Програмери (Вработување)

D

Deleted member 12196

Гостин
Ја раширивте темата, ќе ме убедите и јас да запишам некој курс за програмер. Освен добра волја, што уште ми треба?
Инаку знам дека (некои) програмери од ФИНКИ добро напредуваат. Еден чекаше 5-6 месеци после дипломирање, друг одвај ја дочека дипломата и спрашти на запад, трет уште не дипломирал, работи веќе две години.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Добро, ајде да видиме со бројки. За јуниор позиции имаме по 30тина огласи годишно во фирма. Бројот на интервјуирани кандидати за тие 30тина позиции е едвај 50-60. Некои дури и ги вртиме, им даваме по 2-3 шанси (не помина кај мене, ама види го, може за QA ќе го биде). Сениорски позиции имаме околу 40тина. За нив не секогаш има кандидат и за интервју.

Ти викаш дека е поразлично. Може ли отприлика да споделиш округли бројки по колку луѓе имате во пул за избор?

И сениори работат за ниска плата во државава?
30 позиции за џуниор или 30 огласи за 2-3 позиции?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Се спомна сигурно, сега да не ја читам темава пак. Истите муабети се вртеа и на темата за пракса во ИТ. Небитно, поентата е го убедувате дека нема џуниори, јас кога барав пракса знам по колку души одеа на интервју, а од година во година се повеќе кандидати има. Од 100 души, неколку ќе бидат ок, а и на крај краева на пракса океј е да не знае се, затоа е практикант и не зема плата, ќе се дообучи на праксата.

Тоа е, а некој ќе убедува во ИТ тече мед и млеко и дека има недостаток. Недостаток на искусни програмери ќе има уште долго време, зашто никој нејќе да работи за ниска плата, па се префрлаат фриленс или бегаат во странство.
Во компанијата во која работам годишно се примале од 10 до 30 џуниори без претходно искуство, со плата од прв ден значи не пракса. Ако сме имале повеќе добри кандидати сме ги зголемувале квотите а ако сме немале сме ги намалувале или правеле компромис и сме давале шанса на кандидати со помалце знаење. Точно е дека ни се пријавувале над 100 кандидати од кои на тестовите 30% имале нула поени. Значи празен тест. Нула. На технички интервјуа доаѓале едно 50% од пријавените и голем дел поминувале очајно без да одговорат на базични работи. Значи недостаток и на добри џуниори постои а не само на сениори. Епа ако тие кандидати не се помачиле да научат основни работи како бе една фирма да им даде работа? Врз основа на што? Тоа што секоја година има се повеќе кандидати не значи дека се тоа добри кандидати. Јас стојам на тоа дека секој некој што сериозно ќе седне и ќе се помачи да поднаучи нешто, да напраи свој проект ќе најде работа брзо. Такви како другар ти што го браниш што се фрустрира што му поставиле прашање што не го учел на курс а не седнал да го научи сам никоја фирма не бара.
Како што веќе споменав јас немам ништо против луѓе што завршиле курс а не факс се додека тие луѓе поседуваат знаење. Најдобриот програмер што го познавам нема ниту курс ниту факултет завршено.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.245
Поени од реакции
3.163
Добро, ајде да видиме со бројки. За јуниор позиции имаме по 30тина огласи годишно во фирма. Бројот на интервјуирани кандидати за тие 30тина позиции е едвај 50-60. Некои дури и ги вртиме, им даваме по 2-3 шанси (не помина кај мене, ама види го, може за QA ќе го биде). Сениорски позиции имаме околу 40тина. За нив не секогаш има кандидат и за интервју.

Ти викаш дека е поразлично. Може ли отприлика да споделиш округли бројки по колку луѓе имате во пул за избор?

И сениори работат за ниска плата во државава?
Сакаш да ми кажеш дека за сите 30 позиции имате само 50-60 кандидати? Не знам што да кажам, веројатно tech-stack на фирмата има врска или ве бие лош глас.

Иначе сакав да кажам си одат пред да станат сениори.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Сакаш да ми кажеш дека за сите 30 позиции имате само 50-60 кандидати? Не знам што да кажам, веројатно tech-stack на фирмата има врска или ве бие лош глас.

Иначе сакав да кажам си одат пред да станат сениори.
Или децава се толку незаинтересирани па не следат огласи.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Сакаш да ми кажеш дека за сите 30 позиции имате само 50-60 кандидати? Не знам што да кажам, веројатно tech-stack на фирмата има врска или ве бие лош глас.

Иначе сакав да кажам си одат пред да станат сениори.
Tech stack-от е еден од трите најпопуларни на пазар на светско ниво, и се учи уште од факултет. Бројот на вработени е 200+ во моментов, би примале до 500 луѓе, ако се најдат способни, без никаква резерва. Платени се од прв ден, и тоа над просечна македонска плата. После многу краток период стигаат блиску до четирицифрена плата. На прсти се бројат луѓето што сме ги отпуштиле.

Дополнително, имам колеги и во сите други 200+ луѓе фирми на пазарот. Сите го зборат истото. Ти ми кажуваш за некакво поинакво искуство. Затоа ме интересираат бројки, колку често барате јуниори и колку ви се пријавуваат.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.245
Поени од реакции
3.163
Во компанијата во која работам годишно се примале од 10 до 30 џуниори без претходно искуство, со плата од прв ден значи не пракса. Ако сме имале повеќе добри кандидати сме ги зголемувале квотите а ако сме немале сме ги намалувале или правеле компромис и сме давале шанса на кандидати со помалце знаење. Точно е дека ни се пријавувале над 100 кандидати од кои на тестовите 30% имале нула поени. Значи празен тест. Нула. На технички интервјуа доаѓале едно 50% од пријавените и голем дел поминувале очајно без да одговорат на базични работи. Значи недостаток и на добри џуниори постои а не само на сениори. Епа ако тие кандидати не се помачиле да научат основни работи како бе една фирма да им даде работа? Врз основа на што? Тоа што секоја година има се повеќе кандидати не значи дека се тоа добри кандидати. Јас стојам на тоа дека секој некој што сериозно ќе седне и ќе се помачи да поднаучи нешто, да напраи свој проект ќе најде работа брзо. Такви како другар ти што го браниш што се фрустрира што му поставиле прашање што не го учел на курс а не седнал да го научи сам никоја фирма не бара.
Како што веќе споменав јас немам ништо против луѓе што завршиле курс а не факс се додека тие луѓе поседуваат знаење. Најдобриот програмер што го познавам нема ниту курс ниту факултет завршено.
Веројатно вие сте веројатно посериозна компанија, повеќето гледаат да искористат и помали фирми не ја шират квотата. Сепак од толку кандидати се наоѓа некој што одговара.

Овие со 0 поени, веројатно се 1/2 факс и мислат дека после секоја година треба да идат 1 месец на пракса, зашто така пишува на страната на Финки. Секоја година имаше некој што паничи дека немал пракса, па ќе му објасни некој дека може од еднаш 3 месеци.

Јас од искуство кажувам и мое и на колеги се утепавме од одење по интервјуа за неплатена или слабо платена пракса пред 2-3 години. Некои најдоа побрзо, ама не беше правило дека тие што знаат повеќе. Едно девојче што не знаеше магенто да инсталира одма најде, а луѓе што знаевме многу повеќе баравме цела година и више. Некогаш не знаат да го повикаат правилниот кандидат. Тестови во некои фирми по 2 саати сме решавале, и пишувај код на хартија.

За интервју во една фирма демек онлајн интервју 2 пати ме извисија, џабе чекав по 2 саати. На друго место во една помала фирма одам на интервју за фронт-енд практикант и ми вика „фрејмворк некој за јаваскрипт знаеш“, му кажувам vue.js, ми пишува и во CV-то, ама нема врска. После ми вика, Angular и React, си ги разгледал? Што повеќе ти се допаѓа? Разговараме тука и после некое време пак ми вика, требало фрејмворк да знам. Јас му викам пак, знам Vue.js, ама ако треба и друг ќе научам. Поставува други прашања и на крај ми вика „те гледам паметен си и имаш доста знаење ама не знаеш ни еден фрејмворк“. Јас и по трет пат му кажувам дека знам вју и дека не би ми било проблем да го научам фрејмворкот што тие го работат. Не знам ни што барав кај овие да аплицирам, ама од очај, ете. На трето место одам и техничко со двајца сениори, уште невлезен ме гледа едниот и прави фаца, превртува очи, после кога ме прашуваше другиот врти глава, гледа надоле, чека да пројде време, донел одлука веќе. Едно прашање ме праша он ради реда и тоа со пола уста, може по фаца не му се допаднав. На четврто место ми праќаат мејл дали е океј да ми пратат задача да решам и да го ставам решението на гит, им реков може и никад не ми стигна задачата. Слично искуство имаа и други колеги.

Кога сакав да сменам фирма, од лошо искуство не ми се идеше на интервју, кое за чудо беше полесно и поконкретно од овие за неплатена пракса. Да имаше стварно недостаток немаше вака да прават.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ја раширивте темата, ќе ме убедите и јас да запишам некој курс за програмер. Освен добра волја, што уште ми треба?
Инаку знам дека (некои) програмери од ФИНКИ добро напредуваат. Еден чекаше 5-6 месеци после дипломирање, друг одвај ја дочека дипломата и спрашти на запад, трет уште не дипломирал, работи веќе две години.
Треба што повеќе пракса и самоиницијативност во работата. Откако ќе се вработиш како џуниор имаш ментор и што побрзо види менторот дека преземаш иницијатива, без разлика дали тек тук ќе зезнеш по нешто толку подобро за тебе... :)

Мислам, работи година дена и ти вика Х џуниор - еј види дали ми е добро пред да го пратам кај клиент :pos: :pos: прати го бе човек, ако е добро, супер, ако не е добро, ќе те покоси, малце ќе поцрвенеш и школо за цел живот ќе ти е тоа. Проблемот е што е ваквиве бараат 40,000 почетна плата, како што потенцираа погоре.

Освен IT скилови, си треба и комуникација со клиент, умреа времињата кога програмерите беа интроверти со по една реченица дневно.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.245
Поени од реакции
3.163
Tech stack-от е еден од трите најпопуларни на пазар на светско ниво, и се учи уште од факултет. Бројот на вработени е 200+ во моментов, би примале до 500 луѓе, ако се најдат способни, без никаква резерва. Платени се од прв ден, и тоа над просечна македонска плата. После многу краток период стигаат блиску до четирицифрена плата. На прсти се бројат луѓето што сме ги отпуштиле.

Дополнително, имам колеги и во сите други 200+ луѓе фирми на пазарот. Сите го зборат истото. Ти ми кажуваш за некакво поинакво искуство. Затоа ме интересираат бројки, колку често барате јуниори и колку ви се пријавуваат.
Зборувам и од мое лично искуство кога сум одел на интервјуа за практикант не толку одамна, не ми се верува да се намалил бројот на кандидати. Јас моментално фриленс работам, а претходно кај што бев, беше помала фирма и немаат толку многу огласи, а пак имаше 60ина, затоа ми е чудно кај вас да имате толку малку. Иначе јас работам Laravel, можно е иако не е толку популарно, да има повеќе кандидати.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Веројатно вие сте веројатно посериозна компанија, повеќето гледаат да искористат и помали фирми не ја шират квотата. Сепак од толку кандидати се наоѓа некој што одговара.

Овие со 0 поени, веројатно се 1/2 факс и мислат дека после секоја година треба да идат 1 месец на пракса, зашто така пишува на страната на Финки. Секоја година имаше некој што паничи дека немал пракса, па ќе му објасни некој дека може од еднаш 3 месеци.

Јас од искуство кажувам и мое и на колеги се утепавме од одење по интервјуа за неплатена или слабо платена пракса пред 2-3 години. Некои најдоа побрзо, ама не беше правило дека тие што знаат повеќе. Едно девојче што не знаеше магенто да инсталира одма најде, а луѓе што знаевме многу повеќе баравме цела година и више. Некогаш не знаат да го повикаат правилниот кандидат. Тестови во некои фирми по 2 саати сме решавале, и пишувај код на хартија.

За интервју во една фирма демек онлајн интервју 2 пати ме извисија, џабе чекав по 2 саати. На друго место во една помала фирма одам на интервју за фронт-енд практикант и ми вика „фрејмворк некој за јаваскрипт знаеш“, му кажувам vue.js, ми пишува и во CV-то, ама нема врска. После ми вика, Angular и React, си ги разгледал? Што повеќе ти се допаѓа? Разговараме тука и после некое време пак ми вика, требало фрејмворк да знам. Јас му викам пак, знам Vue.js, ама ако треба и друг ќе научам. Поставува други прашања и на крај ми вика „те гледам паметен си и имаш доста знаење ама не знаеш ни еден фрејмворк“. Јас и по трет пат му кажувам дека знам вју и дека не би ми било проблем да го научам фрејмворкот што тие го работат. Не знам ни што барав кај овие да аплицирам, ама од очај, ете. На трето место одам и техничко со двајца сениори, уште невлезен ме гледа едниот и прави фаца, превртува очи, после кога ме прашуваше другиот врти глава, гледа надоле, чека да пројде време, донел одлука веќе. Едно прашање ме праша он ради реда и тоа со пола уста, може по фаца не му се допаднав. На четврто место ми праќаат мејл дали е океј да ми пратат задача да решам и да го ставам решението на гит, им реков може и никад не ми стигна задачата. Слично искуство имаа и други колеги.

Кога сакав да сменам фирма, од лошо искуство не ми се идеше на интервју, кое за чудо беше полесно и поконкретно од овие за неплатена пракса. Да имаше стварно недостаток немаше вака да прават.
Колку фирми толку искуства. Не викам дека и ние секогаш сме ги избирале најдобрите кандидати. Некој можеби знаел да се продаде на интервју и сме го примиле. Некој/а на шарм. Некој можеби бил супер ама испаничил на интервју и кикснал, или му се погодил интервјуер кој си лечел фрустрации на него и не успеал да го оцени потенцијалот.
Ама тука ме испровоцира муабетот дека работа тешко се наоѓало кога јас знам колку па нас ни е тешко да најдеме добри џуниори.
И да не ми пишеше дечкото дека млатам празна слама ќе му помогнев и со материјали и прашања за интервју и насоки како подобро да се спреми зашто ќеиф ми е да помогнам на луѓе што бараат работа, ама среќа се покажа во вистинско светло па ми заштеди време. А тебе ако ти се наоѓаат добри џуниори, слободно прати ми пп.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.967
Поени од реакции
11.778

Ако ти ги правиш интервјуата да дојдам на интервју? :oops:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom