плочка + 8 GB DDR3 + random 1 TB HDD + PSU ( ~50 евра ) + евтино куќиште + режач ( ~ 30 евра ) + рандом монитор со TN panel ( 23" ~8000, 24" ~8500 ) + Sound PreSonus Inspire 1394 4x4 Firewire computer recording system ( ако ја цениме 100 евра -
http://www.amazon.com/PreSonus-Inspire-Firewire-Recording-Interface/dp/B000E6FTVK ) - тоа ти е одприлика 37000 се на ново без графичка картичка ( ако го користиш за музика не ти ни треба ), ако ти е за игри тогаш штедиш 100 евра на PreSonus , додаваш уште 100 и земаш Radeon 7850 ( или ако мора да е графичката од nVidia ќе додадеш уште 20 евра и ќе земеш GeForce GTX 660 - овде не ти се мешам, секој си има лични ( често неосновани
) преференци дали сака AMD ili nVidia графичка ) и ќе добиеш осетно помоќен и помодерен компјутер за игри на пример. Дури и на процесор да заштедиш ( да стаеш i3 2120 ) пак ќе ти брка работа ( па во идинина можеш да стаеш i5 ).
^^^ Овде не ми беше цел да состаем најоптимален компјутер за парите ( не ни можем - не знам што планираш да работиш на него ) туку да ти укажем дека може да се состави нов компјутер со делови специфично одбрани за работата која тебе ти треба, кој ќе биде помодерен и помоќен од компјутерот кој ти го нудат, со можност за upgrade во иднина + купен по редовни малопродажни цени со гаранција.
Кажи намена на компјутерот па ако разликата во цена за нов компјутер што ќе ти брка работа не е многу поголема од овој - мој совет е да идеш на ново.
Намерно не кажувам дали вреди толку колку што бара или не затоа што пазарот на стар хардвер у мк е мноооогу чуден. Пример за процесори од типот на е5300 настаро без гаранција обично по огласи се продава за преку 2000 денари (
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/1086656?searchID=2150031&Idx=1 ), а за 2500 има g530-g540 ( нови, по МАЛОПРОДАЖНИ цени со гаранција ) кои се осетно подобри од него + е на понова платформа со можност за upgrade !