Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Почекајте, кога ќе почне некој да скандира долу Груевски, сите што протестираат а се вмровци, ќе си заминат. Или кога ќе почне некоја сл. ситуација, некој ќе сфати дека не му е местото таму. И ако не знаете што барате, како може некој да ви ги удоволи барањата?
Што сакате да се смени?
--- надополнето: Jun 8, 2011 3:00 AM ---
И оние (демонстранти) без никаква репутација сакаат да си ја заштитат и таа. Никој не сака да ја подаде главата пред камери што е огромен хендикеп. Според најискрените очекувања и логичности тие луѓе да бидат млади мажи(ња) но кај нас стравот (поточно СРАМОТ) ја засенува машкоста. Ако има водач тоа ќе биде женско или неколку умни, совесни и итри девојки. Се надевам дека ме читате тие што се пронаоѓате во овие зборови. Без водство ништо нема да се смени. Ќе го осудат убиецот, ќе ги искараат “алфите“ и други настани ќе го заменат овој во рок од една недела.

Но не е се изгубено. Вака се кали челикот. Следниот пат правдата ќе биде поорганизирана и ќе знае точно кон што цели и како ќе стигне до таму. Јас не сум- и ние не треба да бидеме против ВМРО ниту против Груевски ниту против полицијата затоа што не се согласуваме со нивните начини. Сите овие се неизбежни компоненти од нашето секојдневие и се фактор поради недостатокот на подобра замена. Јас сум против неред, безвластие и произволна употреба на сила. Луѓето на власт имаат директно влијание врз овие поими. Затоа не сум против нив туку сум ... и треба сите да СМЕ...против нивната неволност или неспособност да им постават предизвик на овие егзистенционални прашања кои не засегаат сите нас.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.969

Добро бе луѓе до коа ќе глумиме децата на цвеќето на темава и ќе се праиме мутави. Овој протест баш треба да биде насочен против владеачката партија затоа што таа сноси огромна одговорност за тоа што се случуваше изминативе два три дена, не затоа што сакаме да ја помагаме опозицијата за да се добере до власт туку баш затоа што таа владеачка партија користеше нелегални методи, на страна што детето беше претепано од полициски службеник. И ова го кажува човек кој пред неколку дена гласаше за ВМРО ДПМНЕ и кој донесе таква одлука затоа што увиде дека некои настани, како на пример странски инвестиции, укажуваат на некакво подобрување на економската ситуација во земјава. Меѓутоа она што го направија претходниве два дена не може да го испере ништо. СРАМОТА, со вакви методи власт да се служеше во некоја друга земја до сеа ќе имаше тепачки по улици и ќе гореше буквално се.

Еве пак да предочам зошто треба да бараме одговорност од нив

1. Убиецот уште вечерта се пријавил (т.е му било наредено претпоставувам), никој не знае ништо за тие што му помагале да го одвлечкаат дечкото, утре дента излага Иво Котевски и вика поима неаме што се дешавало на некое дете му се слошило на плоштад ако имате некакви информации за насилство ве молиме пријавете
2. Излегува некаков извештај од полиција во кој се тврди дека немало никакви траги на насилство
3. Од ВМРО ДПМНЕ, одкако пукна целата работа, излагаат со соопштение дека осудуваат ваков настан и дека ќе биде направено се за да се фати сторителот иако сторителот веќе бил фатен и сам се пријавил, а според некои сознанија бил телохранител на премиерот и близок човек на Урко
4. Членови на ВМРО или на полицијата (не разбрав) одат кај таткото на детето да го молат да не дава изјави околу тоа кој им го убил синот, ова го изјавува мајката на убиениот. Сигурно бил уценуван со нешто или му било нудено нешто за да таткото одлучи да не излезе да збори пред камера, на снимката додека мајката плачеше и викаше се слушаше и неговиот глас како и вика да не кажува ништо.
5. Провладините медиуми на кои можеби можеше да им се прогледа низ прсти за вчерашниот молк поради немање информации, сега почнуваат да ја напаѓаат опозицијата како демек она стои зад сите овие протести и сака да заработи политички поени, го оцрнуваат семејството на детето демек се работело за дисфункционално семејство, а момчето имало богато криминално досие, иако тоа не е воопшто битно во целава работа. Со еден збор медиумите и власта станаа една машинерија која дејствува во еден здив се со цел за да избегнат што поголема одговорност, па се оди со напади на трети лица и партии кои немаат никаква врска со настанот.
6. Иво Котевски почна да дава некакви олеснителни околности дека се работело за убиство од небрежност, како може да се работи за небрежност кога на некој му ја лупаш главата од клупа ебате тоа изродот, па уште има образ да го брани.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781

