Притисоци врз новинарите...

Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
По бројот на медиуми (300 публикации, 100тина електронски медиуми од кои дури 21 национална телевизија), лесно може да се заклучи дека Македонија е плурална земја. Но, само ако малку подлабоко ја разгледаме суштината на прашањето, ќе сфатиме дека новинарите се под постојана пресија и закани и не постои демократски плурализам по содржинска основа.
Кога веќе и претставници на државниот врв ќе почнат да судат и пресудуваат за новински написи (нарекувајќи одредени субјекти предавници, непријатели на државата), тогаш состојбата станува алармантна. Особено затоа што не носи никакво полезно општествено добро. Се обидува ли Власта да ја замолчи новинарската фела?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Се обидува ли Власта да ја замолчи новинарската фела?
Секоја власт се обидува да ги замолчи не само медиумите (т.е. да ги сврти во своја полза), туку и граѓаните, граѓанските иницијативи, институциите кои може да им ја расипат математиката...Типичен пример (покрај некои медиуми) е ССМ.
Тоа не е ништо невообичаено за сите држави, не само за нашата.

Од другата страна на медалот, новинарската професија си бара и доза на невистини или преувеличувања уфрлени во информациите кои ги пласираат во јавноста со...различна цел и позадина.
Се насе мислам дека стартот на медиумскиот плурализам во Македонија закажа, заглави во првите години по осамостојувањето (имаше примери и за маргинализацијата и лов на вештерки према Фокус и Дело во 90-тите), а сега е само наследник на тоа истото. Уосталом, ако само размислиме колку новинари се портпароли и ...овде ќе сопрам, ќе се воздржам од п. мада... :)

Затоа, притисоците врз новинарите се најверојатно во две насоки, од и кон постоечката власт...т.е. "ги злоупотребуваат", но и тие "злоупотребуваат".
Секако е најтешко (како и во другите дејности) за новинарите кои сакаат чесно да си го заработат лебот, некако ми делуваат како да се притиснати во сендвич. Тешко е за нив.
 
Член од
11 март 2009
Мислења
118
Поени од реакции
4
blog.mk прилично нецензурирани работи.

О, и да ќе заборавев не верувајте во се што ќе прочитате:smir:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Портпаролот на Секретаријатот за европски прашања, Златко Јанковски, бил „испровоциран“ од текстот „Македонскиот недостиг од толеранција“ на новинарите Слободанка Јовановска од „Утрински весник“ и Светлана Јовановска и Бранко Ѓорѓевски од „Дневник“, објавен на порталот http://waz.euobserver.com, за законот за недскриминација во кој не беа вклучени хомосексуалците. Во овој текст се пренесени рекациите од невладиниот сектор во земјава дека Македонија со тоа се покажува како нетолерантно општество кон таквите групи, но и дека визната либерализација за Македонија била условена со носење таков закон и дека Европа нема да го заборави тоа. Јанковски во порака испратена по електорнски пат до други државни службеници и негови пријатели ги нарекува тројцата новинари „непријатели на Македонија“.

„Почитувани, ова мора да го видите. Типичен пример како работат непријателите на Македонија. Прочитајте го текстот, кој изобилува со левичарска идеологија и кој зборува против државата. Сами си се оцрнуваме пред цела Европа. Ова е страшно. Ова покажува на што се' се подготвени и што се' ќе направат за да се вратат на власт! Инаку, не е првпат истите автори да пишуваат вакви текстови, замислете. До каде и колку треба да се уништи сопствената држава за свои лични цели и за целите на политичарите од транзицијата! Срамота!“, е пораката на Јанковски.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
xf91 даде еден линк. За ова што се има десено има доста расправи за написот, портпаролот...
На пример еве некои размислувања и реакции
http://volanskopje.blog.mk/2010/02/04/dali-drzhavnite-sluzhbenici-mozhe-da-imaat-politichki-stav/
http://volanskopje.blog.mk/2010/02/03/%E2%80%9Elustracijata%E2%80%9C-na-novinarite-prodolzhuva-%E2%80%9Eneprijateli-na-drzhavata%E2%80%9C/#comments

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6DA1FCAC469E384A859547190EEACBDE

Кој не го мрзи, нека чита. Ако постирам пасуси, ќе навлезам во пол. води, затоа ене ги погоре линковите
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Општо познато и непишано правило нажалост е дека новинарите се под постојан притисок,закани и што уште не знаејќи информации кои нормално не се во полза на Владата да излезат на виделина.А па доколку случајно излезат нели Владата ако ненавремено не се заканила на дотичниот новинар за нусефектите кои ќе произлезат од објавувањето на веста, тука има одма тужби,жалби,кодоши, тастери, контра држава работат и сл и сл...

Од друга страна па има и такви кои се добро врзани за Владата и ги пренесуваат нивните ставови, желби, мислења и на многу "субтилен" начин ги одбрануваат и застапуваат.
Исто лоша појава е што самите новинари се јадат меѓу себе токму ради тие насоки кои постојат и поделби.Работава за кој си за партизаните или за германците.

Сума сумарум -било и ќе биде.И се може на Владата да осудува постапки и ставови на новинарите кои не и одговараат.А на крај секогаш го јадат оние кои стварно работат чесно :toe:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
582
А некој ги прашал ли тие новинари колку пари зеле за да пишат против власта или опозицијата?
Да не пишуваат од љубов или патриотизам?:nesum:
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Општо познато е и дека некои телевизии и весници работат како што ќе им кажат од опозицијата:toe:за жал од што премногу сакаат да и наштетат на владата тие и наштетуваат на Македонија со нивните непромислени или пак добро промислени потези.
Едит-Ајсшутер тие на Геро новинари се? не сум знаел -.-
 
А

Ајсшутер

Гостин
А некој ги прашал ли тие новинари колку пари зеле за да пишат против власта или опозицијата?
Да не пишуваат од љубов или патриотизам?:nesum:
Потпис, кога новинарите ќе се свестат и нема да бидат пиунчиња на одредени политички партии тогаш ќе правиме муабет, ова посебно го зборувам за новинарите на Ѓеро.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Нормално е. Така било секоаш, така ќе биде засекоаш, нишо страшно.

Потпис, кога новинарите ќе се свестат и нема да бидат пиунчиња на одредени политички партии тогаш ќе правиме муабет, ова посебно го зборувам за новинарите на Ѓеро.
Да?
А за кого би работеле?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.817
Новинарството во земјава е спонзорирано, инструктирано и под (ин)директна контрола на политичките партии... што и не е најголемиот проблем, според мене. Најголемиот проблем е што ваквата констелација на работите заедно во комбинација со немањето на критериум на самите читатели воопшто не остава простор за функционирање на независни и објективни медиуми.

Ако има нешто во кое двете (политички) страни се согласуваат одлично, тоа е газењето на било каков обид за независно новинарство. Затоа што и на двете страни им одговара неинформиран народ.
Во ваквава состојба на државата едноставно не може да постои независно новинарство а најлошто е што тој факт нема да се смени со ниедна варијанта за смена на власта.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Не се мешам во темава, бидејќи Мими владее си ја знае струката и нема што да барам до тука.
Мими ја имаш мојата поддршка бидејќи си во тие води и терај си до крај.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Ај пак прашањето во чија насока треба да се одвива дискусијата:


Се обидува ли Власта да ја замолчи новинарската фела?
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Се обидува ли Власта да ја замолчи новинарската фела?
Да. Не само оваа конкретно, туку секоја власт се обидува да ги контролира медиумите со цел да си одржи рејтинг, да замачка очи и ред други работи.

Од друга страна, секое работно место носи тортури, притисоци и нервози... Усфари не, само новинарите во државава се распнати ко Исус на Голгота, спасиоци света, гласот на народот и поборници за подобро утре.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Ај пак прашањето во чија насока треба да се одвива дискусијата:


Се обидува ли Власта да ја замолчи новинарската фела?
Да, да, да, да.
Одговорот е ОЧИГЛЕДЕН и ЈАСЕН, затоа и сите го рипаат и пробуваат да ја водат во друга насока.

Ај сеа и од друга страна прашањето:

Се обидуваат ли новинарите да ја оцрнуваат Власта за секој можен потег?

Одговорот е: да, да, да, да.

Ај и од трета страна, да ги обединиме двете страни:

Новинарите пробуваат да го манипулираат народот со текст, владата пробува да го прави истото со тоа што ќе нема текст. Иста цел, исти подли намери, па нема што да ги жалиме едните или другите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom