Програмери (Вработување)

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Веројатно вие сте веројатно посериозна компанија, повеќето гледаат да искористат и помали фирми не ја шират квотата. Сепак од толку кандидати се наоѓа некој што одговара.

Овие со 0 поени, веројатно се 1/2 факс и мислат дека после секоја година треба да идат 1 месец на пракса, зашто така пишува на страната на Финки. Секоја година имаше некој што паничи дека немал пракса, па ќе му објасни некој дека може од еднаш 3 месеци.

Јас од искуство кажувам и мое и на колеги се утепавме од одење по интервјуа за неплатена или слабо платена пракса пред 2-3 години. Некои најдоа побрзо, ама не беше правило дека тие што знаат повеќе. Едно девојче што не знаеше магенто да инсталира одма најде, а луѓе што знаевме многу повеќе баравме цела година и више. Некогаш не знаат да го повикаат правилниот кандидат. Тестови во некои фирми по 2 саати сме решавале, и пишувај код на хартија.

За интервју во една фирма демек онлајн интервју 2 пати ме извисија, џабе чекав по 2 саати. На друго место во една помала фирма одам на интервју за фронт-енд практикант и ми вика „фрејмворк некој за јаваскрипт знаеш“, му кажувам vue.js, ми пишува и во CV-то, ама нема врска. После ми вика, Angular и React, си ги разгледал? Што повеќе ти се допаѓа? Разговараме тука и после некое време пак ми вика, требало фрејмворк да знам. Јас му викам пак, знам Vue.js, ама ако треба и друг ќе научам. Поставува други прашања и на крај ми вика „те гледам паметен си и имаш доста знаење ама не знаеш ни еден фрејмворк“. Јас и по трет пат му кажувам дека знам вју и дека не би ми било проблем да го научам фрејмворкот што тие го работат. Не знам ни што барав кај овие да аплицирам, ама од очај, ете. На трето место одам и техничко со двајца сениори, уште невлезен ме гледа едниот и прави фаца, превртува очи, после кога ме прашуваше другиот врти глава, гледа надоле, чека да пројде време, донел одлука веќе. Едно прашање ме праша он ради реда и тоа со пола уста, може по фаца не му се допаднав. На четврто место ми праќаат мејл дали е океј да ми пратат задача да решам и да го ставам решението на гит, им реков може и никад не ми стигна задачата. Слично искуство имаа и други колеги.

Кога сакав да сменам фирма, од лошо искуство не ми се идеше на интервју, кое за чудо беше полесно и поконкретно од овие за неплатена пракса. Да имаше стварно недостаток немаше вака да прават.
Проблемот е што ти треба да се прилагодиш на пазарот. Нормално не можеш се да научиш наеднаш. Процес е, али се додека не се откажуваш имаш одлични шанси да одиш напред. Се од ова погоре ми се има случено. Од учење и знаење до реална работа на проект има разлика. Тоа е таа карактеристика на сите што почнуваат ко девелопери и се надеваат на брз успех, по што следи и разочарување. Во Македонија има слабо проекти во Vue, ова ти го зборам пошто и јас го чачкам, до душа во последно време послабо пошто почнав да чепкам и нешто мрежи, сервери, разни линукс дистроа итн... Барај холандски фирми, они секад се бафтаат со модерни технологии (hint Personal Programmer).

Иначе според логиката на @Ron Burgundy ја сум изгледа пун врски, пошто годинава сменив 3 фирми. Пред недела дена ми се отвори можност и за уште една фирма, додека во друга фирма, иако стигнав до последно интервју, не ме примија пошто бараа искуство во Zend Framework и next.js (фрејмворкот на react). Така што изгледа можам и ја да почнам да плукам дека примиле некој со врски.
 
Член од
21 март 2014
Мислења
510
Поени од реакции
366
Кога сте веќе кај вработувања, мене ме интересира дали има пракса/работа специјално за Penetration tester? Секако сите овде сте поискусни од мене, па исто ако може да ми кажете дали мислите дека е ризично во нешто вакво да се специјализирам, наместо да си правам портфолио web full-stack јаваскрипт со интересна примена? Некако сите што ги знам, форсираат веб-дев, и со право, но зарем нема логика да се настапи во некое поле кадешто скоро никој и да не работи?

Ме интересираат мислења, исто во кој период од животот се решивте дека ќе го работите тоа што го работите? Веројатно сите од помала возраст сте знаеле ќе чепкаме компјутери, сте местеле делови, форматирале, торенти, сервери, бла бла бла, меѓутоа што, кога и како ве натерало да седнете и да почнете специјализација во тоа и тоа? Ентузијазам? Случајна пракса? Другари/колеги?

Некој што работи pen testing да препорача pathway? Некако се плашам дека никогаш нема да можам да кажам дека сум спремен за пракса, а камоли интервју, посебно за ова бидејќи бара широки познавања на компјутерските науки и дали и ќе можам да одам на пракса некаде во МК.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.247
Поени од реакции
3.167

Во огласот пишуваше да се знае еден js framework и јас си аплицирав. Повеќе бекенд сакам, работам ларавел, а идеше вју со него и го научив, златен фрејмворк. Туку тоа на страна човекот 3 пати ме праша дали знам фрејмворк, јас му кажав да и му реков дека не е проблем да научам и друг, бидејќи имаше време. Изгледа не ни знаеше вју дека постои или ме слушаше половично, ама еднаш во cv и три пати му кажав и он збори абе да знаеше барем еден фрејмворк. Како да зборев со склеротичен човек, а не сопственик на ИТ фирма. Фирмата е крш, од денешен аспект гледано не требало ни да аплицирам, ама тогаш праќав сегде кајшто исполнував критериуми и гледав да почнам некаде.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Голема е шансата да не знаел ни што е vue. Инаку технички гледано само ангулар е фрејмворк. Додека vue и react се библиотеки за кои постојат фрејмворци nuxt и next. Од муабетов подобро и што не си отишол. И јас сакам ларавел но секој посериозен проект во php кој истуркал приближно десетина години девелопмент е или pure php или Codeigniter евентуално. Ја повеќе би се насочил на работа со big data. Секој проект си има фази, оние условно поголеми проекти и немаат некои посериозни активности освен одржување, фиксање багови и евентуално рефакторирање. Главни предизвици во такви проекти се како да се справат со зголемен load, како да се решат оние спори квериња кои некогаш знаат да траат и неколку минути поради огромни количини на податоци, ненормализирани табели, неиндексирани колони, некористење на sharding/partitioning, некористење на кешинг сервиси.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.145
Поени од реакции
25.573
Кога сте веќе кај вработувања, мене ме интересира дали има пракса/работа специјално за Penetration tester? Секако сите овде сте поискусни од мене, па исто ако може да ми кажете дали мислите дека е ризично во нешто вакво да се специјализирам, наместо да си правам портфолио web full-stack јаваскрипт со интересна примена? Некако сите што ги знам, форсираат веб-дев, и со право, но зарем нема логика да се настапи во некое поле кадешто скоро никој и да не работи?

Ме интересираат мислења, исто во кој период од животот се решивте дека ќе го работите тоа што го работите? Веројатно сите од помала возраст сте знаеле ќе чепкаме компјутери, сте местеле делови, форматирале, торенти, сервери, бла бла бла, меѓутоа што, кога и како ве натерало да седнете и да почнете специјализација во тоа и тоа? Ентузијазам? Случајна пракса? Другари/колеги?

Некој што работи pen testing да препорача pathway? Некако се плашам дека никогаш нема да можам да кажам дека сум спремен за пракса, а камоли интервју, посебно за ова бидејќи бара широки познавања на компјутерските науки и дали и ќе можам да одам на пракса некаде во МК.
Според мене, тоа е ептен субспецијализација. И не би ти ја препорачал за овој пазар. Оди чекор поназад, nonfunctional testing генерално, ако ти е тоа поле на интерес. Јас на твое место би одел два чекори поназад, само аутомејшн тестер, па натаму ќе се специјализираш како што ќе растеш во кариера.
 
Член од
12 мај 2020
Мислења
91
Поени од реакции
55
Pa neznam koj ide na intervju so golema samodoverba so zavrsen kurs. Eve ja imam zavrseno za front end iam nekoe poznavanje za praksa. Bi rekol solidno i ne se precenuvam Samo nemozes ni do intervju da dojdes pa kamo li da te primat za praksa. Mada zelba iam ali ipak mislam i za ovaa rabota treba vrski za pocetok
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.247
Поени од реакции
3.167
Голема е шансата да не знаел ни што е vue. Инаку технички гледано само ангулар е фрејмворк. Додека vue и react се библиотеки за кои постојат фрејмворци nuxt и next. Од муабетов подобро и што не си отишол. И јас сакам ларавел но секој посериозен проект во php кој истуркал приближно десетина години девелопмент е или pure php или Codeigniter евентуално. Ја повеќе би се насочил на работа со big data. Секој проект си има фази, оние условно поголеми проекти и немаат некои посериозни активности освен одржување, фиксање багови и евентуално рефакторирање. Главни предизвици во такви проекти се како да се справат со зголемен load, како да се решат оние спори квериња кои некогаш знаат да траат и неколку минути поради огромни количини на податоци, ненормализирани табели, неиндексирани колони, некористење на sharding/partitioning, некористење на кешинг сервиси.
"The Progressive JavaScript Framework" е на официјалната страна. :D
Јас мислам ќе истуркаат laravel проекти и повеќе време од
codeigniter, кој веќе „умира“. Го зема приматот за PHP framework. Тука веќе сите се на laravel и symfony. Исто микро-фрејмворци како Lumen гледам ги користат.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
Пошто и ја се соочувам со слични предизвици, мислам дека треба да го споделам своево мислење.
Ја се запишав на академија. Едно можам да кажам, ако се има дисциплина (не спомнувам желба, таа секако се подразбира под дифолт), најдобра опција е да не се оди на курс.
Во мојот случај - јеби га, мора да пипнеш оган за да знаеш дека е врело, нели.
Си има бенефити, за тоа малце подоле.

CONS: Не само што за тие пари (1500/2k евра зависи нели) ќе се купи човек 2 години PREMIUM претплата на pluralsight и ќе биде up to date, ќе се земе мини библиотека од книги, и десетици курсеви на udemy од реномирани експерти, а не од луѓе што лани/преклани завршиле на истата академија и кои ќе ти ги пренесат буквално истите ствари од веќе познати извори. ПЛУС, пари ќе ти останат. Неколку пати од а до ш се повторуваат исти клипови од Јутјуб. Да, точно.
Според мене е голем CON што на овие академии се учи синтакса, синтакса и синтакса и ништо повеќе... нешто што во фирма ќе се совлада за релативно кратко време, ако се има големата слика. Она што не се добива е некоја генерална слика и имаш луѓе што ќе ти напишат бејзик код сосема добро, ама не знаат што е NuGet, нит па да инсталираат.

Единствен PRO од академииве е што се доста динамични со високо темпо и за 1 година стекнуваш некаква, каква таква идеја и имаш простор натака сам да се градиш и изградуваш. И пасивно да слушаш без да пратиш, ќе знаеш што се случува нели. Си дал пари и нема ескивирање. Но, после првите 5/6 часа од нов предмет (дали е JS, Python, SQL или C#, небитно) веќе стануваат излишни. Добри се за да ја укопчаш бејзик синтаксата и ништо повеќе, после тие иницијални 6 часа, можеш сосема сам многу подобро да се спремиш преку горенаведените ресурси.

Тоа според мене е 1% од целата приказна во поглед на академииве. Друга ствар, многу outdated стануваат, станаа ептен гладни за пари, праат големи групи, никаков квалитет на кадар и тн и тн. Учиш работи што во реален свет ги имаш готови средени и немаш некаква потреба да идеш во екстремни (семантичко-синтаксички) детали.

Сепак, моево мислење не е многу релевантно бидејќи доаѓам од релативно блиска професија до програмирањето (дигитален маркетинг). Во претходната фирма бев генералист и покрај кампањи, имав доста QA таскови и комуницирав со програмери на развој на нови featurеѕ, и паралелно со академија/туторијали/книги доста напреднав. Од мај почнав да работам во нова фирма каде што имам и неколку базични scripting таскови во vanilla JS/Jquery покрај кампањи што се водат за клиенти.

Планирам целосно да дајвнам у програмерски води. Уште ми е рано и не сум спремен целосно искрено. Patience is key викаат. До пред некој месец и ја бев као пун самопоуздање дека знам нешто... но сега легнав на брашно и сум на она Платоновото "Знам дека ништо не знам". Има голема разлика меѓу самодоверба и ароганција. Но, мора да се сфати дека ако човек чека да биде скроз спремен за програмирање, тоа може да потрае со години, бидејќи НИКОГАШ не можеш да бидеш сигурен дека знаеш доволно за да почнеш.

Само уште нешто ќе кажам поврзано со академииве. МНОГУ ЛАЖАТ и кој и да го чита ова, СИТЕ ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ дечки. Не џабе те условуваат со договори чуда и тн, со мали опции и цели процедури за откажување. Тоа требаше да ми биде сигнал дека нешто не е во ред. Но искрено не очекував дека до толку се ДНО. И можам да кажам за сите дека се исто ниво, минорни се разликите. Оние што имаат помали групи се можда 10% боље, но сепак не мислам дека и они се добри за тие пари.
Но, штом тие луѓе што предаваат станале програмери, СЕКОЈ МОЖЕ. Онака скроз најискрено го мислам ова, без никаков дисреспект. Јавна тајна е дека секторов е доста оуверрејтед и нема човек што ќе ме убеди во спротивното.

Е сега, пошто пратам/читам доста што се случува по огласи и како се движи ИТ секторот во Македонија, можам да ги изнесам следниве точки :
1.барањата за џуниори во 2020 се НЕНОРМАЛНИ. Многу од овие огласи се направени да се најдат overqualified кадри кои "знаат се/имаат искуство со се" на тацна сервирани што одма ќе се снајдат. Такво нешто не е можно во 2020. Додај на тоа што целиот HR во државава е со сумљив квалитет, копираат барања што ќе им се сервираат 'од горе', и го добиваш тоа што го добиваш.
2.многу од огласите што ги гледаме во МКД се "бараме, колку да не најдеме" со смешни изговори од HR зошто не вработуваат. Се тоа со цел да веќе вработените програмери кои се унакажани од работа да "мислат" дека се бараат вработени, а уствари се крати на трошоци од фирмите. Има Х вакви примери и затоа толкав процент на ghosting кој беше спомнат од други членови. Не е до толку дека не ги бива кандидатите или не знам што.
3. Само про форма се прикажува она "битна ни е желбата за учење и напредок".... нешто што треба да е е број 1 requirement. Тешко ќе најдеш програмер што ќе знае добро се што се бара во твојата фирма, бидејќи секоја фирма е приказна за себе. Фирмите сакаат готов производ, а тоа е многу тешко во денешно време.
4. Целиот сектор е, да не се лажеме, overrated. Она што по огласи се гледа како "developer" во најголем случај е КОДЕР (па и импостер)... huge difference. Затоа има секаде примери каде што џуниори од 1+ година не знаат што е СОЛИД или лупам, chain of responsibility. И запрашајте се колку од day-to-day activities на програмериве у државава се genuine/оригинално смислување на решение за проблем, колку од нив се штанцање и maintenance и репетитивни as fuck, веќе готови солуции на нет само да се додаде/смени нешто.
5. Нешто што мноооогу често се занемарува од фирмите е следново: Добиваш вработување, даваш 30 дена (или повеќе) отказен рок од постоечката фирма во која работиш. Првиот месец ипол, па и два откако ќе почнеш ко програмер ти учиш, имаш интродукции, се запознаваш со продуктот/сервисот/платформата/тимот whatever. Тоа се 2 ипол, 3 месеци откако ти ќе бидеш фрлен во огнот. За тие 2ипол, 3 месеци ти можеш МНОГУ да научиш и многу брзо да се вклопиш во фирмата (види точка 3), и ако имаш желба и брзо копчаш можеш комотно да се снајдеш и со доста лимитирано знаење.

Предолг пост, знам, ама еве и ја сакам да учествувам во дебатава, бидејќи како што спомнав, сакам целосно да дајвнам во тие води и интересно би било да се чуе мислење од други луѓе кои се неколку години во браншава. Можеби и јас грешам, затоа е убаво што постои темава.
 
Последно уредено:

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Да ви каже и бате едно сениорско мислење преку неколку нафрлени факти после поминато време во 9 софтверски компании.

HR - се грижеле за вработените :facepalm:. Работата на HR-от е да ги заштити интересите на компанијата а не на вработениот. 99% од HR се pure puppets.

Мотивација, пасија, тимска работа, dedication team - зборови преку кои можеш многу брзо да идентификуваш бос. Овие се празни зборови и после кратки години згаснуваат и немаат важност. Ако ти си вработен - запамти, си дошол за плата т.е. разменуваш ВРЕМЕ за ПАРИ. За мотивација и пасија можеш да најдеш поинтересни работи во слободно време.

Ако забележиш toxic environment прави escape plan веднаш!

Еarly job hopping - најдобро нешто за развој во повеќе сегменти - плата, знаење, преговарање.

ИТ кадарот има повеќе можности од било кој, најди начин да ја искористиш глобализацијата за да бидеш топ играч на пазарот.
Знаењето не е моќ, филтрирањето на информациите е потенцијална моќ.
Твојата патека треба да изгледа вака доколку планираш да останеш тука.
Пракса > Мак ИТ Company > Outsource Company > Freelance/Foreign company (no outsource! living in MK)

После кратко време ќе сватиш дека engineering is easy, people are hard.
Bureaucracy, bureaucracy, bureaucracy...
 
Ова Foreign company претпоставувам подразбираш remote работа за странска компанија, не upwork? Ако си толку добар, зошто не би те зеле кај нив? Сите претпочитаат да си имаат девелопер on-site, многу поедноставно е за комуникација, не за друго. Инаку зошто клиенти би фаќале авиони за да доаѓаат до Македонија, за да имаат состаноци во четири очи со девелоперите? Освен некои големи интернационални консултантски куќи кои целосно функционираат со remote девелопери, најголемиот дел ти бараат да имаш дозвола за рабоота во нивната земја, па дури и ако успееш да се договориш да работиш remote, одредени периоди кога ќе бидеш потребен ќе мораш да ги поминуваш во нивните канцеларии.

Ако веќе така размислуваш и мислиш дека ги имаш вештините, оди еден чекор напред и понуди своја услуга/производ на глобалниот пазар.
 
DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
Од кај знаеш дека тоа членот веќе не го прави?
Не спомна он ништо за неговиот моментален статус, а ти одма наговестуваш дека тој тоа воопшто не го прави, туку само збори.

Еве и од мене слична приказна:
Пракса - Јуниор у МК фирма, медиор у странство, ако се вратам некогаш дома (тоа би било ваљда како сениор) - имам планови баш тоа што колегата погоре го кажа - само remote work од дома за странци, (preferably) Амери клиенти. Живот компот друже, да живееш со 3-4к+ во земја каде што стандардот е 300-400 еур.

Особено сега после короната, remote working е иднината во ИТ друже.
 
HR ти е феминистичка работа. Неможе више исти глупи прашања секое интервју и на крај ни одговор не добиваш. Зашто прават психолошки тестови? Си играат како сакаат со нас. Дури мислам дека не викаат на интервју да тепаат време. Во сите други држави ако те викнат на интервју 90% се шансите да влезеш овде 90% да не влезеш. Ептен лошо за почетници што сврано сакаат да се вработат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Pa neznam koj ide na intervju so golema samodoverba so zavrsen kurs. Eve ja imam zavrseno za front end iam nekoe poznavanje za praksa. Bi rekol solidno i ne se precenuvam Samo nemozes ni do intervju da dojdes pa kamo li da te primat za praksa. Mada zelba iam ali ipak mislam i za ovaa rabota treba vrski za pocetok
Како тебе има еден куп со курсеви за Front-end и сите мислат дека имаат солидно познавање за пракса, ама ете немаат врски.
Ете тие што им давате по 2000 евра нека ви најдат пракса.

За ИТ барем не ти треба врски. Не гледате да се издвоите од другите, пр познавање и Back-end.

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Од кај знаеш дека тоа членот веќе не го прави?
Не спомна он ништо за неговиот моментален статус, а ти одма наговестуваш дека тој тоа воопшто не го прави, туку само збори.

Еве и од мене слична приказна:
Пракса - Јуниор у МК фирма, медиор у странство, ако се вратам некогаш дома (тоа би било ваљда како сениор) - имам планови баш тоа што колегата погоре го кажа - само remote work од дома за странци, (preferably) Амери клиенти. Живот компот друже, да живееш со 3-4к+ во земја каде што стандардот е 300-400 еур.

Особено сега после короната, remote working е иднината во ИТ друже.
Ти ми го прочита ли постот воопшто? Не зборев ништо за неговиот статус, нит ме интересира. Да, медиор у странство, не тука. Пола Индија и Африка аплицираат на огласите на тие Амери, Амери клиенти не те погледнуваат ако немаш грин кард и локацијата не ти е таму, или мислиш дека до толку не можат да си најдат девелопер од таму или кој би се релоцирал (мада за вакво нешто треба стварно да вредиш)? Значи зборам да се вработиш ко девелопер од тука во америчка фирма фул тајм remote.
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Ова Foreign company претпоставувам подразбираш remote работа за странска компанија, не upwork? Ако си толку добар, зошто не би те зеле кај нив? Сите претпочитаат да си имаат девелопер on-site, многу поедноставно е за комуникација, не за друго. Инаку зошто клиенти би фаќале авиони за да доаѓаат до Македонија, за да имаат состаноци во четири очи со девелоперите? Освен некои големи интернационални консултантски куќи кои целосно функционираат со remote девелопери, најголемиот дел ти бараат да имаш дозвола за рабоота во нивната земја, па дури и ако успееш да се договориш да работиш remote, одредени периоди кога ќе бидеш потребен ќе мораш да ги поминуваш во нивните канцеларии.
Зошто би сакал да дојдам кај нив? Не сите претпочитаат да си on-site, on-site сакаат сите кои немаат доверба во своите вработени. Ако они немаат доверба во мене, зошто јас би имал во нив?
Ги спомна outsource кои фаќаат авиони и отвараат претставништва тука, зошто отвориле баш тука? Се разбира за да заштедат на пари преку вработените, секако дека во овие компании неможеш да дојдеш до топ плата. Овие компании се добри за почетно знаење и за разбивање на јазичната бариера.
Под foreign company подразбирав компании кои нудат remote работа и кои ќе ја ценат твојата бизнис вредност а не твојата географска локација aka. low wage.
Знам дека е тешко да се стигне но не и невозможно, со добар план и упорност чуда се случуваат а тука е и ковид кој е пријател ваш во овие тешки моменти.
Ако веќе така размислуваш и мислиш дека ги имаш вештините, оди еден чекор напред и понуди своја услуга/производ на глобалниот пазар.
Точно, сепак темава е за вработување па затоа го одбегнав тој претприемнички пат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom