Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
765
Мое согледување во 3 реченици:

1. Дечкото е ВМРО - вец.
2. Татко му е главна фаца од партијата кај мене во маало.
3. Му дале пари од партија му рекле „Ќути, ако не ќе ти го снема и второто дете“.

Така мене ми иде логиката.
Така работи оваа банда криминална.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.878
Поени од реакции
4.384
Јас би сакала да го дочека исходот од обвинението кон момчето, и ако овој полицаец случајно добие казна за ,,убиство од небрежност,, тек тогаш ќе излезам и ќе протестирам и ќе палам и ќе кршам. Ама сега? Не гледам причина да протестирам, ниту мирно.
Јас напротив гледам, вреди да се протестира затоа што државните институции се обидоа да го прекријат случајот.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.265
Поени од реакции
8.231
Мое согледување во 3 реченици:

1. Дечкото е ВМРО - вец.
2. Татко му е главна фаца од партијата кај мене во маало.
3. Му дале пари од партија му рекле „Ќути, ако не ќе ти го снема и второто дете“.

Така мене ми иде логиката.
Така работи оваа банда криминална.
Е ако третото е стварно така, ондак... Незнам.
Лошо. Многу лошо.
Загрижувачко.
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
15
Поени од реакции
9
Барселона, интервенција врз група која е решена да протестира ненасилно (гледав повеќе видеа, ги сотреа од ќотек).
Чисто како потврда дека не сме саде ние, не сме саде тука.​
Јас сум моментално во Барселона и верувај ми незнаеш што зборуваш бидејќи ситуацијата во Скопје и Барселона воопшто неможат да се споредат, буквално мешаш баби и жаби. Каталонците се светлосни години пред нас, имаат сосема поинаква филозофија на живот и имаат многу, многу ... многу поразлична ситуација од нас. Така те молам остани на темата.
Disclaimer, пред да ме забодеш со нож во око, се разбира дека не го оправдувам полициското насилство.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.218
Ditto!
Се разбира дека неможеме без полиција, полицијата е сервис на градот и да ИМА многу професионални ПОЛИЦАЈЦИ но досега, заклучувајќи од мојте искуства нема професионални АЛФИ.
Пак го кажувам истото за да прочиташ бидејќи има премногу постови и е тешко да се следат сите.
Погледни колку ПОЛИЦИЈА, не АЛФИ има низ градот, мислам дека тие се повеќе од доволно да го чуваат јавниот ред и мир.
Мое мислење и став е дека воопшто нема потреба од таа "специјална" единица, треба способните и професионални Алфи што си ја сакаат работата и работат морално и етички (иако мислам дека не постојат, можеби грешам) да станат инспектори или нешто слично во рамките на веќе постоечките органи за чување на јавен ред и мир.
Ете така. Се согласувам со тебе. Нас ни треба прочистување, не само во полиција, во сите државни сектори. Зошто повеќето тука ја оцрнуваат целата полиција, што не е фер. Алфите, како алфи, се ок, само да се отпуштат говедата што мислат дека го фатиле бог за муда зошто се алфи. Да си останат оние, кои знаат што им е работа. Иако е убиецот тигар, ете за алфите зборуваме, веројатно како сродна специјална единица. Сите тие треба да се прочистат убаво, и тие кои повеќе немаат соодветна функција, да се распуштат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.671
Поени од реакции
8.277
Јас сум моментално во Барселона и верувај ми незнаеш што зборуваш бидејќи ситуацијата во Скопје и Барселона воопшто неможат да се споредат, буквално мешаш баби и жаби. Каталонците се светлосни години пред нас, имаат сосема поинаква филозофија на живот и имаат многу, многу ... многу поразлична ситуација од нас. Така те молам остани на темата.
Disclaimer, пред да ме забодеш со нож во око, се разбира дека не го оправдувам полициското насилство.
И што мешаш баби и жаби сега..или да се пофалиш дека си во Барселона..Тепањето си е тепање и таму и тука... За Каталонците нормално ли е да бидат тепани од полиција кога излегуваат на протести,макар и мирни биле ?
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
26.543
Поени од реакции
48.169
Јас сум моментално во Барселона и верувај ми незнаеш што зборуваш бидејќи ситуацијата во Скопје и Барселона воопшто неможат да се споредат, буквално мешаш баби и жаби. Каталонците се светлосни години пред нас, имаат сосема поинаква филозофија на живот и имаат многу, многу ... многу поразлична ситуација од нас. Така те молам остани на темата.
Disclaimer, пред да ме забодеш со нож во око, се разбира дека не го оправдувам полициското насилство.
Јас не реков ништо освен дека видов повеќе видеа во кои дечкиве претрпеа многу ќотек иако протестираа ненасилно. Сакаш да кажеш дека не се случи тоа или што?

За среќа сум излегол од вилаетов наш па сум бил и до Барселона, иако рака на срце одамна. Знам дека е светлосни години пред нас нема споредба.

Поентата е дека не сме ни прва ни последна држава во која се случува полициска бруталност, покрај овој случај неодамна беше и протестот на студентите во Лондон кои полицијата ги акаше од земја.

За мене тоа е аналогно на луѓево кои сега излегуваат на протест, да изедат тон ќотек.

А ти што не сум во право слободно појасни ми, тука сум читам.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.878
Поени од реакции
4.384
абе какви алфи какви тигри пречистувања и други глупости, јасно вие дека институцииве пробаа да го прекријан настанот, тука не треба пречистување тука треба истрага и казнување на сите вмешани од тој што го уби преко тие што го влечеле до мепсо па до министерот зашто се обиде да се излаже јавноста и да се прикрие случајот!!!!
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.296
Поени од реакции
5.968
Јас ги разбирам лицата што излегле на протест(и тие што го поддржуваат) , и доколку сум во можност и јас би излегол поради јасни причини -прво не е тука полицијата да одзема животи(добро ево поединецот),па не е тука да го прикрива трупот ,и не е тука да го заташкува случајот и ако некој шири дезинформации полицијата треба да е последна на листата. Веројатноста дека ова би се повторило е на високо ниво .

Ама кај вас останатите неможам да ја пронајдам логиката во вашите мислења .

а ти цитро пробај да гледаш на светот и да го делиш на луѓе и не луѓе а не на портокалови ,сини и останати бои .
И да имало претставници на партии на протестот пред се и тие се луѓе а потоа се членови на која било партија.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.218
абе какви алфи какви тигри пречистувања и други глупости, јасно вие дека институцииве пробаа да го прекријан настанот, тука не треба пречистување тука треба истрага и казнување на сите вмешани од тој што го уби преко тие што го влечеле до мепсо па до министерот зашто се обиде да се излаже јавноста и да се прикрие случајот!!!!
Обично министрите не се запознаваат веднаш со сите случаеви. Мислам дека тоа го знаеш. Затоа исказите на било кој министер во дадена ситуација каснат или се нереални, зошто ние самите често пати повеќе знаеме од нив за одредена ситуација. А јас кажав повеќе пати, сите негови колеги, кои го виделе настанот и помогнале на било каков начин, макар со прикривање, ги прави соучесници и треба да подлежат на иста казна како него.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
27.331
Поени од реакции
32.201
1.Јас само имам разбирање дека оваа земја е долго долго време држена во заложништво, и тој што е на власт прави обиди тоа да се промени, а кој работи тој и греши. Грешка можеби е формирањето на ваква единица, и уште поголема грешка што било кој добил работа таму.

Но, познавам и добри полицајци, посветени на работата, познавам полицајци кои умреа за ти мирно да спиеш, познавам полицајци кои секојдневно си го ризикуваат животот за да се расправаат со секакви криминалци.

Затоа не можам да ја обвинам целата полиција, и не можам да ја осудам целата полиција.
1. Бре, ако сакаш некој да ти реплицира за првиот дел од оваа реченица ќе удриме на нешто кое на форумов е строго забрането но ќе ти реплицирам односно ќе се повторам со тоа што го кажав во неколку наврати на темава, ако обид за промена е прикривање на убиство тогаш Не фала, таква промена на ова општество не му е потребна ...

2. Јас не генерализирам, имам големо почитување за таа професија, огромно, но кога лично знам какви Се луѓе вработуваат зар за истото треба да дадам зелено светло, зар за сите нивни апсурдни пропусти ја треба да седам со скрстени раце ко тебе и да оставам простор за грешки, па токму таквото оставање на простор го уби Мартин ...
Па баш поради таквиот начин на функционирање, вработување на Се и Сешто, од автомеханичари до насилници се случуваат вакви работи.

Јас лично не барам да се расформираат одредени структури од Министерството за Внатрешни Работи, барам истото да има кадар СПОСОБЕН да си ја врши својата работа на најдобар можен начин, зашто наместо таа институција да создаде сигурност за обичниот граѓанин, поради нивната неспособност, создава страв и несигурност.
Пишав апла поназад, познавам човек кој работеше како автомеханичар, кој за време на војната 2001 се криеше позади тросед и со недели ја одбегнуваше регрутацијата која конечно го снајде, присилно, истиот тој човек најде врски само за да не ја брани сопствената држава од агресорот и работеше ко чувар на државен функционер, ја чуваше неговата куќа, истиот тој човек подоцна го вработија со врски во МВР и од што немаа каде веќе да го префрлаат, го ставија во Алфи ...
Кажи ми, како јас да верувам дека карактеристика за таа единица е строга професионалност, кажи ми како со оваа постапка они мене ме убедуваат дека се кадарни да ја вршат нивната должност, и тоа пази, должност со која под дифолт доаѓа еден тон одговорност.

Тоа за кое јас протестирам се ПРОМЕНИ, да прекине полициската бруталност, да се направат коренити промени во министерство каде простор за ризик со кадар НЕ СМЕЕ ДА ИМА, зар Ти не сваќаш каква одговорност сноси оваа институција ?! Протестирам за да оној бркон повеќе не го гледам на чело на институција кај која помина самоубиство во Кофа со вода, кај која помина нерасветлено убиство за дечкото што се удави во Вардар по интервенцијата на Алфите, кај која помина прикривање на убиство на 22 годишно дете во центарот на градот, кај која поминуваат разноразните притисоци врз навивачките групи кои се третирано ко кучињата во Вардариште од шинтерите и тн и тн ... и тн.
Протестирам оваа слика од страна на МВР која егзистира со декади ( значи во сите владеачки гарнитури ) конечно да биде променета, протестирам за да ова не се заборави, за да ова не биде стандард '' секое чудо за 3 дена '', протестирам и ЌЕ ПРОТЕСТИРАМ за да по месец дена, пола година, година, 2 години повторно нема собир со ист повод.

И пак ќе ти повторам, нема ништо против полицијата за која тврдам дека е убер значаен сегмент во секое општество, но сум категорично против начинот на кој истата функционира со години во оваа земја, ова само дополнително ја прелеа чашата.
 
Сепак, добро да ми ги прочиташе постовите, мислам дека ќе сфатеше дека зборуваме за едно исто. И јас сум против тоа насилство, но нема да излезам на протест зошто е протест против целата полиција, а јас не протестирам против целата полиција. Би лажела, доколку би дошла. Веќе повеќе пати кажав дека треба да се реформира полицијата, и да се вработат кадри асални, итн.... Без везе е сега да повторувам. Ќе видиш дека се согласуваме, само ѕирни малку поназад.
Ако не се мавам во гради и не колнам се живо и диво, не значи дека оправдувам нешто. Јас три пати мерам, еднаш сечам, за се во животот, и моментално протестите според мое мислење се инстиктивни и со голема доза на емотивно, а не рационално доживување, со преголема доза на омраза кон владејачката партија, со преголема доза на политика, и со преголема доза на омраза кон полицијата, која јас ја почитувам.
Нема да одговорам на број 1. Зошто тука не е место.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
4.878
Поени од реакции
4.384
Обично министрите не се запознаваат веднаш со сите случаеви. Мислам дека тоа го знаеш. Затоа исказите на било кој министер во дадена ситуација каснат или се нереални, зошто ние самите често пати повеќе знаеме од нив за одредена ситуација. А јас кажав повеќе пати, сите негови колеги, кои го виделе настанот и помогнале на било каков начин, макар со прикривање, ги прави соучесници и треба да подлежат на иста казна како него.
А незнам ти дали си запознаена дека во организирани држави ако се случи вакво нешто министрите поднесуваат сами оставка од морални и етички причини, и министерот да работел како што треба и да имал контрола над МВР и да знаел кој се вработува и кои се критериумите за вработување во МВР, сега нема да имаме стока во МВР и нема да го имаме овој немил настан и ти нема да бараш прочистување на алфи и тигри.
 
Член од
28 октомври 2008
Мислења
15
Поени од реакции
9
И што мешаш баби и жаби сега..или да се пофалиш дека си во Барселона..Тепањето си е тепање и таму и тука... За Каталонците нормално ли е да бидат тепани од полиција кога излегуваат на протести,макар и мирни биле ?
Тука (во Барселона) се протестира со отварање шатори, закачување пароли на плоштадот и собирање потписи за подршка. Сосема мирно и цивилизирано и нивните протести траат со месеци. Додека ние ке се собереме 2 - 3 часа ке се дереме како орангунтани низ цел град, ке сопреме сообраќај и ке си одиме дома. Полицијата ги тепа каталонците бидејќи нивните протести постигнуваат нешто, менуваат закони па дури и влади, е затоа јадат ќутек, а не зашто некоја си специјална единица таму рандом тепа население.
Е затоа мешаш баби и жаби, прошетај малце низ светот па потоа споредувај ситуации со нас..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom