Против Грција, нападот е најдобра одбрана

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
н
Денис Маневски е еден од основачите на организацијата Обединета македонска дијаспора, финансиски директор во консултантска куќа која држи 3.000 болници во САД, Австралија, Британија, Канада, Шведска и во други земји. Маневски беше во делегацијата на ОМД која при крајот на јули престојуваше во Скопје за да договори заеднички настап за промовирање на државата, како и да побара дијаспората да добие право на глас.


Кои се основните барања на дијаспората?

- Свесни сме дека не смееме многу да се мешаме во внатрешните работи на Македонија, но имаме барања во врска со македонското малцинство во Грција, Бугарија, во помала мера и во Албанија. За овие барања ние известуваме на секој чекор, лобираме во Вашингтон, а се надеваме дека ќе можеме да лобираме и во Брисел. Друго барање ни е, секако, во однос на името. Луѓето од дијаспората не се согласуваат со промена на името на Македонија. Дијаспората не е расположена за попуштање по ова прашање. Потребна е сериозна одбрана на името, и дефинитивно, никаква промена на идентитетот како Македонци.


Македонците во странство по толку години сè уште не добија право на глас. Дали очекувате нешто да се стори по ова прашање?

- Став на ОМД за правото на глас е дека би сакале дијаспората да може да гласа. Тука има многу детали. Некои треба да се разграничат. Ние како дијаспора не плаќаме даноци во Македонија и не можеме многу да бараме. Но, би сакале да гласаме и да имаме одреден број пратеници, двајца, тројца, четворица. Сметаме дека е неизводливо дијаспората да гласа така што глас на Македонец од дијаспората би се броел на неговото родно место, како обичен државјанин, бидејќи тоа е логистички неизводливо. Би било полесно дијаспората да гласа за посебни пратеници, избрани од дијаспората. За Македонците од дијаспората да имаат поголема желба да гласаат и да имаат поголема иницијатива да ѝ помогнат на Македонија, треба некој да ги претставува во Собранието. Сакаме да гласаме и на претседателските избори, закажани за в година, иако лично сметам дека тоа е тешко изводливо. Знам дека има луѓе што сметаат дека граѓаните од дијаспората не би требало да се мешаат во македонската политика. Мислам дека треба да се мешаме за да ѝ помогнеме на Македонија, а луѓето да сфатат дека дијаспората, која веќе дава голема финансиска помош за Македонија, може да даде уште поголема помош.

Дали однадвор изгледа дека одиме на подобро или на полошо?

- Мислам дека не се случуваат многу позитивни работи, од гледна точка на интеграциите во НАТО и во Европската Унија и на блокадите што ни ги прави Грција. Не велам дека не се гледа добра иднина за Македонија, но сметам дека многу потешко ќе излеземе од денешната ситуација, отколку од што беше состојбата пред една година, кога многу попозитивно се гледаше на Македонија. Позитивен тренд е што во дијаспората има нови генерации, кои преку Интернет полесно комуницираат со матичната земја. Дијаспората ќе биде многу повеќе ангажирана сега отколку досега.


Дијаспората одамна бараше поостра македонска активност кон Грција. Тоа и се случи. Дали можеме да очекуваме дијаспората да помогне во оваа политичка борба?

-Има две стратегии. Можеш пасивно да се бориш против Грција, а можеш и активно. Ние се обидовме пасивно, но тоа не даде плод. Мислам дека Македонија сега почна поактивна стратегија, да се брани со напад. Тоа би требало да даде плод, но можеби не во блиска иднина. Како што велат во спортот, нападот е најдобра одбрана. Тоа е прашање на национална стратегија. Ќе треба да се седне на маса и да се види што може да се прави во случај Македонија да се најде во ситуација против Барак Обама во САД и Никола Саркози во Франција. Дијаспората ќе мора тука сè повеќе да се вклучи, тоа и го прави, не само со финансиски средства. Тоа е најмалку што можеме да сториме. Важно е да бидеме лично инволвирани и да одвоиме време, да ја претставиме Македонија во светот.



Дијаспората не се дели партиски

Зошто дијаспората бега од поврзување со македонските партии? Нели така би можела да има поголемо влијание?

- Во САД, од каде што доаѓам, нема големо разграничување на Македонците по партии. Почесто се случува разграничување по региони, кој од каде доаѓа. Ние и сами понекогаш си правиме граници за да не можеме да се обединиме. Но, не можеме партиски да се определиме бидејќи сме далеку од секојдневното политичко случување во Македонија. Има луѓе кои со години не дошле во Македонија и тие случувања не им се блиски. Во Македонија гледам колку работите се партиски определени, дури и едно апсење се сведува на партиска пресметка, а не на тоа дали човекот нешто направил или не направил. Од далеку, од Америка, Австралија, тоа не се гледа.

ВРСКА
 
H

HITCH

Гостин
н
[B]Дијаспората одамна бараше поостра македонска активност кон Грција[/B]. Тоа и се случи. Дали можеме да очекуваме дијаспората да помогне во оваа политичка борба?

-[B]Има две стратегии. Можеш пасивно да се бориш против Грција, а можеш и активно. [/B]Ние се обидовме пасивно, но тоа не даде плод. Мислам дека [B]Македонија сега почна поактивна стратегија, да се брани со напад[/B]. [B]Тоа би требало да даде плод[/B], но можеби не во блиска иднина. Како што велат во спортот, нападот е најдобра одбрана. Тоа е прашање на национална стратегија. Ќе треба да се седне на маса и да се види што може да се прави во случај Македонија да се најде во ситуација против Барак Обама во САД и Никола Саркози во Франција. Дијаспората ќе мора тука сè повеќе да се вклучи, тоа и го прави, не само со финансиски средства. Тоа е најмалку што можеме да сториме. [B]Важно е да бидеме лично инволвирани и да одвоиме време, да ја претставиме Македонија во светот[/B].[[/QUOTE]
Се согласувам. Aбе нив душа им знае, ама и нас со овие политичари. Ама ја ќе даде Господ да тргне на подобро
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
0
Лесно им е на иселенициве да јадат трици од страна. Нека дојде и нека иде да прави зулуми по егејска Македонија, па да да го покаже тоа на дело што го збори!!!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Дечкото е во право бе,уште да се врати во ГЕТОВО па заедно да ја продолжиме борбата.Сака од концентрационив логор да се бориме како лавови во кафез?:toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
... никогаш не е доцна ... и то ... :) ...
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Дијаспората си има свои внатрешни проблеми и има проста раја побројна од Битола, Прилеп и Тетово заедно. Тие од дома до работа друго ништо, паѓаат како круши на изјави од шизофренични квази патриоти радио водители и од себе понатаму не си знаат. Ова не е проблем бидејки голем дел од нив нема ни да излезат на гласање.

Но има и луѓе што активно се борат со свои средства (тука не се бројат тие квази патриоти што користат туѓи пари или пак пари од тие „цркви“ што им се регистрирани како фирми а во нив служат расколници) и кои свесно ќе придонесат за изборот на Македонија. Оваа група на луѓе треба да биде цел.

Што ќе биде со Македонците од Егејска Македонија што на своите претпријатија, возила итн имаат изпишано цитат „Македонија е Грчка“!!! А зборуваат Македонски, помеѓу нашите се декларираат како Македонци (за позади грб не треба да дискутираме како се декларираат) и се црквуваат во Македонска црква!!! Што со нив?

Нашата дијаспора е позната по неуспесите. Како? Па во Мелбурн на пример има 100.000 македонци а нема ниту еден клуб кој што е навистина македонски и во кој можат да се берат(има но тие се мали работи не вистински клубови како што е стандардот во Австралија). Иако Србите, Босанците и Хрватите заедно се помалкубројни од Македонците, сепак Србите имаат 2 клуба, Босанците 1 а Хрватите 3!!! По некоја логика Македонците треба да имаат 6+ клуба!!! А немаат бидејки се себични и самобендисани. Не гледаат од својот праг понатаму и ништо не им е гајле, џабе извикуваат „О-Македонијо“.

Цела дијаспора не е таква но таа е мојата лична слика.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
20
Поени од реакции
6
Дечкото е во право бе,уште да се врати во ГЕТОВО па заедно да ја продолжиме борбата.Сака од концентрационив логор да се бориме како лавови во кафез?:toe:


Ne... saka da sedi pred monitor i da pi{uva za Planot Avram-5.
Ne mora da sme prisutni vo Makedonija za da pomognime. Gledam na mnogu od vas vi pre~i koga nekoj od dijasporata saka da pomogni. Ili pa so "poln stomak" nemam pravo da si ja sakam Makedonija...taka? Od edna strana im se sitite na ju`nite |upci oti imale pregolemo lobi a od druga strana plukate po Makedonskoto lobi... Gospode moj pomo`i ni.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
факт 1

диаспората како неоптоварена од тукашните проблеми, политички, бизнис релации и познанства е можеби најчистата форма на македонското, заедно со една мала група неполитизрани луге кој се на маргините...тука во Македонија..и двете групи и таа внатре и таа надвор помагаат но се немокни во споредба со некој други струи бизнисис и групи

факт 2
диспората воопшто има внатрешни ГОООЛЕМИ проблеми, од финансиски до правни спорови и внатрешна некоординација

така ли е:smir:
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
факт 3

кој напад тука од внатре??? која форма како треба да изгледа, кој ке го поведе, премиерот како напад го вовлече егејското прашање, нашите мили пратеници расправаа, НО КОГА ИСТИТЕ ТИЕ ЕГЕЈЦИ БЕА НАПАДНАТИ ВО СРЕД ВРБЕНИ НИКОЈ НЕ ИЗРЕАГИРА!!! КОЈ НАПАД???
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Тоа се “по свадба тапани“.Она што Ханс го изјавува во интервјуто требаше да го “труби“ пред 5-6 години,а не сега.:toe:
Свадбата помина кога Киро го смени името и со БЦ започнаа преговори.
Тогаш требаше да затруби македонскиот народ; но народ не се случи.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Добро бе..аман, уште дишете м.м.е. па покажете малце живот и активирајте се нешто да промените а не да чекате од небо да падне.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Добро бе..аман, уште дишете м.м.е. па покажете малце живот и активирајте се нешто да промените а не да чекате од небо да падне.
зошто, тука е убаво и безбедно, тука сме сите храбри и силни, како зоте исти...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom