Добар ден да сите, веќе долго време имам проблем со некој израсток на двете нозе, конкретно тој е одма до малото прсте на ногата. Ако носам потесни обувки се воспалува местото и многу ме боли, не пријатно е, и големо црвенило се познава од воспалението. Се обратив кај доктор Ортопед, специјалист за оваа проблематика, ми рече и доколку ги оперирам можно било да ми повторат. Сакам да слушнам ваши мислења и совети, дали некој го има овој проблем, доколку има кажете ми како го решил и сл. Ве молам за помош. Еве ќе споедал и една слика, да видите за што точно се работи
... не може да имаш израсток баш на двете стапала кај истиот мал прст, тогаш тоа не ти е „израсток“ туку така ти се анатомски прстите т.е. поради неисправна структура на стапалото, типично рамни стапала кои се генетски наследени.
- дали имаш рамни стапала?
...рамните стапала (табани) предизвикуваат малите коски во малиот прст да се видоизменат, со што малиот прст се свртува навнатре кон другите прсти (можно ваква појава при повреда или стари занаетчии кројачи, седејќи со вкрстени нозе со што надворешниот раб на стапалото им се триело по земјата и така се добивало таква промена од таму иде и името „кројачки прст“, но кај тебе не е причина ни едното ни другото).
...кај тебе таква ти е структурата на стапалото генетски и тоа е тоа и секогаш кога ќе носиш тесни, шпицасти обувки доаѓа до големо триење, стегање на таа област со обувката со што настанува воспаление, црвенило поратено со силна болка, така да решавање на проблемот е да си носиш заоблени широки во преден дел на обувка и носење на помагало што ќе го штити тој дел од триење.
... оперативно може да се отстрани само болното меко ткиво на петтиот прст или поагресивено со сечење на коската за да се исправи, затоа не е лошо да направиш РТГ на стапалото за да се одреди степенот на зафатеност на зглобовите и малиот прст.
...да си набавиш вакви чорапи и ваква пластична подршка за оделување на прстите навечер кога ќе спиеш!
Smarter Shopping, Better Living! Aliexpress.com
www.aliexpress.com
... и ако видиш малку црвенило малку со мраз помини го местото неколку пати и оди бос дома, а надвор стави си некои патики кои се широки од напред.