Продолжен викенд

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Пред некое време читам на фејсбук на еден профил на една кафана АЈДЕ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ЌЕ ЛУМПУВАМЕ.Јас се разбира се побунив кажувајќи му дека нема веќе КОМУНИЗАМ кога се одмараше на празници и викенди освен учениците и администрација.Претпоставувам дека беше газдата тој што го напиша тоа,а келнерите убаво ќе се наработат за да се наполни тој со пари.Сакам да кажам сум работел во фирма и знам колку се одмара и колку има викенди и колку се продолжени.Не случајно се случува и на радио или телевизија да го слушнам истото.Па зар ќе глумиме сеуште дека е тоа време?Па приватните фирми ги гледаат баш тие празници за профит и тоа не се санкционира.Да не должам темава е реална и сите знаеме за што се збори.:uvo:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Македонија и се е можно!

Во некои земји од толку оговараната ЕУ забранета е и прекувремената работа се со цел зголемување на вработеноста.
А ние (државните надлежни органи) види само апсурд при толкава огромна невработеност не водиме никаква сметка за бројот на вработени и работното време. Секој си работи како, каде, колку, кога и што сака.
Од една страна имаме заштитени свети крави додека од друга класични робови...до кај и до кога ќе се тера вака незнам ама сигурно е само прашање на време кога целата работа ќе пукне како тиква.
 
Z

Zoza

Гостин
najmnogu me nervira koga privatnite firmi ne pocituvat praznik,imam primer drugarka mi raboti vo prehranben dukan pa bivalo li na site praznici da e na rabota i toa ne da i kaze barem 6h da raboti tuku cela smena be luge,dukanot raboti od 06-24h prethodnata godina i na nova god ne otide ni za badnik uspea da bude doma do koga ovaa ke se trpi kaj se tie zakoni ne mi e jasno :nesum:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Најмалку се почитува, т.е. не се почитува од кафани, ресторани, продавници (за било каква роба). Тешко на тие таму што работат, стварно се робови...за ситни пари. Или за никакви, зависи од газдата. Дали се почитуваат работни саати, прекувремено, закон...тешко пошто нема кој ниту да го спроведе, нема инспекција редовно на терен и тоа во секоја фирма.
Од каде смрдеше рибата?
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
413
Па јас кажувам од лично искуство,затоа ми тежи:nesvest:
Сум имал на две недели еден ден одмор и каков празник?
Правило било коа ќе има празник имаме плус саати за работа и си ги викавме од мака НАГРАДНИ СААТИ.И што највеќе боли?Барем да имаш некој бонус што си ги пропуштил тие денови кога сите седнале со семејството а ти треба да р'мбаш.Дали за да влеземе во Европа нема и тие закони да мора да се почитуваат?Не сум запознаен ама редно е
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Има закони,но треба да свртите телефон и да пријавите:smir:И така инспекторите со душа чекаат пријава,работат на процент,веднаш ќе ви скратат маките за навек :)
Туку јас дали имам среќа по ова прашање или чиста случајност е,никогаш не сум работела во сабота/недела и празник.Ако останам до покасно добивам саатница која ми следи,ако дојдам во сабота ми се плаќа ден.Но газдата толку е уплашен од законите,што сите до еден ги почитува,не мрда од патот за ништо.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И во Недела работам ако треба :icon_lol:.
Го испочитуваа луѓето празникот скоро се затворено беше ама пак затоа следи работа утре и задутре. Се знае кај нас празник во работен ден во Недела на работа :toe:.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Само се жалите, јас што да кажам кога работев денес а кога се празници во ЕУ и тогаш работам, демек не бил тој мој празник па не ми значело ништо па колегите бараат да се замениме а замена се врши само со доплата и тоа се е по законот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom