Обично кредитите побрзо ги одобруваат се на се месец-два ако те фати. Тие што се пријавија за неповратните уште во февруари, тек минатата недела имаше резултати на кои се одобрени.
Кредитите се 3000евра со 1% камата на 3 години мислам дека се. Кредитите ги даваат кеш, па можеш да правиш што сакаш со нив, додека неповратните не гледаш пари, купуваш на фактура па UNDP ја плаќа, и ограничено е кои работи можеш да ги купуваш. Најубаво ти е да поминеш до бирото, таму ќе ти кажат кои услови треба да ги исполнуваш, ама како што си 21година би требало да спаѓаш во специјална група до 27 години, нешто како посебен услов за помлади апликанти. така да не би требало да имаш проблем со аплицирање.
Ако планираш да отвараш фирма со повеќе луѓе(пријатели или сл) мислам дека можеш да се вдружиш со нив и да барате повеќе пари, по 3000 од човек.
Отиди до бирото најубаво ќе ти објаснат што како.