Боречките вештини не се наменети за претепување некој до смрт, тие се древна духовна школа за разбирање на себеси другите и светот околу себе. Мајсторите учителите носат голема одговорност прво што се учи е витештвото, дури и во боксот имаме категории така да тој што е во повисока категорија треба да е свесен дека противникот негов не е во негова категорија.

Но не знам дали забележувате кај нас овде секогаш некоја исчукана глава се поставува во функција на обезбедување. Пијачка од 50 денари е причина, јас да бев на негово место би отишол и јас лично би ја платил таму, би го направил и тој тоа ама никој не го едуцирал како да се справи со ситуацијата така, туку го научил да биде лоботомиран насилник. Обезбедувањето значи безбедност, не е покажување на брутална сила.....
 
JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
jas kako sto razbrav od mvr se obidele da ja zataskaat rabotata malce ama sepak imalo svedoci koi go prijavile slucajot
 
SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Еве сега веќе се знае идентитетот на момчето Мартин Нешковски, А1 биле во посета на семејството мора барем некој протест да се организира инаку алфите ќе газат!

Стварно ова веќе на ништо не личи ептен нема смисла...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Претепувањето на Мартин е во најмала рака немил настан со капацитетда зачне сериозни последици кои едноставно МОРА да ја свртат работата на поарно. Мора да има реформи. Сепак, нема да дојде до ова ако гневната младина не преземе неколку неизбежни чекори затоа што кај нас СЕ е политизирано, така и овој случај. Ако не се разграничат некои основни моменти и ако не научиме како да го правиме тоа успешно вечно ќе цупкаме без да се смени ништо со години:

за протестот

1. да се издвојат неколку поединци кои ќе бидат лице на толпата и ќе ги застапуваат нејзините ставови. нема правила кои би биле тие луѓе. мора да се случи спонтано и да не се очекува поддршка од другари/маало/роднини. храбриот поединец мора да направи чекор напред и да се пронајде со уште неколку други врсници (не по години туку по интереси и убедувања) и да се преземе одговорност. кога толпата нема јадро многу лесно ќе се распушти откако ќе се угаснат страстите.

2. јадрото треба да поведе “демократизација“ на толпата, односно да воспостави комуникација со што повеќе поединци. комуникацијата е основна. мора да се најдат сите на исто стоиште за да нема импликации од некоординирани ставови;

3. да се направи кодекс кој ќе биде објавен нашироко и попреку кој ќе назначи која е целта на бунтувањето. МОРА да се подвлече дека се работи за општ народен собир во интерес на целиот народ. МОРА да се применат во пракса сите начини преку кои ќе се убеди критичната маса дека ова нема партиска позадина и дека во овој случај, луѓето кои симпатизираат одредена партија ја ставаат истата во заден план и даваат предност на општественото подобрување.

4. да се постави ЦЕЛ. какви резултати очекуваме од бунтот? мораат да бидат реалистични. многу е очигледно што недостасува т.е каде е курцшлузот. полицијата во македонија има потпросечно поведение и никаков, НИКАКОВ однос према народот. ова треба да се постави како точка околу која би се свртеле реформите. значи, мора да се артикулира причината зошто полицијата мора да биде реформирана и секако, да се наведат разни примери од незадоволството на граѓаните од страна на полицијата.

5. Ликови како Најческа, Фрчко и останати треба да бидат учтиво замолени да го напуштат терено поради што ОДМАГААТ на каузата. Овие издувани луѓе кои не се во допир со реалноста која ја живеат младите, се местат на чело на поворката за да бидат фатени на камера.

да не заборавиме- МНОЗИНАТА од македонските граѓани се партиски НЕОПРЕДЕЛЕНИ. Кога некој медиум за сопствени заврзлами упорно ќе му фрла партиска боја на настанот, толпата МОРА да се огласи макар и да отиде пред портите на тој медиум со транспаренти и да им каже колку е саат.
Се тоа убаво ама пред тастатура да се збори лесно е, сите се моќни. Дојдете на протести, така најмноќно ќе зборувате.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мене ми мрзи да куцам и вокабуларот ми е ограничен на 2500 збора затоа ќе се послужам со блогот на nasty за да го искажам мојот револт.

http://nasty-talk.blog.mk/2009/10/21/revolt/
Револт

Не ми е јасно како е возможно, во оваа наша рунтава касаба, секој вид на јавно демонстрирање на револт и отпор кон државниот поредок, по дифолт да биде ушљакан со политички или етнички обоени етикети, секогаш исполитизиран, инструментализиран, или фингиран. Па добро бе да му се сневиди, дозволено ли е некаде во нашава резерват-држава политичка и субјективна слобода, постојат ли воопшто самосвесни, рационални и интелигентни битиа кои поседуваат критички ум способен за самостојно размислување и генерирање на слободни и независни мисли(ова посебно важи за студентаријата)? Партиски инструментализираните медиумски гласила и некои индивидуални “елементарни непогоди” што не етикетираат, како вакви или онакви, со еден збор неподобни, всушност бараат од нас послушност, а послушноста сама по себе ја инхибира или сведува на минимум потребата да се мисли. А доколку јавното мислење се пригуши и народот престане да размислува со своја глава, нормално контролиран од државата преку стравот, и така се претвори во една лоботомирана марионета, безпоговорно препуштена на едноумието и безличната пропаганда за национален фанатизам, ширена од страна на забеганите ни, и до зла бога наакани властодршци, тогаш сосема изгледно е дека, тоталитаризмот, веќе ни влегол во предворјето.
И еве сеа ќе излезам надвор, и гневно ќе кажам на цел глас, дека сум напизден од сево ова деградирање на оштеството и теророт што се врши врз обичниот човек, да ти се плукнам у селендрата од водачи(студентски), алчност, примитивизам, профитерство, корупција, опортунизанм, тоа ви е единствената идеологија која ја познавате и единствената религија на која и се клањате, да ти ебам еродираните, неспособни, некомпетентни, и импотентни институции заглибени у изметот на бирократизмот, да ти се серам у политичко-мафијашко-олигархистичките групации, на кои крволочниот монетарно-капиталистички систем им дозволи до таа мера да се зајакнат и мутираат во неуништливи паразито-феудалци, што сега можат непречено да си уништуваат и потчинуваат се’ пред себе, во бескрупулозната борба за проширување на својот феуд и моќта.
И плус, планирам да си опнам една колоритна маичка. Од предната страна ќе го испринтан ликот на Anton LaVey, а на грбот Бранко онака озарен, а испод него со големи флуоресцентни букви ќе биде испишано СОРОС е ЦАР и I LOVE GREECE, на рамо може да си истетовирам некоја свастика. Крајно испомешани работи што немаат благе везе со моите лични убедувања и светогледи, али ете ќе им дадам повод, на безглавата патриотска малограѓанштина, да искине гласни жици дека ете таму некоја сдсмовско-комуњарско-гркоманскa и соросоидно-нарко-анархо-фашизоидно-сатанистичка секта се собрала и поганела против државата и безгрешните сили кои така деликатно се обидуват да го одржат патриотскиот еквилибриум во неа. За после на ТВ да дадат прилог како некоја девијатна будала, се глупирала низ градов, ширејќи социјално неприфатливи гадости, со слики и тетоважи на некои од најомразените ликови и појави во државата.
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
За тие што се чудеа кои се барањата.
http://www.facebook.com/event.php?eid=191714867542280&ref=ts
Денес се собравме можеби илјада луѓе! Мора да бидеме упорни и да останеме солидарни и единствени!

Правда за Мартин!
Распуштање на Алфите!
Стоп на полициската бруталност!

Сите во 18 часот пред Мајка Тереза.Share-увајте го ивентов, викајте луѓе, мора да сме масовни!

UPDATE: Оние кои останавме до крајот, собрани на местото на злочинот, собравме вкупно околу 2300 денари со кои утре ке се купат материјали: батерии за мегафонот, маркери, спрееви, хамери, платна... Ве молам утре сите поорганизирано, донесете гласни „гаџети“ и кој може да дојде малку порано - околу 17:00 - за да цртаме транспаренти и платна!

Плус се договоривме симболот на нашиот протест да биде сликата кој некој симболично ја нацртал на местото на злочинот, контурата на телото...
До сега се пријавени 2840 души дека ќе дојдат САМО на ФБ. Нормално, не е гаранција, ама барем 2000 ќе значи многу. Во секој случај, со оглед на брзината со која патуваат вестите, денес логично би било да има уште повеќе луѓе од вчера (сеуште има луѓе што не се информирани). Се гледаме таму!

А еве за по другиве градови:
Битола http://www.facebook.com/event.php?eid=222991617726036 249490_150753448329988_100001860023238_336639_1446983_n.jpg

Струмица http://www.facebook.com/event.php?eid=206921889345221

Кој знае повеќе нека пише.
 
Член од
21 мај 2011
Мислења
165
Поени од реакции
77
За тие што се чудеа кои се барањата.
http://www.facebook.com/event.php?eid=191714867542280&ref=ts

До сега се пријавени 2840 души дека ќе дојдат САМО на ФБ. Нормално, не е гаранција, ама барем 2000 ќе значи многу. Во секој случај, со оглед на брзината со која патуваат вестите, денес логично би било да има уште повеќе луѓе од вчера (сеуште има луѓе што не се информирани). Се гледаме таму!

А еве за по другиве градови:
Битола http://www.facebook.com/event.php?eid=222991617726036 Прегледај го приврзокот 31894

Струмица http://www.facebook.com/event.php?eid=206921889345221

Кој знае повеќе нека пише.
A za Prilep da ne ima nesto organizirano?Bi trebalo da ima i ako ima informirajte pa da dojdeme!
--- надополнето: Jun 8, 2011 6:36 AM ---
http://i52.tinypic.com/z1emp.jpg
 
aluminium

MSc
Член од
3 март 2011
Мислења
186
Поени од реакции
20
Проблемите се решаваат на тој начин. Кога оној што го прекршил законот ќе биде обвинет и ќе одговара. А токму тоа и е случајот нели?
Зошто неговата грешка да ја плаќаат сите полицајци?
Bidejki mu pomagale da go skrie teloto, kade e izvestajot od policijata koja viknala brza pomos na koj pisuva deka deckoto nema povredi? MVR proba da go skire nastanot i ubiecot ete go problemot
 
Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Фала богу барем некој ме разбира. Сите си ги поврзувате работите како ви одговара и трескате глупости.

И да во Барселона протестантите беа тепани непровоцирано, во Лондон иако сум бил не сум запознен со таа ситуација така да нема да шпекулирам за разлика од вас што сеуште живеете со мама и тато и не сте мрднале подалеку од маало.

Од мене толку, немам ни живци ни енергија со луѓе како вас, но со ваква филозофија на живот никогаш ништо нема да се смени.
Телиња едни, тие протестанти не протестирале за заштита на ОСНОВНОТО ЧОВЕКОВО ПРАВО..ПРАВОТО НА ЖИВОТ!
Никој не вели дека Груевски му рекол на полицацот да го убие дечкото, ниту Јанкуловска го сторила тоа ниту Иво Котевски.
Фактите се следни.
Убиство се случило на плоштадот.

Убиецот треба да одговара!

Без разлика дали е поврзан со власта или не е. Убиецот не треба да го штитат. Убиецот не треба да го ослободат, и да се правиме сите наудрени дека ништо не се случило. Ако дојдеме до тоа дереџе да чекаме ние сега убиецот да го судат па да го ослободат, како што рече Boobo's lover тогаш веќе ќе биде прекасно, сме ја изгубиле битката за правда.
Правдата нема да биде задоволена, судската одлука ќе биде донесена и готово, папала маца, нема што да протестираме понатаму, полицијата ќе земе уште поголем залет,

зашто како што рече еден член погоре, за најобично неносење појас во кола знаат да те малтретираат по цел саат, а тука зборуваме за убиство и инситуциите на системот пробуваат да го забошотат. Да разграничиме некој основни работи.

Одговорност за убиството не сносат институциите и власта, туку убиецот.

Власта е на потег. Доколку убиецот се помилува. Одговорноста комплетно ќе ја сноси власта и инситуциите на системот.

Како што реков, власта е на потег, тие треба да одлучат што сакаат, дали ќе го спроведуваат законот во државава, и ќе продолжиме сите да веруваме во системот, и да продоложиме со нашите животи., ИЛИ ќе го штитат убиецот и ќе го помилуваат, со што ризикуваат нус појава а тоа е комплетна анархија и безредие, кршење на законот од сите граѓани во државата и тоа сосема оправдано, вербата во системот ќе биде изгубена. А со тоа и системот ќе биде пред распаѓање.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
Добро бе луѓе до коа ќе глумиме децата на цвеќето на темава и ќе се праиме мутави. Овој протест баш треба да биде насочен против владеачката партија затоа што таа сноси огромна одговорност за тоа што се случуваше изминативе два три дена, не затоа што сакаме да ја помагаме опозицијата за да се добере до власт туку баш затоа што таа владеачка партија користеше нелегални методи, на страна што детето беше претепано од полициски службеник. И ова го кажува човек кој пред неколку дена гласаше за ВМРО ДПМНЕ и кој донесе таква одлука затоа што увиде дека некои настани, како на пример странски инвестиции, укажуваат на некакво подобрување на економската ситуација во земјава. Меѓутоа она што го направија претходниве два дена не може да го испере ништо. СРАМОТА, со вакви методи власт да се служеше во некоја друга земја до сеа ќе имаше тепачки по улици и ќе гореше буквално се.

Еве пак да предочам зошто треба да бараме одговорност од нив

1. Убиецот уште вечерта се пријавил (т.е му било наредено претпоставувам), никој не знае ништо за тие што му помагале да го одвлечкаат дечкото, утре дента излага Иво Котевски и вика поима неаме што се дешавало на некое дете му се слошило на плоштад ако имате некакви информации за насилство ве молиме пријавете
2. Излегува некаков извештај од полиција во кој се тврди дека немало никакви траги на насилство
3. Од ВМРО ДПМНЕ, одкако пукна целата работа, излагаат со соопштение дека осудуваат ваков настан и дека ќе биде направено се за да се фати сторителот иако сторителот веќе бил фатен и сам се пријавил, а според некои сознанија бил телохранител на премиерот и близок човек на Урко
4. Членови на ВМРО или на полицијата (не разбрав) одат кај таткото на детето да го молат да не дава изјави околу тоа кој им го убил синот, ова го изјавува мајката на убиениот. Сигурно бил уценуван со нешто или му било нудено нешто за да таткото одлучи да не излезе да збори пред камера, на снимката додека мајката плачеше и викаше се слушаше и неговиот глас како и вика да не кажува ништо.
5. Провладините медиуми на кои можеби можеше да им се прогледа низ прсти за вчерашниот молк поради немање информации, сега почнуваат да ја напаѓаат опозицијата како демек она стои зад сите овие протести и сака да заработи политички поени, го оцрнуваат семејството на детето демек се работело за дисфункционално семејство, а момчето имало богато криминално досие, иако тоа не е воопшто битно во целава работа. Со еден збор медиумите и власта станаа една машинерија која дејствува во еден здив се со цел за да избегнат што поголема одговорност, па се оди со напади на трети лица и партии кои немаат никаква врска со настанот.
6. Иво Котевски почна да дава некакви олеснителни околности дека се работело за убиство од небрежност, како може да се работи за небрежност кога на некој му ја лупаш главата од клупа ебате тоа изродот, па уште има образ да го брани.
не сакам да се претвори ова во подфорум политика, ама поради вакви изјави јас нема да се приклучам на таа толпа и тоа од две причини
1. додавање на политичка димензија ќе ги промаши целите за борба против полицијата и нејзината бруталност
2. медиумите што се толку многу независни во нашава напатена земја ќе ги излиферуваат сите информации и јас нејќам да бидам поддржувач на ваквите валкани политички игри

сочуство за семејството, затвор за убиецот, што поголема казна, проверка психичка на сите службени лица од надворешни компетентни луѓе, толку од мене
 
NaughtyByNature

Y Child
Член од
1 декември 2010
Мислења
423
Поени од реакции
427
не сакам да се претвори ова во подфорум политика, ама поради вакви изјави јас нема да се приклучам на таа толпа и тоа од две причини
1. додавање на политичка димензија ќе ги промаши целите за борба против полицијата и нејзината бруталност
2. медиумите што се толку многу независни во нашава напатена земја ќе ги излиферуваат сите информации и јас нејќам да бидам поддржувач на ваквите валкани политички игри

сочуство за семејството, затвор за убиецот, што поголема казна, проверка психичка на сите службени лица од надворешни компетентни луѓе, толку од мене
Ваквите изјави ги нема во толпата. Ваквите изјави ќе ги најдеш само по форуми, блогови, вести.. Ама кој ги е**. Баш ние, што ни' е преку глава од политика, треба да сме таму во што поголем број, за да спречиме било какви обиди да се исполитизираат протестите и да докажеме дека пред се' сме луѓе, а после се' друго.
Ова општо до сите: Да не се сфатиме погрешно, не ве убедувам, не ве осудувам (и мене ме мачат истите мисли), ја почитувам вашата одлука каква и да е, ама повеќе ќе ја почитувам ако се најдеме заедно на протест. Навистина мислам дека треба да сме таму. Размислете барем...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Претепувањето на Мартин е во најмала рака немил настан со капацитетда зачне сериозни последици кои едноставно МОРА да ја свртат работата на поарно. Мора да има реформи. Сепак, нема да дојде до ова ако гневната младина не преземе неколку неизбежни чекори затоа што кај нас СЕ е политизирано, така и овој случај. Ако не се разграничат некои основни моменти и ако не научиме како да го правиме тоа успешно вечно ќе цупкаме без да се смени ништо со години:

за протестот

1. да се издвојат неколку поединци кои ќе бидат лице на толпата и ќе ги застапуваат нејзините ставови. нема правила кои би биле тие луѓе. мора да се случи спонтано и да не се очекува поддршка од другари/маало/роднини. храбриот поединец мора да направи чекор напред и да се пронајде со уште неколку други врсници (не по години туку по интереси и убедувања) и да се преземе одговорност. кога толпата нема јадро многу лесно ќе се распушти откако ќе се угаснат страстите.

2. јадрото треба да поведе “демократизација“ на толпата, односно да воспостави комуникација со што повеќе поединци. комуникацијата е основна. мора да се најдат сите на исто стоиште за да нема импликации од некоординирани ставови;

3. да се направи кодекс кој ќе биде објавен нашироко и попреку кој ќе назначи која е целта на бунтувањето. МОРА да се подвлече дека се работи за општ народен собир во интерес на целиот народ. МОРА да се применат во пракса сите начини преку кои ќе се убеди критичната маса дека ова нема партиска позадина и дека во овој случај, луѓето кои симпатизираат одредена партија ја ставаат истата во заден план и даваат предност на општественото подобрување.

4. да се постави ЦЕЛ. какви резултати очекуваме од бунтот? мораат да бидат реалистични. многу е очигледно што недостасува т.е каде е курцшлузот. полицијата во македонија има потпросечно поведение и никаков, НИКАКОВ однос према народот. ова треба да се постави како точка околу која би се свртеле реформите. значи, мора да се артикулира причината зошто полицијата мора да биде реформирана и секако, да се наведат разни примери од незадоволството на граѓаните од страна на полицијата.

5. Ликови како Најческа, Фрчко и останати треба да бидат учтиво замолени да го напуштат терено поради што ОДМАГААТ на каузата. Овие издувани луѓе кои не се во допир со реалноста која ја живеат младите, се местат на чело на поворката за да бидат фатени на камера.

да не заборавиме- МНОЗИНАТА од македонските граѓани се партиски НЕОПРЕДЕЛЕНИ. Кога некој медиум за сопствени заврзлами упорно ќе му фрла партиска боја на настанот, толпата МОРА да се огласи макар и да отиде пред портите на тој медиум со транспаренти и да им каже колку е саат.
Со други зборови, да се стави толпата под контрола и да игра како што друг ќе свири.

Протестот (оној првиот, вечерта) беше спонтан и одраз на револтот кон нешто што не смее да се случи во една слободна држава, а се случи. Нормално, сега сите се вмешаа во филмот и работата добива секакви примеси. Оставете ги луѓето да си протестираат на раат, тие само ја изразуваат загриженоста дека овој акт би можел да се повтори, ако нема решително и брзо расветлување на случајот и санкции. Не зборувам само за убиството туку и за мистеријата која владееше скоро 24 часа. Штом се расчисти се, ќе стивнат и протестите.

Бубу и нејзиното куче сеуште ќе бараат да им се достави „програма за протест“ за да излезе :)
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Сочуство до семејството.

Психо тестови се прават на вработените во МВР на хартија.
Но има еден друг момент МОЌТА што ја имаат и чуствуваат луѓето кои се на власт или блиски до власта.( се однесува за секој кој дошол да владее без разлика на која политичка партија припаѓа).

" Постојат три големи страсти. Алхохол, коцка и власт. Од првите две луѓето можат да се излечат, од третата никако.Власта е најтешкиот порок.Поради неа се убива, поради неа се гине,поради неа се губи човечкиот лик. Недоволна е, како магичен камен е, затоа што носи моќ. Таа е духот од Аладиновата ламба кој му служи на секоја будала што ја држи. Одвоени не представуваат ништо, но заедно се коб на овој свет. Чесна и мудра власт нема затоа што желбата за моќ е безгранична.Човекот на власт го поттикнуваат кукавици, го бодрат ласкавци, го поддржуваат лупежи и неговата представа за себе е секогаш најубава одколку вистината......"

"Без леб народот може да остане, но без власт неможе."

Во овој цитат без многу да објаснувам ќе сватите зошто тоа дете завчера го изгуби својот живот.
Да претепаш некого до смрт треба да си опиен од моќта што власта ти ја дала. (да си без мозок).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom