Промовирани првите 16 наслови на книги од информатичките науки

nozo.mk

Ultras Karpos Boys
Член од
6 септември 2007
Мислења
472
Поени од реакции
18
Факултетот за електротехника и информациски технологии на 15.04.2010 година, четврток, во 11:30 часот, беше домаќин на 17. промоција на 16 нови наслови на книги од областа на информатичките науки, дел од Проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европа“.

На промоцијата, освен промоторите на новите 16 наслови на учебници - Премиерот на Република Македонија, м-р Никола Груевски, Министерот за информатичко општество, м-р Иво Ивановски и домаќинот на настанот, Деканот на ФЕИТ - проф. д-р Миле Станковски, присуствуваа и голем број на видни гости - Министерот за образование и наука, м-р Никола Тодоров, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, деканите на Машинскиот, Технолошко-металуршкиот, Филозофскиот факултет и многу други.

По промоцијата, присутните можеа да ги разгледаат новопреведените книги и да поразговараат со Премиерот и Министрите за образование и наука и информатичко општество.

За сите заинтересирани за новите учебници, истите ќе бидат наскоро достапни во Библиотеката на ФЕИТ.[FONT=&quot]

[/FONT]http://www.feit.ukim.edu.mk/mk/news/promocija_16_it_knigi_04_10.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom