Програмери (Вработување)

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
Зошто би сакал да дојдам кај нив? Не сите претпочитаат да си on-site, on-site сакаат сите кои немаат доверба во своите вработени. Ако они немаат доверба во мене, зошто јас би имал во нив?
Ги спомна outsource кои фаќаат авиони и отвараат претставништва тука, зошто отвориле баш тука? Се разбира за да заштедат на пари преку вработените, секако дека во овие компании неможеш да дојдеш до топ плата. Овие компании се добри за почетно знаење и за разбивање на јазичната бариера.
Под foreign company подразбирав компании кои нудат remote работа и кои ќе ја ценат твојата бизнис вредност а не твојата географска локација aka. low wage.
Знам дека е тешко да се стигне но не и невозможно, со добар план и упорност чуда се случуваат а тука е и ковид кој е пријател ваш во овие тешки моменти.

Точно, сепак темава е за вработување па затоа го одбегнав тој претприемнички пат.
Може, нормално, но ретко е. На крај и ти ќе завршиш со отварање на фирма и ќе пушташ огласи за девелопери. :)

Јас зборувам за реалноста, а еве ја реалноста

Screenshot from 2020-08-19 12-52-25.png
 
Член од
12 мај 2020
Мислења
91
Поени од реакции
55
Како тебе има еден куп со курсеви за Front-end и сите мислат дека имаат солидно познавање за пракса, ама ете немаат врски.
Ете тие што им давате по 2000 евра нека ви најдат пракса.

За ИТ барем не ти треба врски. Не гледате да се издвоите од другите, пр познавање и Back-end.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
Колку ти требаат врски за почетник ама ајде. Што да се издвоиме друже, неможеш ни до техничко интервју да дојдеш. Иначе за другово се солгасувам. 2000 евра плаќаш а неможат ни пракса да ти најдат
 
Член од
26 август 2020
Мислења
2
Поени од реакции
3
Јас стварно неможам да разберам, бараат Junior а бараат 2 год искуство, на интервју прашања комплетно неповрзани со работата на фирмата и после имало недостаток на Seniors епа ќе има кога не се даваат шанси за докажување...
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.913
Поени од реакции
12.402
Не бе, и за graduates позиции, без ден работно искуство да имаш кандидат што ќе те импресионира е како лотарија да си добил. Под импресионира подразбирам да солидно ти одговори ооп прашања и да разбира како функционира веб апликација. Не дај боже да се понадеваш дека прочитал нешто надвор од испитите или недај боже сработил некое проектче и стаил на гит. Ако тие куп јуниори се барем просечни и стварно имаат желба за учење не би биле без работа повеќе од 2-3 месеци. Ама тешко им е да седнат нешто сами да сработат и мислат дека ако завршиле факс/курс работа треба да им падне од небо.
Јас кога аплицирав за пракса/работа, искрено немав сработено ништо надвор од факултетот. Немав читнато НИШТО настрана од факултетот, нула.
Аплицирав прво за Graduates програма на Ендава. Поминав ок на сите технички интервјуа, и паднав на менаџерско интервју. Дали се става бе џуниор на менаџерско интервју? Ден искуство немав со работа, ме прашува како ќе реагираш ако цел тим ти замине на одмор а ти треба да деливираш нешо на клиентот? Која е идеалната распределба на сениори/џуниори во една компанија? Ми дадоа некој use case и ме оставија во канцеларија 10 мин, као еве ти оставаме време малце да размислиш. Кој qr. Не влегов на позицијата.

После неколку месеци ми се отвори шанса за влез во поголема компанија и имав прекрасни ментори кои навистина ми помогнаа и ме донесоа каде што сум денес. Мислам дека "ми падна секирата во медот", бидејќи ми помогнаа да ја пополнам таа "дупка" што ја имав од факултетското знаење до знаењето потребно за индустријата. Тука влегуваа работи од гит па се до архитектури. Седнав да работам на клиентски проект, не знаев како да креирам пост реквест. Не знаев дека има рест клиенти, за постман немав ни слушнато. На факултет никогаш не беше спомнато, како што кажав надвор од факултет јас сама ништо не чепкав, преку лето не одев на пракса туку работев во други сектори. И не ми е срам да го кажам тоа, не знаев, научив.

Морам да кажам дека и фирмата кај што започнав беше посветена на едукација на џуниорите, и од оваа гледна точка и тоа игра огромна улога во напредокот. Од прв ден започнав на клиентски проект, ама имав секојдневен надзор од ментор. Не бев фрлена на некој рандом проект со уште 10 џуниори да си куцкам глупости. Си јадев шамарчиња на ПР, имав киксови, си плачев дома, ама така се научив. Имав слобода да поставам какво било прашање, и таа атмосфера многу значи за некој кој штотуку почнува и се осеќа изгубен. За жал, кај нас најчесто кога се објавува оглас за џуниори, се бара некој со добро потковано ИНДУСТРИСКО знаење кој ќе работи за мали пари. Велам индустриско, пошо има разлика од факултетското знаење со кое излегува секој џуниор, и знаењето потребно за да се работи во ИТ индустријата. Не се гледа на оваа позиција како долгорочна инвестиција, во која свој удел ќе имаат и сениори, и менаџери, и рандом колеги. Реалноста е дека на тој кадар треба да му се посвети внимание за да се има поврат на инвестицијата. Многу мал број фирми се спремни да понудат вакво нешто.

Од моето искуство сметам дека треба да се даде шанса. Дали знаев да ги објаснам ооп на интервју? Ги пеев како песна. Дали ги сфаќав ? Меееех. Кога веќе почнав да работам и имав hands on искуство со големи проекти, тогаш навистина почнав да ги сфаќам бенефитите на ооп и солид принципите.
Доволно е за џуниор малку да му фаќа кликерот и да има волја за учење и напредок. Прашања од типот архитектури, оптимизации, асинхрони процеси, справување со одредени ситуации .... :facepalm:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570

Не си паднала на менаџерско интервју (веројатно мислиш на интервју со менаџер). Туку од сите кандидати што поминале низ процесот направиле градирање, и имало луѓе што биле повисоко од тебе на листата, и ги пополниле позициите.

Инаку да, потенцијалот е многу побитен од моменталното знаење кај јуниори. Ама потенцијал не можеш да оценуваш, нема механизми што би ти дале чиста слика во кратко време, па затоа мора да се искористи моменталното знаење како пресек.
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
43
Поени од реакции
20
Јас кога аплицирав за пракса/работа, искрено немав сработено ништо надвор од факултетот. Немав читнато НИШТО настрана од факултетот, нула.
Аплицирав прво за Graduates програма на Ендава. Поминав ок на сите технички интервјуа, и паднав на менаџерско интервју. Дали се става бе џуниор на менаџерско интервју? Ден искуство немав со работа, ме прашува како ќе реагираш ако цел тим ти замине на одмор а ти треба да деливираш нешо на клиентот? Која е идеалната распределба на сениори/џуниори во една компанија? Ми дадоа некој use case и ме оставија во канцеларија 10 мин, као еве ти оставаме време малце да размислиш. Кој qr. Не влегов на позицијата.

После неколку месеци ми се отвори шанса за влез во поголема компанија и имав прекрасни ментори кои навистина ми помогнаа и ме донесоа каде што сум денес. Мислам дека "ми падна секирата во медот", бидејќи ми помогнаа да ја пополнам таа "дупка" што ја имав од факултетското знаење до знаењето потребно за индустријата. Тука влегуваа работи од гит па се до архитектури. Седнав да работам на клиентски проект, не знаев како да креирам пост реквест. Не знаев дека има рест клиенти, за постман немав ни слушнато. На факултет никогаш не беше спомнато, како што кажав надвор од факултет јас сама ништо не чепкав, преку лето не одев на пракса туку работев во други сектори. И не ми е срам да го кажам тоа, не знаев, научив.

Морам да кажам дека и фирмата кај што започнав беше посветена на едукација на џуниорите, и од оваа гледна точка и тоа игра огромна улога во напредокот. Од прв ден започнав на клиентски проект, ама имав секојдневен надзор од ментор. Не бев фрлена на некој рандом проект со уште 10 џуниори да си куцкам глупости. Си јадев шамарчиња на ПР, имав киксови, си плачев дома, ама така се научив. Имав слобода да поставам какво било прашање, и таа атмосфера многу значи за некој кој штотуку почнува и се осеќа изгубен. За жал, кај нас најчесто кога се објавува оглас за џуниори, се бара некој со добро потковано ИНДУСТРИСКО знаење кој ќе работи за мали пари. Велам индустриско, пошо има разлика од факултетското знаење со кое излегува секој џуниор, и знаењето потребно за да се работи во ИТ индустријата. Не се гледа на оваа позиција како долгорочна инвестиција, во која свој удел ќе имаат и сениори, и менаџери, и рандом колеги. Реалноста е дека на тој кадар треба да му се посвети внимание за да се има поврат на инвестицијата. Многу мал број фирми се спремни да понудат вакво нешто.

Од моето искуство сметам дека треба да се даде шанса. Дали знаев да ги објаснам ооп на интервју? Ги пеев како песна. Дали ги сфаќав ? Меееех. Кога веќе почнав да работам и имав hands on искуство со големи проекти, тогаш навистина почнав да ги сфаќам бенефитите на ооп и солид принципите.
Доволно е за џуниор малку да му фаќа кликерот и да има волја за учење и напредок. Прашања од типот архитектури, оптимизации, асинхрони процеси, справување со одредени ситуации .... :facepalm:
Потполно се согласвам со тебе. И јас пред 5 години бев дел од програмата на Ендава и на последното интервју исто како и тебе паднав и ги имав истите прашања “што ќе правиш ако се разболи колегата и те лажел дека е готов со неговиот дел, а наредна недеча е дедлајн”. Ми го сјебаа цело лето во чекање одговори од интервјуата и спремање за наредни.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881

Мене ме интересира дали научи после интервјуто што ќе правиш во таа ситуација?
 
Член од
9 јуни 2014
Мислења
43
Поени од реакции
20
Мене ме интересира дали научи после интервјуто што ќе правиш во таа ситуација?
Научив откако се соочив со таква и слични ситуации во фирмата каде што работам 5та година. Инаку нема точен одговор, едноставно да знаеш кој е следен чекор и што можи да се преземи.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Со палка кај него дома и ќотек.
На тој начин ќе изгубиш уште од времето кое и така го немаш :)

Откако ќе се извадиш од гомната за да не пукне работата пред клиентот може да го испеглаш колегата :D
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.462
На тој начин ќе изгубиш уште од времето кое и така го немаш :)

Откако ќе се извадиш од гомната за да не пукне работата пред клиентот може да го испеглаш колегата :D
Шала на страна , од кај им текнуваат вакви прашања за обични работници , а ме интересира еве и што би било одговорот
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Да ви каже и бате едно сениорско мислење преку неколку нафрлени факти после поминато време во 9 софтверски компании.

HR - се грижеле за вработените :facepalm:. Работата на HR-от е да ги заштити интересите на компанијата а не на вработениот. 99% од HR се pure puppets.

Мотивација, пасија, тимска работа, dedication team - зборови преку кои можеш многу брзо да идентификуваш бос. Овие се празни зборови и после кратки години згаснуваат и немаат важност. Ако ти си вработен - запамти, си дошол за плата т.е. разменуваш ВРЕМЕ за ПАРИ. За мотивација и пасија можеш да најдеш поинтересни работи во слободно време.

Ако забележиш toxic environment прави escape plan веднаш!

Еarly job hopping - најдобро нешто за развој во повеќе сегменти - плата, знаење, преговарање.

ИТ кадарот има повеќе можности од било кој, најди начин да ја искористиш глобализацијата за да бидеш топ играч на пазарот.
Знаењето не е моќ, филтрирањето на информациите е потенцијална моќ.
Твојата патека треба да изгледа вака доколку планираш да останеш тука.
Пракса > Мак ИТ Company > Outsource Company > Freelance/Foreign company (no outsource! living in MK)

После кратко време ќе сватиш дека engineering is easy, people are hard.
Bureaucracy, bureaucracy, bureaucracy...
Многу време е пројдено од постов, но ќе може да елаборираш зошто Мак ИТ company си ставил после пракса?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Шала на страна , од кај им текнуваат вакви прашања за обични работници , а ме интересира еве и што би било одговорот
Нема обичен или необичен работник, работодавецот бара секогаш работник што ќе може да покрива поширок дијапазон на активности.
Е сега дали е тоа исправно или не е дискутабилно. Имам сретнато генијалци кои се експерти од технички аспект али се тиња кога станува збор за: тимска работа и комуникација и одговорност. А имам сретнато и луѓе што симнуваат ѕвезди и имаат одлична комуникација, одговорни се, ама кога станува збор техничкото знаење се доста ограничени и паѓаат на првата покомплексна задача.

Одговорот не знам што очекуваат тие, од моја гледна точка има многу променливи тука: кој е клиентот и дали може да се побара неколку денови продолжување на рокот, дали тоа што го заебал колегата може да се корегира доколку ги оставиш останатите работи во дадениот рок и тн.
 
Член од
18 февруари 2016
Мислења
82
Поени од реакции
41
Dobar den, izvinete temava e offtopic, no sepak sakam da prasam dali i koj moze da mi "ovozmozi" dostap do eden tugj instagram-account. Za cenava mozeme da se dogovorime. Bi bil zablagodaren za sekoja sugestija.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
24
Поени од реакции
0
Дали некој знае каде би можел да се обратам за практикант со завршен front end курс?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom