Vanlok не ти го разбрав прашањето, мислиш дали компаниите ќе имаат споствен превоз?
Се шегував, се разбира.
Иначе не си ја разбрал работата. Ситуациијата од линканата колумна не е никаква иницијатива за комерцијална експлоатација. Се работи за најава на иден политички конфликт помеѓу САД и новиот играч, Кина. Русија не прави многу повеќе од молзење на вселенската крава наследена од СССР, па нејзе не ја ни спомнувам.
Ништо ново, Кина своите амбиции јавно ги покажува уште од претходната деценија. Но интересниот момент во колумната, кој воедно е и нов момент (барем за мене), е приватниот аспект на целата ситуација.
Типацот што го дава интервјуто, Роберт Бигалоу е сопственик Бигалоу Аероспејс. Еве ти линк за неговата компанија, ако те интересира да прочиташ со што се бави:
http://en.wikipedia.org/wiki/Bigelow_Aerospace
Значи како што реков, нов момент во целата ситуација е приватњачкиот момент. Бигалоу вели дека демек се плаши дека Кина со активностите (планира слетување на Месечината за десетина години) сака да ја „узурпира„ Месечината и дека Месечината не треба да биде сопственост на нации туку на поединци кои тоа можат комерцијално да го искористат. Во еден дел на интервјуто вели нешто во стилот „Кој ќе ја спречи Кина да го направи тоа, ако никој од САД нема таму„.
Но тоа што всушност Бигалоу го кажува, е дека
кој ќе ме спречи мене, ако тој лично може и почне комерцијално да ја користи Месечината...
Се разбира, за сега се е само на зборување, далеку сме од комерцијално исплатлива експлоатација на ресурсите од Месечината. Така ќе биде се додека не се исцрпат ресурсите од Земјата, или не се најде нов непознат ресурс на Месечинита (или понатаму некаде).