Претседателски избори во Америка (2016): Трамп vs. Клинтон

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.312
Поени од реакции
16.816
Кловн три години им е Претседател, они импичмент ќе му праеле.
Хахахаха.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
6.588
Поени од реакции
4.413
То е то, сељачки, но брутално вистинито.


Трамп тарифа за рекетарење богати држави

Трамп тргна да објаснува колку е добар во дипломатија, за до крај на реченицата да признае дека всушност рекетарски ги продава американските војници како заштита низ свет.

„Саудиска Арабија плаќа за нашите сили. Имаме многу добар однос со Саудиска Арабија.
Им реков, слушај, вие сте многу богата земја. Сакате уште војска? Ќе ви ги пратам, ама ќе мора да ни платите.
И тие ни плаќаат. Веќе имаат ставено 1 милијарда долари во банка,“ изјави Трамп во интервјуто за Фокс њуз.
Освен дека дале пари, не е јасно, ниту пак Трамп појасни, со каква „дознака“ биле уплатени 1 милијарда долари. Инаку, по нападите на објектите на Арамко од 14 септември, САД има испратено околу 3.000 војници во Саудиска Арабија, а бројката најверојатно ќе се зголеми по атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Во интервјуто Трамп објасни дека ист договор имаат со Јужна Кореја, со таа разлика што тие имаат субвенционирана тарифа од 500 милиони долари за десетици илјади американски војници.

Трамп во неколку реченици успеа да ги разбие и сите хуманитарни илузии околу американското присуство во Сирија, изјавувајќи:
„Велат дека сум оставил војници во Сирија. Знаеш што направив? Оставив војници за да ја земат нафтата. Ја земав нафтата. Единствените војници што ги имам таму ја земаат нафтата. Тие ја заштитуваат нафтата. Јас ја преземав нафтата.“
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
6.588
Поени од реакции
4.413
Ко ќе завршат САД и Кина со договриве, прв, втор, трет дел :D на ред е ЕУ.

Кина и САД, ќе ги распарчат, маме ќе му ебат, ако не се држат цврсто.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.363
Поени од реакции
25.947
Демократите му го подаваат на волеј вториот мандат на Трамп, со глупиот импичмент кој нема никаква употребна вредност оти се знаеше од старт како ќе заврши, а пред се со глупоста и срамот што го направија во Ајова синоќа, не штедат средства и методи, целиот естаблишмент е повеќе посветен на борбата против Берни отколку против Трамп. Откако им се посра буквално Бајден, сега квичат бараат кандидат некој од бедниците Бутиџеџ или Блумберг, местат избори, водат невидена црна пропаганда.

Ќе им се врати ова скапо, ако не сега, за 2-4 години сигурно.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.363
Поени од реакции
25.947
Што направија?
У кратки црти, не ги објавија резултатите од внатрепартиското гласање во Ајова, поради некакви „технички проблеми“. Пит Бутиџеџ се прогласи за победник со резултати од негови извори, а после и Берни објави дека според неговиот штаб тој водел.

Капак на се, не знам колку е стварно потврдено, луѓето што биле одговорни за апликацијата за броење сите до еден биле хиларисти и активно работеле во нејзината кампања.

Тоа само се надоврзува на ненормалната црна кампања што се истури врз Берни одма откако изби на прво место на многу анкети, пред се од Хилари и целиот естаблишмент на Демократската партија.

Циркус кој пак ќе кажам, му остава бришан простор на Трамп, кој со право денес ги утепа од заебавање демократите.

https://off.net.mk/vesti/svet/demokratite-si-pukaa-vo-noga-na-sopstvenite-izbori
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.984
Поени од реакции
5.669
Му го даваат на волеј вториот мандат на Трамп со самото нивно постоење. Со членство педери, чудаци, травестити, борци за секакви можни права и кандидати како Ворен, Бајден и Берни.
Бета луѓе, безкичмењаци што нема шанса да застанат на чело на империја како што е Америка со нивните социјални сфаќања. Сакаат Америка да ја направат социјална држава, малцинствата да живеат на грбот на тие што плаќаат данок. Нешто што го нема во ДНК-та на секој Американец.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
12.363
Поени од реакции
25.947
Му го даваат на волеј вториот мандат на Трамп со самото нивно постоење. Со членство педери, чудаци, травестити, борци за секакви можни права и кандидати како Ворен, Бајден и Берни.
Бета луѓе, безкичмењаци што нема шанса да застанат на чело на империја како што е Америка со нивните социјални сфаќања. Сакаат Америка да ја направат социјална држава, малцинствата да живеат на грбот на тие што плаќаат данок. Нешто што го нема во ДНК-та на секој Американец.
Стварно, како смее Америка да заличи малку на Канада, Британија или скандинавските земји.

А тој алфа мажјакот што ги води сега, тој што татичко му даде 2-3 милиони да почне бизнис, тој херојот што сите можни оправданија ги смислил да избегне служење во Виетнам- cadet bone spurs, тој што се пали на најмало пецнување и после како улав 24 саата ќе твита без престан се што ќе му дојде на умот.

Алфа у пичку матер.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
6.211
Поени од реакции
16.953
Каков meltdown им се случи во Ајова....

Плус и пропаднатиот импичмент. Не само што нема да успее туку има шанса неколку демократски сенатори од прорепубликански држави да гласаат за ослободување на Трамп од обвиненијата, факт што ќе биде голема победа за портокаловиот.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
3.383
Поени од реакции
4.792
Секако на естаблишментот повеќе му одговара трамп од берни, така што очекувано. Ако не успеат да го украдат берни, нема да ме чуди да има и трет кандидат. После колапсов на бајден, не гледам кој може да му биде противкандидат на берни.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
11.584
Поени од реакции
14.919
На крај Хилари ќе се истопори пак во недостаток на подобра алтернатива, а недостатокот е зошто сектата нејзина ги минира сите , мада кај налудничави профили како таа Ворен на пример и нема што да се мешетари, таму сама си се работи работата
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
6.588
Поени од реакции
4.413
На крај Хилари ќе се истопори пак во недостаток на подобра алтернатива, а недостатокот е зошто сектата нејзина ги минира сите , мада кај налудничави профили како таа Ворен на пример и нема што да се мешетари, таму сама си се работи работата
Републиканската партија појде у курац со Трамп, сега се само култ на Трамп, сега е очигледно распаѓањето на Демократската партија.

Ајде белки ќе се ослободат од култот на Хилари.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
180
Поени од реакции
223
Дај бре не бидете патетични како деца од 15 години демек го краделе Берни. Изгледа стварно не ви е јасно како и пред 4 години, така и сега кој гласа во оваа фаза. Значи, на овие внатрепартиски избори гласаат единствено регистрираните членови и приврзаници на ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА. Бидејќи САД се земја со силен двопартиски систем оваа партија ја сочинуваат разни профили на приврзаници, од конзервативно-умерени гласачи на југот кои повеќе од век ипол си гласаат за Демократите, преку прогресивци, либерални привразници, се' до денес некои ултра забегани психо ликови од типот на Александриа Оказио Кортез, Илхан Омар и сл. Така што соочете се дека и Републиканската, а посебно пак Демократската партија не се хомогени партии и дека нормално е со дури 11 кандидати да има разноликост во гласовите. Друга приказна е што овој пат Берни и не е меѓу најквалитетните кандидати, иако овој пат мислам дека има најголеми шанси за номинација.

И еве кога сме кај резултатите (пред малку објавија 62% пребројани), како што сугерираа претходно анкетите Берни и Пит водат, со тоа што Пит изгледа испаднал попаметен и водел кампања низ цела Ајова па така најверојатно ќе добие повеќе делегати, додека Берни води во popular votes.

Убедливо најдобар од кандидативе IMO (иако речиси и да нема никакви шанси за номинација) е Ендру Јенг. Просто сум воодушевен од тој човек и неговите погледи, интелигенција и идеи. Сите покрај него изгледаат смешно. Се надевам барем оној кој ќе ја добие номинацијата да го стави за кандидат за потпретседател. Буквално човекот може да привлече најразлична маса од радикални прогесивци, либерали, преку независни гласачи, па се' до умерени конзервативци. Да имаше барем минимална политичка заднина како Обама (кој влезе како анонимус, а сепак избран сенатор претходно неколку години) и те како повторно ќе успееше да ја формира истата коалиција, со тоа што квалитетите на Јенг се неспоредливи со од оние на Обама.

некој од бедниците Бутиџеџ или Блумберг
Чекај сериозен си за Блумберг? Него го сметам меѓу подобрите кандидати, а според многу анкети и меѓу ретките кои има некаква шанса за победа против портокаловиот. Можеби и кандидат со најголема харизма и најиздржани идеи, а единствено он, Јенг и Стајер сами си ја финансираат кампањата и не се "циганчат" за донации (се шалам секако, немам ништо против донации за кампања).

Берни и Ворен. Искрено не очекував дека и двајцата ќе објават кандидатура за избориве. Мислев дека само еден он нив двајца ќе објави кандидатура а другиот ќе го подржи. Пред 4-5години Берни влезе како замена за Ворен бидејќи овој упорно ја убедувал да се кандидира, а она упорно одбивала. Сега ете ги и двајцата. Пред 4 години силно го подржував против Хилари, ама годинава и он а и Вореница почнуваат малку да забегуваат, дали поради нивната старост или под притисок на подржувачката база која ја имаат, особено онаа на Берни која е о-д-в-р-а-т-н-а. Имено пред 4 години Берни ветуваше дека ако стане претседател и ако добие мнозинство во двата дома ќе овозможи бесплатна здравствена заштита за секој граѓанин без разлика дали се или не во работен однос како што е моментално поставен системот таму. Ама сега заедно со Ворен предлагаат една легислатива популарно наречена "Medicare for All", каде што сите што се моментално осигурани преку нивниот работодавач ќе треба да го напуштат приватното осигурување, затоа што пазете ПРИВАТНОТО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ САКААТ ЦЕЛОСНО ДА ГО УКИНАТ :eek: и да го заменат со основање на државен фонд за здравствено осигурување. Па барем да се угледаат на германскиот модел, каде иако 90 посто од населението се осигурани преку државен фонд, оние подоходовните и студентите имаат можност да изберат приватно осигурување. Или холандскиот модел каде целото население задолжително е осигурано преку приватни осигурителни компании, додека оние кои не се во можност државата им го субвенционира осигурувањето. Најлошо е што не се загрижени за последиците од таквата потенцијална трансформација. Ај што ќе пропаднат огромен дел од тие осигурителни компании, туку истите тие издржуваат голем број на мали и средни градови (како Де Мојн на пример) и огромен број луѓе ќе останат без работа, на што Берни им одговара мртов ладен "Па ќе си најдат нова работа".:facepalm: Ај што и да бидат избрани за претседатели тешко и дека ќе успеат да ја протнат реформата низ двата дома, дури и во случај да имаат мнозинство во двата дома (а шансите се минимални за таков резултат) прочитав негде дека за таа реформа во горниот дом им треба огромно мнозинство од дури 60 сенатори. Нека го послушаат убаво маестро Јенг по тоа прашање. Исто да го послушаат и за укинувањето на школарините на државните универзитети. Постоечкиот студентски долг и не е лошо да го укинат, ама наместо форсирање факлултет по секоја цена (во времето на Берни и Ворен било многу евтино и замисли носталгично се сеќавале на тие убави времиња па сакале истото да го вратат:vrtioci:), нека инвестираат во вокациско образование како Германците.

А што се однесува за Берни, ако ја добие номинацијата, наместо да ги влечка по митинзи глупачине Оказио Кортез и Илхан Омар (за кои сеуште не ми се верува со кој памет луѓево гласале за такви ненормални суштества), кога веќе најверојатно ќе добие подршка од Џо Роган, многу подобро е него да го влечка по митинзи, со него единствено може да привлече гласачи кои би ги привлекол Јенг и порано Обама. Да не зборам пак колку се ежам кога ќе прочитам дека Берни добива поддршка од најодвратните, најмизерните и најкорумпираните политичари во светот од типот на диктаторите Мадуро, Ортега или пак азилантов другарчето на Грујо - гревчето Ево Моралес (сеуште не ми се верува на колку глуп и смешен начин се обиде да ги фалсификува изборите, каде што не ни имаше право според боливискиот Устав да се кандидира:pos:).

Останатите кандидати се без везе, а најиритантен е дефинитивно нехаризматичниот робот Пит.

Со членство педери, чудаци, травестити, борци за секакви можни права и кандидати како Ворен, Бајден и Берни. Сакаат Америка да ја направат социјална држава, малцинствата да живеат на грбот на тие што плаќаат данок.
Џизс Крајст, па дали човече знаеш што напиша побогу?!:eek::popce::popce::popce: А овие другиве не плаќаат данок и не придонесуваат за нивниот GDP?! Сакале да ја направат социјална држава, wow како секоја нормална држава во светот, како што донекаде е и САД моментално. Можеби коментарот ти е и сарказам, не знам.
 
На врв Bottom